Шехзаде
Шехзаде (персиски: شهزاده) — турска форма на персиската титула Шахзаде и се однесува на машките потомци на отоманската фамилја по машка линија. Оваа титула е еквивалентна на „принц по крв“ во англискиот двор.
Шах : Цар | |
Голем крал | |
Крал : Султан, Султана, Падишах | |
Кралски Принц : Шехзада (Шехзаде), Мирза | |
Благороднички принц: Шахибзаде | |
Благородништво: Наваб, Баиг, Бегзада | |
Кралско семејство: Дамат | |
Владини: Лала, Ага, Хазинедар |
Потекло
уредиШехзаде потекнува од персискиот збор shahzade или shahzada. Терминот потекнува од титулата „шах“ со додавање на персискata наставка - „задех“ или „зада“, што значи „син на“, „ќерка на", "потомок на“ или „роден од“.
Употреба во отоманското семејство
уредиВо отоманското царско семејство, титулата шехзаде се давала на машките потомци на отоманските султани. Единствено на принцот му се давала можноста да се качи на отоманскиот престол. Пред владеењето на Мехмед II (1444-1446 и 1451-1481), синовите на султаните ја користеле титулата челебија[1].
Официјалниот начин на обраќање на шехзаде е Девлетлу Наџабатлу Шехзаде Султан (даденото име) Хазтрелери Ефенди (Devletlû Najabatlu Şehzade Sultan Hazretleri Efendi). Нивните синови исто така ја поседувале титулата шехзаде додека нивните ќерки ја имале титулата султанија. Семејството Османоглу продолжува да ги користи овие титули.
Отомански назначен принц
уредиНазначениот принц ја користел титулата Вали Ахад или Вели Ахд (отомански турски: ولی عہد), што значи „наследник врз основа на заветот“, или целосно Девлетлу Наџабатлу Вали Ахад Салтанат Шехзаде Џаванбахд (дадено име) Ефенди Хазтлери.
Женски еквивалент
уредиНе постои женски еквивалент на шехзаде или посебна титула за принцези во османлиско кралско семејство. На персиски јазик, шахзаде се користи и за машки и за женски потомци на еден монарх. Кралското семејство на индиското Могулско Царство ја користело титулата шахзада за кнезовите и шахзади за принцезите.
Пред 16 век, османлиските принцези ја имале титулата хатун по нивното дадено име. Во почетокот на 16 век, отоманските принцези ја користеле титулата султанија по своето дадено име, титула кои ги имале и други истакнати членови на отоманското царско семејство.
Познати принцови
уреди- Шехзаде Мустафа (1515-1553), син на Сулејман Величествениот.
- Шехзаде Јахија (1585-1649), син на Мурат III.
- Абдулмеџид II (29 мај 1868 година - 23 август 1944 година), син на Абдул Азиз.
- Бајазит Осман (23 јуни 1924 година - 6 јануари 2017 година), втор син на внукот на султанот Абдул Меџит I, Ибрахим Тевфик.
Наводи
уреди- ↑ Peirce, Leslie P. (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. New York: Oxford University Press, Inc. ISBN 0-19-507673-7.