Алистрати

историско село во Општина Дебрца

Алистрати или Алистраги — некогашно село во Општина Дебрца, во околината на селото Требеништа.

Алистрати
Алистрати во рамките на Македонија
Алистрати
Местоположба на Алистрати во Македонија
Алистрати на карта

Карта

Координати 41°11′53″N 20°47′05″E / 41.19806° СГШ; 20.78472° ИГД / 41.19806; 20.78472
Општина  Дебрца
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 805 м
Алистрати на општинската карта

Атарот на Алистрати во рамките на општината
Алистрати на Ризницата

Географија

уреди

Селото се наоѓало во атарот на денешно с. Требеништа, источно од селото во насока на Ливоишта. Месноста денес е позната меѓу жителите како Али Страги.

Историја

уреди

Селото е заведено во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридската нахија од 1536 до 1539 г. селото се води како Ахи Страник со 12 христијански семејства и 1 ерген. Во дефтерот од 1582-1583 г. се води како Ахи Испраник со 11 христијански семејства и 1 имот.[2]

Во XIX век селото имало целосно Македонско население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Алистрати се споменува двапати — еднаш како Ali-strati со 5 домаќинства и 18 жители Македонци[3] и вторпат како Alistrati, со 12 домаќинства и 48 Македонци.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Алистрати имал 50 жители, сите Македонци[4].[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имињата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 121–123.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 104-105.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.

Надворешни врски

уреди