Азиз Санџар
Азиз Санџар (турски: Aziz Sancar, роден на 8 септември 1946) – турски и американски биохемичар и молекуларен биолог од областа на поправка на ДНК, проверка на ќелиските циклуси и биолошкиот часовник.[3] Во 2015 година доделена му е Нобеловата награда за хемија, заедно со Томас Линдал и Пол Модрич за нивните откритија во областа на поправка на ДНК.[4][5] Тој е соосновач на фондацијата „Азиз и Гвен Санџар“, која е непрофитна организација чија цел е да ја промовира турската култура и да ги поддржи турските студенти во САД.[6]
Азиз Санџар | |
---|---|
Роден(а) | 8 септември 1946 Савур, Мардин, Турција |
Државјанство | турско и американско |
Полиња | |
Установи | |
Образование | |
Поважни награди |
|
Биографија и кариера
уредиАзиз Санџар е роден во средноимотно семејство во подрачјето (дистрикт) Савур во провинцијата Мардин, југоисточна Турција на 8 септември 1946 година.[7] Бил седмо од осумте деца на неговите родители кои биле неписмени, но полагале многу на образованието.[8]
Азиз Санџар е дописен член на Турската академија на науките и на Американската академија на уметностите и науките.[9] Азиз Санџар е дописен член на Турската академија на науките и на Американската академија на уметностите и науките.[10]
Неговото најдолго истражување ја опфаќа фотолијазата и механизмите на фотореактивација. Во својот инаугуративен труд, ги доловува неуловливите радикали на фотолијазата кои ги ловел скоро 20 години, со што обезбедува директна опсервација на фотоциклусот на поправка на димерот тимин.[11]
Азиз Санџар бил избран во Националната академија на науки во 2005 година како прв турско-американски член. Тој е професор по биохемија на универзитетот Северна Каролина во Чапел Хил. Женет е со Гвен Боулс Санџар која е професор по биохемија и биофизика на истиот универзитет.[12] Заедно формирале турски центар во близина на универзитетот, кој обезбедува сместување за четворица турски истражувачи на универзитетот, услуги за краткотрајни посети на турски студенти, и центар за промоција на турско-американската размена.[6]
Образование
уредиСанџар дипломирал на универзитетот Истанбул во Турција и докторирал на ензимот на фотореактивација на E. coli во 1977 година на универзитетот Тексас во Далас.[13]
Награди
уредиНобелова награда за хемија за 2015 година заедно со Томас Линдал и Пол Модрич за проучувањата на механизмите за поправка на ДНК.[4][5] Санџар е вториот турски нобеловец. Прв турски нобеловец е Орхан Памук кој исто така се образувал на универзитетот во Истанбул.
Наводи
уреди- ↑ „Geçmiş Yıllarda Bilim Ödülü Alanlar“ (турски). Scientific and Technological Research Council of Turkey. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ „Ödül Alanlar“. Vehbi Koç Award. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ http://www.med.unc.edu/biochem/asancar
- ↑ 4,0 4,1 Broad, William J. (7 October 2015). „Nobel Prize in Chemistry Awarded to Tomas Lindahl, Paul Modrich and Aziz Sancar for DNA Studies“. New York Times. Посетено на 7 October 2015.
- ↑ 5,0 5,1 Staff (7 October 2015). „THE NOBEL PRIZE IN CHEMISTRY 2015 - DNA repair – providing chemical stability for life“ (PDF). Nobel Prize. Посетено на 7 October 2015.
- ↑ 6,0 6,1 „The Aziz & Gwen Sancar Foundation – Carolina Türk Evi – Turkish House, NC“. carolinaturkevi.org. Архивирано од изворникот на 2015-10-07. Посетено на 7 October 2015.
- ↑ „Nobel Prize in Chemistry: how our DNA repairs itself“. Deutsch Welle. 7 October 2015.
- ↑ „Nobel Kimya Ödülü'nü Türk asıllı Aziz Sancar kazandı (Aziz Sancar kimdir)“. Hürriyet (турски). 2015-10-07. Посетено на 2015-10-07.
- ↑ „Prof. Dr. Aziz Sancar“. Turkish Academy of Sciences. Архивирано од изворникот на 2016-04-23. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ „American Academy Announces 2004 Fellows and Foreign Honorary Members“. American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ Zagorski, N. (2005). „Profile of Aziz Sancar“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 102 (45): 16125–16127. doi:10.1073/pnas.0507558102. PMC 1283445. PMID 16263927.
- ↑ „Biology : Aziz Sancar elected to the National Academy of Sciences“. utdallas.edu. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 7 October 2015.
- ↑ „Aziz Sancar“. UNC School of Medicine. Посетено на 2015-10-07.