Александар Христов (академик)
Александар Христов (Неготино, 24 јули 1914 - Скопје, 2 август 2000) – универзитетски професор, академик.[1]
Александар Христов | ||
Роден | 24 јули 1914 Неготино | |
---|---|---|
Починал | 2 август 2000 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор, академик |
Животопис
уредиХристов дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1939 година и на истиот докторирал во 1954 година на тема „Борбата на македонскиот народ за создавање на своја држава“. Бил еден од основачите на Правниот факултет во Скопје и основоположник на предметот Управно право. Во 1979 година бил избран за дописен, а потоа и за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Бил помошник на јавниот обвинител на Македонија, помошник на јавниот обвинител на Југославија, пратеник во Собранието на СФРЈ, директор на Институтот за национална историја во Скопје, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје и декан на Правниот факултет во Скопје (1969/70-1970/71).[1]
Творештво
уредиОбјавил неколку учебници и голем број научни трудови од областите на управното право и македонската национална историја.
- Управно право, Скопје, 1958;
- КПЈ во решавањето на македонското прашање 1937-1944, Скопје, 1962;
- Создавање на македонската држава 1893-1945, Скопје, 1971;
- Создавање на македонската држава 1878–1978, 1–4, Скопје, 1985.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1590. ISBN 978-608-203-024-1.