Ангел Коруновски е роден на 26 март 1979 година во Велес тој е истакнат македонски ликовен уметник и академски вајар сликар[1].

Ангел Коруновски
Роден(а)26.03.1979
Велес
ОбразованиеУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Факултет за ликовни уметности

Отсек скулптура, насока конзервација и реставрација.

Образование

уреди

Ангел Коруновски е роден на 26 март 1979 година во Велес. Основно образование завршил во Велес. Од 1995 средно училиште учи државно средно училиште за применета уметност во „Лазар Личеноски“ - Скопје на отсек скулптура. Своето образование од 1998 година го продолжува на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје на факултет за ликовни уметности отсек скулптура, насока конзервација и реставрација. Во периодот од 2009 – 2012 година е на постдипломски студии - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје на Факултет за ликовни уметности, отсек скулптура на тема: Патот на цртежот до современата  фигурација.Студиски престој има воː

2000 Белград, Србија
2004 Софија, Бугарија
2006 Париз, Франција
2010 Бетон, Франција
2010 Рен, Франција
2016 Будва, Црна Гора
2017

2023

Москва и Јарослав, Русија

Област Тоскана, Италија

Вработување

уреди

Коруновски работи како самостоен уметник. Во неговото богато портфолио се набројуваат повеќе од 50 учества во групни изложби во Македонија, Србија, Франција, Русија, Германија и Египет, раководител е на ликовната колонија „Папрадишки мајстори“.[2]

Од 3 јануари 2023 е на позицијата директор на Велешкиот Народен музеј.

Кариера

уреди

Коруновски од 1998 година учествувал на повеќе ликовни колонииː

1998 Котор - Црна Гора – Летна школа на Југословенскиот Црвен крст - Интернационална
2000 Теово - Македонија Интернационална
2001 Боровец - Бугарија - Интернационална
2001 Велес -  Македонија – Работнички универзитет “Брзо сликање“ - Интернационална
2002 Велес -  Македонија – Во куќата на Џинот, Интернационална
2001 Боровец - Бугарија - Интернационална

Групни изложби

уреди

Тој е учесник на многу групни изложби како во Македонија така и надвор на Балканот и Европа.

1998 Годишна изложба на Средното училиште за применета уметност, Скопје – Македонија
1998 Котор, Црна Гора
1999 Годишна изложба на ФЛУ, Скопја – Македонија
2000   Годишна изложба на ФЛУ, Скопја – Македонија
2001   Годишна изложба на ФЛУ, Скопја – Македонија
2002 Годишна изложба на ФЛУ, Скопја – Македонија
2000 Мартовска изложба на ДЛУВ Велес – Македонија
2000 Теово - Македонија – Интернационална изложба
2001 Годишна изложба на ДЛУВ,  Велес -  Македонија
2001 Боровец - Бугарија - Интернационална изложба
2001 Пазарџик – Бугарија - Интернационална изложба
2001 Брзо сликање - Интернационална изложба, Велес – Македонија
2001 Графичко биенале - Интернационална изложба, Велес – Македонија
2001 Цртеж - Интернационална изложба, Велес – Македонија
2002 Вршец – Бугарија - Интернационална изложба
2002 Струмица - Македонија - “ДЛУВ“
2002 Велес - Македонија - Интернационална изложба
2003 Скопје - Македонија, КИЦ - “ДЛУВ“
2003 Павликени - Бугарија - Интернационална изложба
2003 Велес – Македонија - “Разликите обединуваат“ – Интернационална
2006 Утрехт - Холандија  “Жестоко историско ехо” – Интернационална
2006 Софија - Бугарија - Интернационална изложба
2006 Балкан, Културен простор без граници – Србија (Пожаревац, Нови Сад и  Сомбор)
2006 Амстердам –Холандија, во организацуја на „Национална галерија на Македонија“
2009 Ресен, Кавадарци, Неготино, Куманово – Македонија.

МБА изложба (Беди Ибраим, Ангел Коруновски и Маријета Сидовски)  

2010 Колонија Европа – Балкан, Бетон – Франција
2010 Ревијална изложба на ДЛУМ
2010 Велес -  Македонија, “Папрадишки мајстори“, Интернационална
2014 Велес -  Македонија, “Папрадишки мајстори“, Интернационална
2015 Велес -  Македонија, “Папрадишки мајстори“, Интернационална
2016 Велес -  Македонија, “Папрадишки мајстори“, Интернационална
2016 Луковска Бања - Србија, Интернационална
2017 Велес -  Македонија, “Папрадишки мајстори“, Интернационална
2017

2017

Јарослав - Русија

„Art to Science- Science to Art“ - Белград, Галерија „Прогрес“

2020 „Дестилација“ - Скопје, Галерија „Ко-Ра (Глигор Васков, Ангел Коруновски и Александар Таневски)
2023 Скулптури на новото време 2023 – Н.У. Трајко Прокопиев-Куманово[3]

Самостојни изложби

уреди
2002 Скопје, Гимназија „Корчагин“
2003 Велес, Народен Театар „ЈХК Џинот“
2004 Велес, Музеј – куќата на „ЈХК Џинот[4]
2005 Скопје, Галерија КИЦ – Скопје
2005 Куманово, Галерија - Дом  на Културата
2016 Будва, стар град санта марија „Предели 2016“
2016 Будва, стар град санта марија „Предели 2016“
2016 „Рефлексии на херметичноста“ - Велес,
2017 „Рефлексии на херметичноста“  - Скопје, МКЦ
2017

2020

2020

„Рефлексии на херметичноста“   - Кавадарци, Дом на култура[5]

