Сент Хелиер
Сент Хелиер (англиски: Saint Helier; француски: Saint-Hélier; нормандски: Saint Hélyi) — главен град на островот Џерси од групата Каналски Острови во Ламанш и една од неговите парохии (општини). Има население од 33.500 жители или 34,2 % од населението на Џерси. Иако е главен град на Џерси, самата управа е сместена во Сент Сејвиор, кој е во продолжение. Други приградски населби на градот навлегуваат и во парохиите Сент Лоренс и Сент Клемент. Поголем дел од парохијата е рурален.
Сент Хелиер Saint Helier / Saint-Hélier / Saint Hélyi | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
парохија | |||||||||||
Глетки на Сент Хелиер | |||||||||||
Парохијата Сент Хелиер во рамките на Џерси | |||||||||||
Крунски посед | Џерси, Каналски Острови | ||||||||||
Управа[1] | |||||||||||
• Началник | Сајмон Кроукрофт | ||||||||||
Површина | |||||||||||
• Вкупна | 10,6 км2 (41 ми2) | ||||||||||
Население (2011) | |||||||||||
• Вкупно | 33,500 | ||||||||||
• Густина | 0,32/км2 (0,82/ми2) | ||||||||||
Час. појас | GMT | ||||||||||
• Лето (ЛСВ) | UTC+01 (UTC) | ||||||||||
Пошт. округ | JE2 | ||||||||||
Оддел | 3 и 4 | ||||||||||
Мреж. место | sthelier.je |
Парохијата зафаќа површина од 10,6 км2, што сочинува 9 % од островот (вклучувајќи 2 км2 мелиорирано земјиште).
Историја
уредиСе смета дека местото на Сент Хелиер за првпат е населено за време на римското владеење со Галија.
Местото го носи името на светецот-заштитник на островот е св. Елиер (Хелиер), кој умрел маченичка смрт во рацете на саксонските пирати во 555 г. Секирите на парохискиот грб го симболизираат ова мачеништво. Подоцна, во средниот век ова било мало рибарско селце, сместено на песоците меѓу морето и блатниот предел на копното.
Иако енориската црква „Св. Елиер“ сега е значително оддалечена од морето, таа првобитно била изградена на самиот брег, во најблиската точка до островчето наречено Хермитиџ (Hermitage - „испосница“), каде Елиер ја дожиевал својата судбина. Пред мелиоративните работи и изградбата на пристаништето, чамците се врзувале на самиот црковен ѕид, кој ја допирал водата.
Манастирот „Св. Елиер“ е основан во 1155 г. на плимен остров близу Хермитиџ. Истиот бил затворен за време на англиската реформација, а на местото било изградено утврдување и нов замок, кој станал главна крепост наместо дотпгашниот Оргеј. Овој нов замок е наречен „Елизабетин замок“ по кралицата Елизабета I од страна на управникот на Џерси во 1600–03 г., морепловецот Волтер Роли.
Сè до крајот на XVIII век, паланката се состоела од ред куќи, дуќани и складишта долж песоците од обете страни на црквата и соседното пазариште.
Во следниот период, кралот Џорџ II им дал 200 фунти на кметовите со цел изградба на пристаниште, бидејќи дотогаш чамците се ваделе на плажа и товарот се префрлал во запрежни коли кои возеле по песоците. Во знак на благодартност во 1751 г. е подигната статуа на кралот, а пазариштето (сретселото) е преименувано во „Кралски плоштад“ (Royal Square), иако на џерсиски истото и денес се нарекува „Старо пазариште“ (Lé Vièr Marchi).
На плоштадот се одиграла Битката на Џерси на 6 јануари 1781 г., кој бил последен обид на Французите да го заземат Џерси.
Постојаната опасност од француска инвазија ги натерало властите да го изградат утврдувањето Форт Риџент на возвишението Мон де ла Вил, кое е вид чука што се издига над котлината во која лежи гратчето.
Од 1820-тите натаму во Сент Хелиер почнале да се доселуваат Англичани, поттикнати од помирувањето со Франција и воведувањето на посовремени сообраќајни средства како паробродови и железници. Блатната котлина the северно од средишниот брег почнала да се развива и за 40 години целиот простор бил исполнет со нови домови во елегантен регентски стил.
Во втората половина на XIX век се јавила потреба за друмски пристап до пристаништето поради големото количество компири за извоз. Поради ова започнал голем зафат за проширување на улиците во кој настрадале голем број стари градби. Останале многу малку градби од пред XIX век, и поради тоа градот денес изгледа како да е изграден тогаш.
Население
уредиСент Хелиер е најнаселена парохија на Џерси, и брои 33.522 жители (2011).[2]
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1991 | 28.123 | — |
1996 | 27.523 | −2.1% |
2001 | 28.310 | +2.9% |
2011 | 33.522 | +18.4% |
Управна поделба
уредиПарохијата е управно поделена „дваесетки“ (vingtaines):
- Градска дваесетка (la Ville)
- кантон Долна градска дваесетка (Bas de la Vingtaine de la Ville)
- кантон Горна градска дваесетка (Bas de la Vingtaine de la Ville)
- Црвена Чорба (Rouge Bouillon)
- Долна Попова Планина (Bas du Mont au Prêtre)
- Горна Попова Планина (Haut du Mont au Prêtre)
- Игуменска Планина (Mont à l'Abbé)
- Свинска Планина (Mont Cochon)
Сент Хелиер е поделен и на 4 изборни единици.
Збратимени градови
уредиСент Хелиер е збратимен со следниве места:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Members“. Statesassembly.gov.je. Посетено на 2012-10-04.
- ↑ „Jersey Census 2011“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-18. Посетено на 2012-10-04.
- ↑ „St Helier 'twinned' with Madeiran capital Funchal“. BBC News. Посетено на 4 June 2019.
- ↑ „Trenton twinning tourism boost for Jersey?“. Jersey Evening Post (англиски). 2019-11-29. Посетено на 2019-11-29.
Литература
уреди- Balleine's History of Jersey, Marguerite Syvret and Joan Stevens (1998) ISBN 1-86077-065-7.
- Jersey in Figures, 2003–2004, published by the States of Jersey.
Надворешни врски
уреди- Сент Хелиер на Ризницата ?
- Матична страница (англиски)
- Сент Хелиер — Википатување (англиски)