Џон Озборн
Џон Озборн (12 декември 1929 - 24 декември 1994) бил англиски драмски писател, сценарист, глумец и претприемач. Роден е во Лондон. Кратко работел како новинар[1] а потоа работел во во театар како сценски директор и глумец.[2] Се прослави со драмата „Сврти се во гневот“,[3] во која го опишува револтот на својата генерација (млади гневни луѓе) против уништената младост и хаотичната иднина на современиот свет[4].
Џон Озборн John Osborne | |
---|---|
Занимање | драмски писател и политички активист |
Националност | Англичанин |
Период | 1950–1992 |
Жанр | Социјалистички реализам, |
Значајни дела | Младите гневни луѓе |
Поради нестабилната врска со неговата прва сопруга, Памела Лејн, бил етикетиран како дел од едно пошироко културно и литературно движење во Британија по Втората светска војна, познато како „реализам на кујнско лавабо“, кое користело социјално-реалистички прикази на состојбата во државата.[5] Фразата „ лути младичи “, која ја употребил театарскиот референт за печат Џорџ Ферон за да ја опише драмата, подоцна почнала да се употребува како име за недоволно дефинирана група на луѓе претежно од работничка класа и писатели од левицата во рамките на ова движење, а Озборн бил сметан за негова водечка фигура.[6]
Драмите Забавувачот (1957), Лутер (1961) и Недозволиви докази (1964) биле исто така добро прифатени од публиката и од критиката,[7] а за Лутер во 1964 добил награда Тони за најдобра претстава. Неговите подоцнежни драми биле релативно послабо примени,[8] и тој се вратил на глумата. Глумел во Фати го Картер (Get Carter;1971)[9] и во Флеш Гордон (1980),[10] и двата филма во режија на Мајк Хоџис.
Во 1958 година соработувал со режисерот Тони Ричардсон и филмскиот продуцент Хари Салцман и ја основале Woodfall Film Productions. Целта на основањето на компанијата било да се продуцира филмска адаптација на Сврти се во гнев. Филмот под исто име бил снимен во 1959 година во режија на Ричардсон. Под водство на Ричардсон, Woodfall продуцирала некои од најпознатите британски филмови од 1960-тите. Во нив се вбројуваат екранизациите на Забавувачот (1960) и Недозволиви докази (1968), и за двете сценариото или косценариото било од Озборн, како и Том Џонс (1963), за кој го освоил Оскар за најдобро адаптирано сценарио.
Напишал автобиографија во два тома, Повисока класа на личност (A Better Class of Person) (1981) и Речиси џентлмен (Almost a Gentleman) (1991). Негова последна драма била Дежаву (1992), продолжение на Сврти се во гнев, а во 1994 година објавил не-фикциска збирка на дела, Проклета да си, Англија.[11]
Се женел пет пати, а првите четири брака биле пропратени со чести афери и лошо однесување кон сопругите.[12] Од 1978 година до неговата смрт бил во брак со новинарката Хелен Досон. Во подоцнежните години боледувал од дијабетес и умрел од компликации на болеста на 24 декември 1994 година на 65-годишна возраст.[13]
Наводи
уреди- ↑ Whitebrook 2015, стр. 32–39.
- ↑ Heilpern 2006, стр. 90.
- ↑ „John Osborne | Biography & Look Back in Anger | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2022-10-12.
- ↑ www.britannica.com
- ↑ Heilpern, pp. 93–102
- ↑ Gilleman, Luc (2008). „From Coward and Rattigan to Osborne: Or the Enduring Importance of Look Back in Anger“. Modern Drama. 51 (1): 104–124. doi:10.3138/md.51.1.104.
- ↑ Richardson 1993, стр. 88.
- ↑ Bennett, Alan (3 December 1981). „Bad John“. London Review of Books. Посетено на 23 March 2023.
- ↑ Wake, Oliver. „Osborne, John (1929-1994)“. Screenonline. Посетено на 19 April 2023.
- ↑ „Osborne, John (1929-1994): Film and TV Credits | Screenonline“. www.screenonline.org.uk (англиски). Посетено на 2023-04-19.
- ↑ Taylor, Paul (23 April 1994). „Betes noires in steaming herds“. The Independent. Посетено на 28 April 2023.
- ↑ [бара регистрација] Meyers, Jeffrey (2009). „Osborne's Harem“. Antioch Review. 67 (2): 323–339. Посетено на April 1, 2023.
- ↑ Heilpern 2006, стр. 470–479
Извори
уреди- Heilpern, John (2006). John Osborne: A Patriot for Us. Chatto & Windus. ISBN 978-0-7011-6780-6.
- Richardson, Tony (1993). Long Distance Runner: A Memoir. Eyre Methuen. ISBN 0-413-39330-5.
- Whitebrook, Peter (2015). John Osborne: 'Anger is not about...' (hardback. изд.). Oberon Books. ISBN 978-1-78319-877-1.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |