Алеко (скијалиште)

Алеко (бугарски: Алеко) ― скијалиште на планината Витоша во Бугарија сместена во северното подножје на врвот Малак Резен (2191 м), во сливот на Јанчевска Река што истекува на исток кон селото Бистрица.

Алеко
Вилата Алеко
Карта
Општи податоци
МестоВитоша
Координати42°34′57″N 23°17′32″E / 42.58250° СГШ; 23.29222° ИГД / 42.58250; 23.29222
СопственикБугарски туристички сојуз
Портал
www.motensport.com/aleko

Алеко е главен туристичко и зимско спортско средиште на Витоша, кој нуди сместување во вилата Алеко (1820 м) и неколку хотели, и неколку седешници, влечници и скијачки патеки, кафетерии и ресторани и училишта за скијање и сноуборд. Најстарата и најпозната ски патека е Стената, додека најдолгата и најтешката е „Витошко Лале“ првично изградена за Зимската универзијада 1983 одржана на Витоша. Денес, Алеко е меѓу најдобрите бугарски скијалишта заедно со Банско во Пирин, Боровец во Рила и Пампорово на Родопите.

Местото е достапна со гондолска жичарница од 6,27 километри од софиското предградие Симеоново и по пат од предградието Драгалевци. Алеко е и почетна точка на голем број туристички патеки кои водат до Црн Врв (бугарски: Черни връх)и понатаму на југ до селата Чујпетлово и Јарлово, до природниот резерват Бистришко Браниште на исток и до Златните Мостови на северозапад.

Споменик на блиската Мечја Полјана (бугарски: Меча поляна“) го слави министерот за надворешни работи на Бугарија, Иван Башев кој загина во декември 1971 година во снежна бура што ја зафатило областа. Ваквите несреќи не се невообичаени за Витоша, со несоодветно опремени или преуверени посетители преплавени од брзото влошување на времето. Алеко е главната база на мрежата на планинската служба за спасување на планината Витоша.

Алеко го има своето име од истоимената вила изградена во 1924 година (втора во Бугарија по вилата Скакавица во планината Рила), именувана по писателот Алеко Константинов кој го организирал првото групно искачување на Црн Врв на 27 август 1895 година.

Галерија

уреди
Панорама на Алеко

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди