Пол Модрич

американски биохемичар

Пол Лоренс Модрич (англиски: Paul Lawrence Modrich) роден на 13 јуни 1946 – американски биохемичар, професор по биохемија на универзитетот Дјук и истражувач на Медицинскиот институт Хауард Хјуз. Дипломирал на Масачусетскиот технолошки институт (МИТ) во 1968 година, а докторирал на Стенфордскиот универзитет во 1973 година. Познат е по истражувањата на поправката на ДНК.[1]

Пол Модрич
Роден(а)13 јуни 1946(1946-06-13)(78 г.)
Ратон, Ново Мексико, САД
Државјанствоамериканско
Полиња
Установи
Образование
Познат поОбјаснување на ќелиската отпорност на канцерогени
Поважни награди
Страница
Paul L. Modrich

Животопис

уреди

Модрич е роден на 13 јуни 1946 година во Ратон, Ново Мексико. Неговиот дедо по татко бил Хрват, а баба му Црногорка. Емигрирале во Соединетите Држави од Хрватска.[2]

Истражувачка работа

уреди

Од 1976 година Модрич работи на универзитетот Дјук, а од 1995 година е истражувач на Хауард Хјуз. Истражувањата му се од областа на механизмите за поправка на ДНК.[3]

Награди

уреди

Во 2015 година му била доделена Нобеловата награда за хемија, заедно со Томас Линдал и Азиз Санџар, за проучувањата на механизмите за поправка на ДНК.[4][5]

Д-р Модрич е соработник на Американската академија на уметностите и науките и член на Националната академија за медицина на САД и Националната академија за науки на САД.

Наводи

уреди
  1. „Paul Modrich Awarded 2015 Nobel Prize in Chemistry“. HHMI. HHMI. October 7, 2015. Посетено на October 7, 2015.
  2. Nenad Jarić Dauenhauer (October 26, 2015). „Nobelovac Modrich za tportal: Djed mi je bio Hrvat“ [Nobel laureate Modrich for tportal: My grandfather was a Croat]. tportal.hr. T-Hrvatski Telekom. Посетено на October 26, 2015.
  3. Su, SS; Modrich, P (July 1986). „Escherichia coli mutS-encoded protein binds to mismatched DNA base pairs“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 83 (14): 5057–61. PMID 3014530.
  4. Broad, William J. (October 7, 2015). „Nobel Prize in Chemistry Awarded to Tomas Lindahl, Paul Modrich and Aziz Sancar for DNA Studies“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на October 7, 2015.
  5. Staff (7 October 2015). „THE NOBEL PRIZE IN CHEMISTRY 2015 - DNA repair – providing chemical stability for life“ (PDF). Nobel Prize. Посетено на 7 October 2015.