Александар Скрјабин

руски композитор и пијанист

Александар Николаевич Скрјабин (руски: Алекса́ндр Никола́евич Скря́бинь), (роден во Москва, на 25 декември 1871 - починат во Москва, на 27 април 1915руски композитор и пијанист.

Александар Скрјабин
Композитор и пијанист
Родено имеАлександар Николаевич Скрјабин
Алекса́ндр Никола́евич Скря́бинь

Животопис уреди

Скрјабин е роден во Москва во руско благородничко семејство во 1871 година[1].

Студирал на Московскиот конзерваториум, дипломирал на одделот за пијано, добивајќи го Малиот златен медал за пијано изведба, но не го завршил одделот за компонирање поради несогласување со професорите.

Дебитирал во 1894 година како пијанист со концерт во Санкт Петербург, изведувајќи ги своите дела и добивајќи позитивни критики. Потоа патувал низ Русија и во странство, кулминирајќи со успешниот концерт во 1898 година во Париз. Таа година станал професор на Московскиот конзерваториум и почнал да се истакнува и како композитор.

Во текот на наредните години, интензивно компонирал, особено, сложени симфониски дела.

Починал во 1915 година во Москва, на возраст од 43 години. Бил ситен и со слабо здравје, што било причина за неговата прерана смрт[2]. мини|лево|Скрјабин и сопругата Татјана, 1909

Творештво уреди

Во почетокот компонирал најмногу дела за соло пијано, често под влијание на Фредерик Шопен и Франц Лист[3]. Подоцна, неговиот стил мошне брзо (во споредба со другите композитори), еволуирал, при што, остварил и создал специфичен стил, особено во симфониската музика, создавајќи оригинална епска и авангардна оркестрираност, со што се најавил како еден од главните претставници на светската современа музика.

Неговата музика, од зрелиот период е пред сè длабока, сложена и сконцентрирана мисловна целина која била создавана најмногу под влијание на филозофијата на Фридрих Ниче, а особено на теозофското учење на Мадам Блаватска[4].

Бил наречен:- „..големиот пионер на новата музика и музичка цивилизација, таткото на идниот музички универзум“[5].

Извршил силно влијание особено на Игор Стравински, Арнолд Шенберг и скоро сите позначајни композитори од дваесеттиот век[6].

Делата на Скрјабин ја отелотворуваат идејата за екстаза и смелоста насочени кон непознатите космички сили на уметноста (круната на ваквите творби, според Скрјабин, треба да биде „Мистеријата“, која ги обединува сите видови на уметност - музиката, поезијата, танцот, архитектурата и исто така светлината) се одликуваат со висок степен на уметничка генерализација и моќ на емоционално влијание[7]

Најзначајни дела уреди

  • Сонати, прелудиуми, етиди, мазурки, валцери и ноктурна за пијано[8].
  • Концерт за пијано и оркестар во фис-мол, оп. 20 (1896/97)
  • Мечтаење, симфониска песна op. 24 (Rêverie, 1898)
  • Прва симфонија во E-дур, оп. 26 (1900)[9].
  • Втора симфонија во ц-мол, op. 29 (Божествена поема (Divin poème, 1902-1904)
  • Поема екстази, симфониска песна op. 54 (Le Poème de l’Extase, 1905-1908)
  • Прометеј: Поема на огнот, симфониска песна оп. 60 (Prométhé: Le Poème du feu, 1908-1910)[10].
  • Мистерии (1914/15, недовршена)
 
Почетокот од Етида Оп. 8 Бр. 12

Литература уреди

  1. Вахрмејер Андреас: Александар Николаевич Скрјабин, во: Реабурн, M. & Кендал, A. Минхен: Киндлер/Маинц: Скот, 1993., стр. 171-173.
  2. Белса, Игор Фјодорович: Александар Николаевич Скрјабин, Берлин: Верлаг неуе Мусик, 1986.

Наводи уреди

  1. „Alexander Nikolayevich Scriabin“. Архивирано од изворникот на 2020-01-23. Посетено на 2020-01-25.
  2. Alexander Scriabin
  3. „Mystic, visionary, virtuoso, and composer“. Архивирано од изворникот на 2020-01-25. Посетено на 2020-01-25.
  4. Александр Николаевич Скрябин
  5. Biography
  6. „Viewers of Alexander Scriabin“. Архивирано од изворникот на 2020-12-03. Посетено на 2020-01-25.
  7. ГЕНИИ - МИСТЕРИЯ ЖИЗНИ АЛЕКСАНДРА СКРЯБИНА (1872 - 1915)
  8. „Piano Music,Orchestral Music“. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 2020-01-25.
  9. A. Скрябин
  10. Prometheus, Poem of Fire

Надворешни врски уреди