Адмета (грчки: Αδμήτη) во старогрчката митологија било име на повеќе личности.

Митологија

уреди
  • Хесиод во Теогонија ја навел како една од Океанидите. Нејзиното во превод значи „нескршлива“ или „невенчана“. Можела да биде нимфа Најада од извор во дива, планинска природа или Нефела која управува со дождовните облаци. Можеби била божество на невенчани девојки.[1] Хигин ја нарекувал Адмето и ја сметал за ќерка на Понт и Таласа.[2]
  • Ќерка на микенскиот крал Евристеј и Антимаха или Адмета. По налог на Евристеј, Херакле на Адмета морал да и го донесе појасот на кралицата Хиполита. Дури, како некои извори наведуваат, Адмета му се придружила на Херакло на патот кон Амазонките, чија кралица била Хиполита. Адмета во Арг долго била свештеничка на Хера, но по татковата смрт ја протерале Аргивците. Меѓутоа, пред да напушти Арг, го украла кипот на својата божица, кој го пренела во храм на Самос, кој го основале Лелезите. Аргивците не можеле да се помират со оваа загуба, па испратиле тиренски гусари да го вратат. Храмот на Самос немал врата, па лесно дошле до кипот, но не можеле никако да запловат. Тие тоа го сфатиле како знак дека божицата Хера сака нејзиниот кип да остане на островот Самос. Затоа го оставиле кипот и заминале. Жителите на островот го барале кипот и гонашле кога гусарските бродови веќе се оддалечиле, па сметале дека божицата сама им се вратила. Адмета го исчистила кипот од човечки допири и говратила во храмот. Некои други преданија зборувале дека тој кип на Самос го пренеле Аргонаути.[2][3]

Наводи

уреди
  1. -{theoi.com: Okeanides}-; -{NAMES OF OKEANIDES}-
  2. 2,0 2,1 „-{Greek Myth Index: Admete}-“. Архивирано од изворникот на 29 септември 2010. Посетено на 30 август 2010.
  3. Цермановић-Кузмановић, А. & Драгослав Срејовић, 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.