Александра (кралица на Југославија)

(Пренасочено од Александра Караѓорѓевиќ)

Александра Караѓорѓевиќ (25 март 1921 во Атина30 јануари 1993 ) — кралица на Југославија, како сопруга на југословенскиот крал Петар II Караѓорѓевиќ. Од нивниот брак се родил Александар II Караѓорѓевиќ.

Кралица Александра
Кралицата Александра со синот-престолонаследник Александар II Караѓорѓевиќ
Кралица Александра
На позиција20 март 1944 – 9 ноември 1945
Почивалиште
Кралски гробишта, Атина
СопружникПетар II Караѓорѓевиќ
ДецаАлександар II Караѓорѓевиќ
ДинастијаДинастија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
Династија Караѓорѓевиќ
ТаткоАлександар
МајкаАспасија Манос

Таа била ќерка на грчкиот крал Александар и Аспасија Манос. Александра се родила 5 месеци по смртта на нејзиниот татко. По враќањето не нејзиниот дедо грчкиот крал Константин I на престолот, тој и неговата влада бракот на грчкиот крал Александар и Аспасија Манос го сметале за незаконски бидејќи бил без благослов на кралот, со тоа Александра се сметала за незаконско дете и немала никакви права. Со новиот закон од 1922 година со кој на кралот му се дава право да ги признава браковите на членовите на кралското семејство, кралот Константин I издал декрет со кој го признал бракот на родителите на Александра, со што таа добива кралски права и титула но без можност да го наследи престолот. Пред да се омажи, таа ја имала титулата принцеза на Грција и Данска. Александра иако била кралица на Југославија, таа никогаш не стапнала на територија Југославија. Александра после смртта на сопругот Петар II се сели во Источен Сасекс во Соединетите Американски Држави каде останува сè до својата смрт на 30 јануари 1993после долго боледување од канцер. Александра била погребана на Кралските гробишта близу палатата Татои во Атина. Во мај 2013 нејзините посмртни останки беа пренесени во Србија, каде на 26 мај 2013 заедно со посмртните останки на нејзиниот сопруг Петар II, и неговата мајка Марија Караѓорѓевиќ и братот Андреј Караѓорѓевиќ беа погребани со највисоки државни почести во Кралскиот мавзолеј на Опленац.