Аеродром Стокхолм Скавста

Аеродромот Стокхолм Скавста (IATA: NYO, ICAO: ESKN), (Шведски: Stockholm-Skavsta flygplats), е меѓународен аеродром близу Норшепинг, Шведска, на оддалеченост од 100 километри од центарот на Стокхолм. Најмногу е искористен од ниско буџетните и карго компаниите. Тој е втор по големина аеродром што го оплужува Стокхолм, и трет по големина во Шведска со 2,5 милиони патници[4] .

Аеродром Стокхолм Скавста

Stockholm Skavsta flygplats
Податотека:Skavsta Airport Logo.svg
Општо
Сопственик
Опслужуван градStockholm, Nyköping
МестоположбаNyköping Municipality
Отворен23 септември 1984; пред 40 години (1984-09-23)
Надморска височина142 ft / 43,3 m
Координати58°47′19″N 016°54′44″E / 58.78861° СГШ; 16.91222° ИГД / 58.78861; 16.91222
Мрежно местоskavsta.se
Карта
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Sweden Södermanland" does not exist
Карта
Писти
Правец Должина Површина
m ft
08/26 2.878 9.442 Asphalt
16/34 2.039 6.690 Asphalt
Статистика (2019)
Број на патници2,296,815
Промена во бр. на патници 18-193.8%
Source:,[1] Swedish Transport Agency[2][3]

Историја

уреди

Аеродромот беше изграден како воено воздухопловна база во 40-тите години на минатиот век, за некаде во 1994 година да биде приспособен за цивилно воздухопловство. Во 1997 година, првата релација беше воведена од Лондон Станстед до Стокхолм Скавста аеродромот, на авиокомпанијата Ryanair. Во 2003 година, Ryanаir воспостави база на аеродромот со воведување на 6 нови одредишта. Накратко потоа, WizzAir воспостави нови одредишта до Источна Европа. Во 2005 година, Финскиот национален авиопревозник Finnair започна да лета на релација Хелсинки - Бостон, со застанување на Стокхолм Скавста аеродромот, но набргу потоа своето застанување го пренасочи кон Стокхолм Арланда аеродромот.

Транспортација до аеродромот

уреди
  • Изнајмување на кола е возможно од терминалот на аеродромот
  • Автобус
    • Аеродромско комби сообраќа директно од аеродромската зграда до центарот на Стокхолм (90 минути пат и чини 900 денари во еден правец, и повратен билет чини 1550 денари)
    • Локалните автобуски линии 515 и 715 можат да ве однесат до Нишепинг и Окселосунд од 04:00 до полноќ. Цената на еден билет е 130 денари
  • Воз
    • Локалната железничка станица во Нишепинг е оддалечена 7 километри од аеродромот. До станицата може да се стигне со такси (1250 денари) или со автобуските линии 515 и 715 (130 денари). Од железничката станица до централната железничка станица се патува за околу 60 минути и еден билет чини 800 денари.
  • Паркинг*

Паркинг пократок од еден ден чини 190 денари на час. За паркинг подолг од еден ден, цената е помеѓу 250 и 550 денари дневно, во зависност од тоа колку денови возилото ќе престојува на паркингот.

Авиокомпании и одредишта

уреди

Наводи

уреди
  1. „2010 Passagerarfrekvens“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-21.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име passagerarfrekvens.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име landningsfrekvens.
  4. „Stockholm Skavsta Corporate Information“. Stockholm Skavsta Airport. Архивирано од изворникот 23 July 2011. Посетено на 17 April 2011.