„Хаотичниот космос“ - Берлин, Prima center

„Дестилација“ - Скопје, Галерија „Ко-Ра“

2021 „Симбиотикс“ - Скопје, МКЦ[6][7]

Монументални скулптури и скулптури од голем формат

уреди
2004 Скопје, Монументална скулптура во дрво „Јас и ти” (3,5/3,0/1.3м). Локација: Сквер „Идадија”
2005 Велес,  Монументална скулптура во бронза на коњаник „Велешки Илинденци” (3,6/3,6/1.5м). Локација: „Центар”[8]
2008 Битола, Монументална скулптура во бронза на коњаник „Филип II” (3,5/3,6/1.5м). Локација: „Магнолија”[9]
2009 Скопје, Монументална групна скулптура – 7 скулптури во бронза „Гемиџии” (4м) со рељеф (17 м2). Локација: „Камен мост“,
2009 Скопје, Монументална групна скулптура – 6 скулптури во бронза „Основачи на ВМРО” (5/3,6/3,6м). Локација: „Жена парк“[10]
2010 Скопје, скулптура во бронза на Михајло и Евтихиј (2,2м). Локација: Мост „Око“
2010 Скопје, скулптура во бронза на Архиепископ Доротеј (2,2м). Локација: Мост „Око“
2010 Скопје, скулптура во бронза на Јован Зограф (2,2м). Локација: Мост

„Око“

2010 Скопје, скулптура во бронза на Св. Прохор (2,2м). Локација: Мост „Око“
2010 Скопје, Скулптура во бетон на „Жена свирач“ (2,2м). Локација: „Стар театар“
2011 Битола, Монументална скулптура во бронза на „Ангел“ (4,4м). Локација „Саат”
2011 Скопје, Скулптура на Даг Хамаршалд (3,3 м). Локација МНР.
2011 Скопје, Скулптура на Пјер Трудо (3,3 м). Локација МНР.
2011 Скопје, Скулптура на Филип II Гонзага (3,2 м). Локација МНР.
2011 Скопје, Скулптура на Конрад Аденауер (3,3 м). Локација МНР
2013 Охрид, скулптура „Богојавление”(3,5 м). Локација пристаниште[11]
2015 Велес, биста на Лазар Лазаревски (0,7)
2015 Велес- збратимен град Каршијака, биста на Кочо Рацин (0,7м)
2016 Будва, Црна гора, „Стар град“- дрво рељеф (2,0х1,5х0,1м)
2017

2021

Штип, биста на Михаил Нетков (0,7м)

„Балерина“ приватна сопственост (1,8м бронза)

Награди и признанија

уреди
1992   Прва награда на детска вајарска работилница “Рацинови средби“- Велес
2003   Награда за најдобар студент на вајарски оддел на ФЛУ – Скопје
2004 Прва награда на конкурс за скулптура на локација „Сквер Идадија” – Скопје
2005 Прва награда на конкурс за коњаничка скулптура во Велес „Центар”
2005 Награда „Јордан Грабул” за најдобра скулптура на Ревијалната изложба на ДЛУМ
2005 Спомен – плакета за придонеси во афирмирањето на град Велес во областа на уметноста
2006 Прва награда на конкурс за скулптура на Цар Самоил во Струмица
2007 Прва награда на конкурс за коњаничка скулптура во Битола: „Филип II“
2008 Прва награда на конкурс за  скулптури во Скопје: „Гемиџии”,  „Основачи на ВМРО”,
2009 Прва награда на конкурс за  скулптури во Скопје: „Основачи на ВМРО”
2009 Втора награда за: „Карпош”, „Паднати херои”, „Цар Самоил”, „Јустинијан”, ,,Димитар Беровски”…
2010 Прва награда на конкурс за скулптура во Битола „Бранители”
2013 Прва награда на конкурс за скулптура во Охрид „Богојавление”
2014 Награда „Јордан Грабул” за најдобра скулптура на Ревијалната изложба на ДЛУМ
2015 Прва награда на конкурс за биста „Лазар Лазаревски” - Велес
Признанија и благодарници за учество во сите наведени колонии и симпозиуми

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

Ангел Коруновски


Наводи

уреди
  1. "Успешни" со Ангел Коруновски - вајар, Посетено на 2024-03-23
  2. „Сликарска копаничарска колонија- Папрадишки мајстори“. visit.veles.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2024-03-23. Посетено на 2024-03-23.
  3. Admin_kult, Од (2023-09-14). „Биенална изложба „Скулптури на новото време 2023" во Куманово – Министерство за Култура“. Посетено на 2024-03-23.
  4. „Треперења / Twinkling | Архива ЗаУм“. arhiva.zaum.mk. Посетено на 2024-03-22.
  5. „Дела од Глигор Васков и Ангел Коруновски ќе бидат изложени во галеријата на МКЦ“. time.mk. Посетено на 2024-03-23.
  6. „Ангел Коруновски - УМНО.МК“. Посетено на 2024-03-22.
  7. НМ (2021-11-27). „„Симбиотикс" на Филип и на Ангел Коруновски“. Нова Македонија. Посетено на 2024-03-23.
  8. „Велешки илинденци“. www.visit.veles.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2024-03-23. Посетено на 2024-03-23.
  9. „Во Скопје отворена IV Meѓународна изложба "МОСТ". www.aa.com.tr. Посетено на 2024-03-23.
  10. „Споменик на основачите на ВМРО“. Википедија. 2023-06-15.
  11. Сашо Нелоски. „Во центарот на Охрид осветено спомен обележјето „Фаќач на крст".