Црквата на Адвентистите од седмиот ден претставува протестантска црква распространета по целиот христијански свет. Најзначајни доктрини на Адвентистите на седмиот ден се учењето за Второто пришествие на Исус Христос, Божјиот морален закон, здравствените принципи, семејните вредности, воспитувањето, пророчките настани, обредите; крштевањето, обредот на понизност и Вечера Господова. Зборот адвентист потекнува од латинскиот збор adventus - пришествие, доаѓање - и се однесува на оние кои го очекуваат Исуса Христа да дојде по вторпат, туку во историјата постоеле поединци кои се обидувале да ја предвидат годината, па дури и денот на ова враќање, и покрај тоа што во Библијата се вели: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец“ (Мат. 24, 36). Иако „адвентизмот“ е честа тема меѓу многу протестантски групи, особено кај оние под „пентекосталното влијание“ адвентистичкото движење се јавило во XIX век обидувајќи се точно да го предвидат датумот на Второто Христово пришествие.

Црква на Адвентистите од седмиот ден
КласификацијаПротестантство
ПравецАдвентизам
ПретседателТед Вилсон
ОсновачЏозер Бејтс, Џејмс Вајт, Елен Г. Вајт
Потекло21 мај 1863
Батл Крик, Мичиген, САД.
Заедници68,225 цркви, 63,800 компании
Свештенослужители16,949[1]
Болници167[1]
Старечки домови138[1]
Добротворни организацииAdventist Development and Relief Agency
Основни училишта5,899[1]
Средни училишта1,748[1]
Високообразовни установи111[1]
Други називиAdventist church, SDA (informal)

Историја

уреди

Кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век, во Европа и Северна Америка се појавил нов интерес кон проучувањето на Библијата. Се појавиле множество брошури и печатени материјали, во кои авторите стигнале до заклучок дека најдолгиот пророкски период во Библијата, односно од 2300 години, од Данаил, ќе заврши во 1844 година со кое ќе го означи второто пришествие на Исус и крајот на животот односно апокалипса.

Христијанската адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) била организирана во 1863 година во Батл Крик, Мичиген, САД. Второто Христово пришествие било главен предмет на проучување на Библијата во текот на сите векови. Како резултат на истражувањето на ова, меѓу христијаните во многу земји во почетокот на XIX век настанало адвентното движење, за малку подоцна да биде организирана Црквата на адвентистите на седмиот ден. Адвентистите сметаат дека отишле најнапред во долгогодишниот процес на реформа, односно се вратиле наназад до изворното, библиско христијанство, отфрлајќи ги сите небиблиски примеси кои се натрупале со вековите, и одново ги прифатиле вистините кои биле запоставени и отфрлени.

Како основач на црквата се смета Вилијам Милер, фармер кој е роден во Масачусетс набрзо по американската револуција. Макар што ја изгубил својата вера во Бога како тинејџер, повторно почнал да верува на 37-годишна возраст. Враќањето кон баптистичката вера на родителите било проследено со интензивно проучување на Библијата. Неговото интересирање најмногу било насочено на библиското пророштво, содржано во книгите за Данаил и Откровението. Врз основа на своите интерпретации на извадоците од книгата на пророкот Данаил, Милер во 1831 година објавил дека Христос ќе се врати на земјата помеѓу март 1843 год. и март 1844 год. Иако во тоа време сè уште имало баптисти, Милер отпочнал да собира приврзаници на сопственото гледиште, и ја издал првата адвентистичка публикација, весникот под името „Знаци на времето“.

Милер не бил единствениот пророк во тоа време. На почетокот на XIX век Нова Англија изобилувала со голем број проповедници, а популарноста на групните собирања им овозможила публика за нивните есхатолошки прогласи. На овие собири религиозното воодушевување преминувало во еуфорија. Околу 200 проповедници му помогнале на Милер во ширењето на неговите гледања и до 1840 година ги имало околу 50.000 следбеници кои се нарекувале „Милеровци“. Кога Христос не се вратил во текот на предвидената година, Милер ја признал својата грешка, но еден од неговите ученици повторно го „пресметал“ времето на Второто пришествие за 22 октомври 1844 година. Толку било напнато нивното очекување, така што кога дошло „големото разочарување“ извесен број милеровци во права смиса на зборот полуделе, а некои дури извршиле и самоубиство, а повеќето едноставно се вратиле на својата претходна конфесионална припадност.

Во меѓувреме, Џозер Бејтс, се убедил дека светиот ден во седмицата е саботата, Сабат, и овој ден попрво требало да се слави отколку неделата. Ова наизглед ново учење меѓу протестантите, во суштина било позајмено од баптистите на седмиот ден. Официјално било осудено од умереното крило на милеровците во 1845 година, но веќе следната година го ширела помала група под влијание на младата „пророчка“ Елен Г. Вајт. Елена се омажила за Џејмс Вајт, адвентистички проповедник. Подоцна, имала видение кое ја разработило Едсоновата верзија. Таа објавила дека Господ во 1844 год. „влегол во небесниот храм да ја исчисти земјата од тешкиот грев - осквернување на саботата. Ќе се врати на земјата кога ќе ја заврши оваа задача“. Оваа венчавка на саботарка со адвентист ја создало основата за организација на посебна гранка милеровци, кои го усвоиле името „Адвентисти на седмиот ден“ во 1860 година. Основањето на новата верска организација значело признавање на Елена Т. Вајт како боговдахновена пророчка, која била еднаква со пророците на Стариот завет. Навистина, Милер веќе бил повлечен од активното водење на движењето, и за кусо време тоа се пренело на Џејмс Вајт, а особено на неговата сопруга. Таа се смета за основач на адвентизмот на седмиот ден. Спротивно на тврдењето на адвентистите дека веруваат во Библијата и само во Библијата, токму книгите на госпоѓа Вајт - таа била плоден писател - адвентистите ги сметаат за првенствен и авторитетен коментар на Светото Писмо.

По основањето

уреди

Прашањето за здравјето доминира во теологијата на Вајт. Под нејзино раководство адвентистите продолжиле да основаат институти за здравје и санаториуми во разни делови на САД и во странство. Во 1910 година еден од овие санаториуми во Лома Линда, Калифорнија ги отворил своите врати како колеџ за лекари - евангелисти. Денес адвентистите раководат со многу болници во земјата. Рестораните во овие институции нудат само вегетаријанска храна (најверните адвентисти се вегетаријанци, а употребата на кафето, чајот и алкохолот е забрането), а болничките пастори нудат духовна утеха, и им даваат упатства на пациентите што се засновани на записите на Елена Г. Вајт. Многу од овие болници го комбинираат традиционалното лекување со програмите за лекување на зависниците од алкохол и дрога, со посебни одделенија за рак, со престојувалиште за патници и сиромаси, училишта за млади и храм.

Покрај нивните доктрини што се однесуваат на второто пришествие и саботата, адвентистите на седмиот ден веруваат дека човекот нема бесмртна душа. Кога еден човеќ ќе почине, едноставно престанува да постои сè до Второто Христово пришествие, кога Исус ќе им го воскресне телото, и тогаш ќе им даде бесмртна душа. Исто така, тие веруваат во целосното истребување на неправедните (т.е. нема да ги поднесуваат вечните маки).

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име WebStats.