КК АБА Струмица
КК АБА Струмица е поранешен македонски кошаркарски клуб со седиште во Струмица. Клубот бил поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.
КК АБА Струмица | |||
---|---|---|---|
Лига | / | ||
Основан | 2005 | ||
Распаднат | 2012 | (фузиран)||
Место | Струмица | ||
Бои на клубот | црвена и бела | ||
Позиција 2011/12 (Прва лига мажи) | плејаут 3ти(отпаднати) Прва Лига 9ти | ||
Прваци | нема | ||
Дресови | |||
|
Историја
уредиАБА Струмица била формирана во 2005 година со спојувањето на АБА Струмица со клубот Јака Радовиш и започнал со работа претежно со младински категории. Нивното име "АБА" значи "Adonai Basketball Academy" бидејќи нивниот спонзор била Протестантската Црква од САД која намената и била ширење на христијанството преку вложување на спортски проекти. Во сезоната 2007/2008 клубот дебитирал во Втората македонска кошаркарска лига. По добрата 2009/2010 сезона, клубот се пласирал во Првата Лига. Во сезоната 2011/12, екипата завршила на последното место во Плејаут-от, со што заминала во Втората Лига за следната сезона. Меѓутоа, во летото 2012 година, АБА Струмица со повеќе струмички кошаркарски клубови се фузирала и се создал нов клуб Струмица.
Состав
уредиПросечната висина на играчите на АБА Струмица била 197.15 cm, додека просечната старост е 25.3 години.[1] Составот на АБА Струмица за сезоната 2010/11 е[1][2]:[1]
број | име | висина см | позиција | година | држава | претходен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|
5 | Џон Чепел | 208 | Ц | САД | Есказу | |
14 | Ендру Стомсон | 185 | Б | САД | Северозападен Колеџ | |
8 | Марио Хасанов | 198 | Н | 1986 | Македонија | Кожув |
12 | Слободанчо Хаџивасилев | 208 | Ц | 1981 | Македонија | Милениум |
9 | Петре Цветков | Македонија | јуниорски тим | |||
4 | Зоран Делев | 184 | Н | 1984 | Македонија | Кожув |
7 | Зоран Стојанов | 202 | Н/Ц | 1985 | Македонија | АМАК СП |
14 | Џеремаја Босвел | 194 | Б | 1982 | САД | МГС Гранд |
6 | Дејвид Бучбергер | 193 | Б | САД | Лихај Универзитет | |
24 | Маркус Нил | 196 | Б | 1986 | САД | Делавер |
15 | Јордан Николов | 200 | Н | 1979 | Македонија | Неметали Огражден |
10 | Ване Заев | 196 | Н | 1990 | Македонија | Торус |
13 | Дејан Вегов | 205 | Н/Ц | 1983 | Македонија | Илинден |
11 | Иван Чикарски | 194 | Н/Ц | 1991 | Македонија | јуниорски тим |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Профил на АБА Струмица на eurobacket.com“. Посетено на 2010-11-23.[мртва врска]
- ↑ „Играчи на Македонската лига за сезона 2010/11“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-15. Посетено на 2010-11-23.
Надворешни врски
уреди