Александар (филм од 2004)
Александар (англиски: Alexander) — американски филм од 2004 година, во режија на Оливер Стоун, кој е автор и на сценариото, заедно со Кристофер Кајл и Лает Калогридис (според биографијата на Робин Лејн Фокс). Музиката за филмот е дело на Вангелис, а задолжен за фотографијата бил Родриго Прието. Главните улоги ги играат: Колин Фарел, Вал Килмер, Анџелина Џоли, Ентони Хопкинс, Кристијан Пламер, Џаред Лето, Брајан Блесид, Гари Стреч, Џон Каванах, Раз Деган итн.[1]
Содржина
уредиГенералот Птоломеј (го игра Хопкинс) на своите ученици им ја раскажува приказната за Александар Македонски, синот на македонскиот крал Филип II (го игра Килмер) и убавата епирска принцеза Олимпијада (ја игра Џоли). Во детството, Александар го учи славниот филозоф Аристотел (го игра Пламер), кој му ја всадува љубовта кон музиката и поезијата и му го развил чувството за чест и храброст. Подоцна, Александар (го игра Фарел) стекува интимен пријател и соборец — Хефаестион (го игра Лето), а по смртта на Филип II, на возраст од само 20 години, Александар ја презема власта во земјата. Со својата војска успева да задуши неколку буни, а откако ќе се ожени со привлечната Роксана (ја игра Росарио Досон), со 30.000 пешаци и 5.000 коњници, Александар оди во војна против моќната Персија. Подоцна, во филмот се прикажани освојувањата на Александар, како и неговата смрт...[2]