Антон Ажбе

(Пренасочено од Аантон Ажбе)

Антон Ажбе (словенечки: Anton Ažbé), (Доленчице, крај Јаворје при Шкофја Лока, 30 мај 1862 - Минхен, 6 август 1905) — словенечки сликар.

Антон Ажбе, фотографија од 1904 година

Животопис

уреди

Антон Ажбе е роден во селото Доленчице во близина на Шкофја Лока во Австроунгарија денес, во Словенија. Татко му починал рано, од туберкулоза, Антон бил на седум години, поради големи душевни болки, мајка му починала набрзо потоа, оставајќи ги децата сами. Децата биле сместени во други семејства. Антон бил со здравствени проблеми: заостанал во физичкиот развој со сериозни деформации на нозете и рбетот. Поради тоа неговиот правен старател по завршувањето на основното училиште, го испратил да „студира трговија“ во Целовец [1]. По пет години живеење и работа го напуштил Целовец и дошол во Љубљана. Кон кон крајот на 1870-тите години тој се сретнал со Јанез Волф, словенечки сликар. Во 1880 година Ажбе му помагал на Волф во сликањето на црквата при Загорје крај Сава, а во 1882 година, работел фрекоживопис од Црква Воведение на Пресвета Богородица (Љубљана) во Љубљана.

Волф, му помогнал на Ажбе, да се запише на Академијата за ликовни уметности во Виена, по две години, ја напуштил, незадоволен од стерилниот академизам и успеал да се запише на Академијата за ликовни уметности во Минхен, која била послободна и со по модерни сфаќања од виенската. Во Минхен, тој ја отвора познатата приватна школа „Антон Ажбе“, која била призната, почитувана и посетувана од бројни ученици[2]. Починал во 1905 година поради тешка болест[3].

 
Антон Ажбе „Автопортрет“, создаден во 1886 година

Творештво

уреди

Современите критичари имаат различно мислење за неговото творештво, најмногу поради тоа што денес, малку дела се видливи од неговиот опус – вкупно дваесет и шест, од кои едеинаесет од нив се дела настанати во неговиот ран период, од времето на минхенското студирање а само четири дела се од неговиот зрел период создадени во периодот од 1890 до 1903 година, кои се под влијание на Минхенската сецесија. Сепак, одредени фотографии и мемоарите на самиот Ажбе, сведочат за постоењето на похолем број на негови други дела, засега исчезнати, непознати или скриени во приватни колекции. Неговото творештво останува сè уште недоволно проучено и вистински вреднувано[4].

 
„Селски хор“, околу 1900 година
 
„Харем“, неговото последно познато дело opus magnum, или „Одалиска“, изгубена, нејзиното постоење е потврдена само со фотографија[5]).

Антон Ажбе како ликовен педагог

уреди

Покрај недоволно проучениот негов творечки опус, Ажбе, развил своевидна сопствена сликарска школа која што се разликувала од програмите особено на Минхенската и Виенската ликовна академија.

Го избегнувал академизмот, строгиот реализам и анатомија и инсистирал на слобода и поединечен пристап кај секој студент. Тоа биле основите или прапочетокот на одредени насоки кои се еден вид на темел на своевиден импресионизам, благодарение на кој подоцна ќе се развие познатиот словенечки ликовен импресионизам. Неговата улога како учител во таа насока е сушинска и мошне значајна во развојот особено на словенечкото современо сликарство.

Во неговото училиште се школувале идните најзначајни уметници особено во Источна Европа, уметници кои длабоко ќе ја обележат сликарската епоха во историјата на европската уметност.

 
Ажбе - „Студија“, цртеж, 1886 година

.

Позначајни ученици

уреди

Списокот на неговите ученици е своевидна енциклопедија на ликовните уметници од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век:

Библиографија

уреди

Комељ, Милчек : „Антон Ажбе : човек, сликар и учител“,Љубљана, 2008[6].Нов Словенечки лексикон, Прв том [7]. Бреда Кович –„ Антон Ажбе и неговото школо“, Љубљана, 1962[8].

Наводи

уреди
  1. /Anton Ažbe
  2. Ažbe’s pedagogical method’s
  3. [1]
  4. „Anton“. Архивирано од изворникот на 2020-08-21. Посетено на 2021-09-06.
  5. Baranovsky and Khlebnikova, p. 23.
  6. „slikar in učitelj“. Архивирано од изворникот на 2021-12-10. Посетено на 2019-04-20.
  7. ZRC
  8. Ažbe in njegova šola

Надворешни врски

уреди