Александар Хлопонин
Александар Хлопонин (руски: Александр Геннадьевич Хлопонин, роден на 6 март 1965 во Коломбо, Шри Ланка) е руски политичар. Тој е поранешен гувернер на Краснојарскиот крај во Сибир. Од 19 јануари 2010 година станал Прв претставник на премиерот на Русија за Севернокавкаскиот федерален округ.
Александар Хлопонин | |
---|---|
Прв претставник на премиерот на Русија за Севернокавкаскиот федерален округ | |
На должноста 19 јануари 2010 – 12 мај 2014 | |
Претходник | нема |
Наследник | Сергеј Меликов |
Заменик премиер | |
На должноста 19 јануари 2010 – 18 мај 2018 | |
Наследник | Максим Акимов |
Гувернер на Краснојарскиот крај | |
На должноста 3 октомври 2002 – 19 јануари 2010 | |
Претходник | Александар Лебед |
Наследник | Лев Кузнецов |
Гувернер на Тајмирија | |
На должноста 21 февруари 2001 – 10 октомври 2001 | |
Претходник | Генадиј Неделин |
Наследник | Олег Бударгин |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 март 1965 Коломбо, Шри Ланка |
Националност | Русин |
Партија | Единствена Русија |
Професија | политичар, стопанственик |
Хлопонин има завршено на финансовата академија во Москва, и бил претседател на одборот на директори на никлената компанија Нориљск. Во 2001 година станал гувернер на Тајмирскиот автонмен округ во северниот дел на Сибир, и на таа позиција се задржал до 2002 година. Тој победил на изборите за гувернер за Краснојарскиот крај, освојувајќи победа со само 48% од гласовите, дури во вториот круг.
Во 2002 година бил прогласен за личност на годината од страна на еден руски деловен неделник. Рускиот претседател Дмитриј Медведев на 19 јануари 2010 година одобрил отцепување на Севернокавкаски федерален округ од Јужнокавкаски федерален округ, по кое Александар Хлопонин бил поставен за полномошен претставник на претседателот на Русија.