Азбука и залутани записи
„Азбука и залутани записи“ е збирка куси раскази од македонскиот писател Иван Шопов, објавена во 2010 година, во издание на Темплум. За неа, авторот ја добил наградата „Новите!“ за 2010 година, која ја доделува издавачката куќа Темплум.
Технички одлики
уредиЗбирката е објавена како осма книга од едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 112 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-84-5. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На кориците се ставени слики на Јан де Мешалк (Jan de Maesschalck), а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД Скопје и од Министерството за култура на Македонија.[1]
Содржина
уредиЗбирката „Азбука и залутани записи“ содржи 69 куси раскази, поделени во два циклуса: „Азбука“ и „Залутани записи“.
Циклусот „Азбука“ ги содржи следниве раскази:[2] Приказна Ш, Приказна Џ, Приказна Ч, Приказна Ц, Приказна Х, Приказна Ф, Приказна У, Приказна Ќ, Приказна Т, Приказна Ц, Приказна Р, Приказна П, Приказна О, Приказна Њ, Приказна Н, Приказна М, Приказна Љ, Приказна Л, Приказна К, Приказна Ј, Приказна И, Приказна Ѕ, Приказна З, Приказна Ж, Приказна Е, Приказна Ѓ, Приказна Д, Приказна Г, Приказна В, Приказна Б, и Приказна А.
Во циклусот „Залутани записи“ се застапени следниве раскази: Линии, Приказни, Ред, Азбука на летањето, Одраз, Интервју, Ненаправено интервју, Пожар, Благосостојба, Од досието на NN, Драма, Вести, Вести, Генијалец, Другарки, Љубов, Нацрт-план за ода за мешето на К., Фрактури, Нуркачка, Последна средба, За душа, Постоења, ?, Просјак, Соновник, Татко, Фотограф, Познајници, Мешавина, Точно време, Фантазија, Театар, Во лавиринтот, Четири дами, Школка, Време.[1]