Амам (Лопате)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Амам“
| |
Местоположба | 42°09′0.2″N 21°40′0.7″E / 42.150056° СГШ; 21.666861° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Лопате |
Општина | Куманово |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Амам — археолошко наоѓалиште во кумановското село Лопате. Претставува населба од неолитот.
Во самото село, на просторот од стариот турски амам, кон десниот брег на Липковска Река се простираат траги од неолитска керамика. Со пробното сондажно ископување во 1978 г. од страна на Музејот на Македонија е утврдена еднослојна населба со културен слој од 1,5 м. Според типолошките одлики на керамиката, која е претежно со монохромна темносива боја, како и според облиците на култната пластика, се работи за населба од доцниот неолит[1], блиска на населбите од културната група Ангелци-Зелениково II, односно винчанската културна група во јужното Поморавје, фазите Винча-Тордош I-II.[2]
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Воислав Санев, Археолошко богатство на СР Македонија, каталог, Скопје, 1980, 27
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 212. ISBN 9989-649-28-6.