Алаборски Колиби
поранешно село во Берско, Егејска Македонија
Алаборски Колиби (грчки: Αλαμποριανά Καλύβια, до 1926 г. Καλύβια Αλαμπόρου[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гида на округот Иматија, Грција.
Алаборски Колиби Αλαμποριανά Καλύβια | |
---|---|
Координати: 40°34.2′N 22°29.3′E / 40.5700° СГШ; 22.4883° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Мелик |
Надм. вис. | 6 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во областа Урумлак, на десниот јужен брег на Бистрица, спроти Голем Алабор на другиот брег. Лежело северно од Кипсели.[2]
Историја
уредиАлаборските Колиби за првпат се спомнуваат како село во 1913 г. со 77 жители.[2] На пописот од 1920 г. во него е заведено 81 лице.[2] Во 1926 г. е преименувано од Каливија Алабору (Колиби на Алабор) во Алаборијана Каливия (Алаборски Колиби). Во 1928 г. населението се покачило на 91 жител.[2] Алаборски Колиби не се спомнува како одделно село на следниот попис од 1940 г. бидејќи станало дел од Кипсели.
Наводи
уреди- ↑ „Διοικητικές Μεταβολές Ο.Τ.Α.“. Ελληνική Εταιρεία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης. Посетено на 20 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 14. ISBN 9989-9819-5-7.