Џон Бакан
Џон Бакан (26 август 1875 - 11 февруари 1940) ― шкотски романописец, историчар и унионистички политичар. Тој бил 15-ти генерален гувернер на Канада во Канадската Конфедерација.
Џон Бакан | |
---|---|
Џон Бакан во 1935 | |
15-ти генерален гувернер на Канада | |
На должноста 2 ноември 1935 – 11 февруари 1940 | |
Монарх | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Џон Бакан 26 август 1875 Перт, Шкотска |
Починал(а) | 11 февруари 1940 Монтреал, Квебек, Канада | (возр. 64)
Професија | Писател |
Потпис | |
Портал | John Buchan Society |
Писателска кариера | |
Жанр | Авантура |
По кратка правна кариера, Бакан истовремено започнал писателска, политичка и дипломатска кариера; бил приватен секретар на администраторите на разни колонии во Јужна Африка. Најпосле пишувал и пропаганда за британските воени дејства во Првата светска војна. Бил избран за пратеник во Комбинираните шкотски универзитети во 1927 година, но поголемиот дел од своето време го посветил на неговата писателска кариера, пишувајќи го меѓу другите и познатиот роман „Триесет и девет скалила“ и други авантуристички прозни дела.
Во 1935 година, кралот Џорџ V, по совет на премиерот Бенет, го назначил Бакан за генерален гувернер на Канада. Тој ја вршел оваа функција до неговата смрт во 1940 година.
Детство и образование
уредиБакан е роден во Перт, Шкотска.[1] Бил син на презвитеријански свештеник. Неговото семејството неколку пати се преселило во текот на неговото детство, а на крајот посетувал училиште во Глазгов. На 17-годишна возраст дипломирал на Универзитетот во Глазгов.
Образованието го продолжил на Брасеновиот колеџ во Оксфорд [2] каде што се дружел со Хилер Белок. Во тоа време ги објавил неговите први дела во списанија и исто така пронашол издавачи за неговите први раскази.[3]
Кариера како писател и политичар
уредиПо дипломирањето на Оксфорд, во 1901 година Бакан станал приватен секретар на Алфред Милнер, кој тогаш бил висок комесар за Јужна Африка. Во Јужна Африка Бакан бил одговорен за реорганизација на администрацијата по Бурската војна. Две години подоцна се вратил во Лондон и станал уредник во The Spectator.[4]
На 15 јули 1907 година се оженил со Сузан Шарлот Гросвенор — братучедка на војводата од Вестминстер. Тие имале четири деца, а две од нив најголемиот дел од својот живот го поминале во Канада.[5] Од 1910 година, Бакан почнал да пишува авантуристички романи, од кои повеќето се со дејство во Јужна Африка.
За време на Првата светска војна, Бакан пишувал за Британското биро за воена пропаганда и работел како дописник од Франција за Тајмс. Тој продолжил да пишува фикција и во 1915 година го објавил неговото најпознато дело, Триесет и девет чекори, шпионски трилер со дејство непосредно пред Првата светска војна. Во 1916 година објавил продолжение на романот под наслов Гринмантл. Во јуни 1916 година, Бакан бил пратен на Западниот фронт за да се приклучи на Секторот за разузнавање на Генералштабот на британската армија.[6]
Во 1917 година, Бакан бил назначен за директор за информации, во министерството под водсво на лорд Бивербрук [5] - за што Бакан рекол дека тоа била „најтешката работа што сум ја вршел“[7] - и исто така му помагал на Чарлс Мастерман во објавувањето на месечно списание со детали за историјата на војната, првото издание било објавено во февруари 1915 година (а подоцна објавено како дело во 24 тома под наслов Нелсонова историја на војната).
По завршувањето на војната, Бакан покрај трилери и романи, почнал да пишува и на историски теми. Кон средината на 1920-тите, живеел во Елсфилд, Оксфордшир, и станал претседател на Шкотското историско друштво и управник на Националната библиотека на Шкотска.[5] На дополнителните избори во 1927 година, Бакан бил избран за член на Парламентот од Унионистичката партија за Комбинираните шкотски универзитети. Политички, тој бил од унионистичко-националистичката провининција и сметал дека Шкотска треба да биде промовирана како нација во рамките на Британската империја. За последиците од Големата депресија во Шкотска и големото иселување од таа земја како резултат на тоа, Бакан рекол: „Не сакаме да бидеме како Грците, моќни и просперитетни каде и да се населиме, со мртва Грција зад нас“.[8]
Откако Обединетата слободна црква на Шкотска во 1929 година се приклучила кон Шкотската црква, Бакан и понатаму бил активен старешина во црквата Света Колумба во Лондон, како и во Оксфордската презвитеријанска црква. Во 1933 и 1934 година, Бакан бил назначен за лордов висок комесар при Генералниот синод на шкотската црква.
Во 1935 година, книжевното дело на Бакан било адаптирано за кино со објавувањето на „39 скалила“ од Алфред Хичкок, со Роберт Донат во улогата на Ричард Ханеј, иако приказната на Бакан била многу изменета. На 23 мај истата година Бакан го добил Орденот на Свети Михаил и Свети Џорџ,[9] а на 1 јуни кралот Џорџ V му ја дал титулата барон од Твидсмуир.[10]Ова било направено како подготовка за назначувањето на Бакан за генерален гувернер на Канада затоа што кралот не можел да замисли да биде претставуван од обичен човек.
Генерален гувернер на Канада
уредиНа 27 март 1935 година, Џорџ Халси Перли во канадскиот парламент објавил дека кралот „со љубезност го одобри назначувањето на г. Џон Бјукен“ за поткрал.[11] Бакан заминал за Канада и на церемонија одржана на 2 ноември 1935 година положил заклетва како генерален гувернер на земјата.
Додека бил генерален гувернер, Бакан продолжил да пишува романи и други дела. вклучувајќи ја и неговата автобиографија. Животот во Канада очигледно влијаеше на неговата работа. Неговата сопруга, исто така, работела како писател во тоа време. Охрабрен од неа, Бакан во 1936 година ги основал книжевните награди на генералниот гувернер, кои сè уште се една од најважните книжевни награди во Канада. Бакан, заедно со неговата сопруга ја основал библиотеката во Ридо Хол.
Бакан сериозно ја сфатил својата улога на највисок претставник на круната во земјата. Од самиот почеток си поставил цел да патува долж и попреку Канада, вклучително и во арктичките региони,[12] за да го промовира канадското единство. Тој работел на зајакнување на посебен канадски идентитет и намалување на разликите помеѓу англофонските и франкофонските делови од земјата. Тој се посветил и на последиците од светската економска криза за земјата.[13]
Бакан добил почесни докторати од неколку шкотски и канадски универзитети, како и од Универзитетот во Оксфорд. Утрото на 6 февруари 1940 година, Букан доживеал мозочен удар од кој починал пет дена подоцна - единаесет месеци пред крајот на неговиот мандат.
Во Отава во чест на Букан се одржа државен погреб . Сепак, неговата пепел потоа била донесена во Англија и погребана во село во близина на Оксфорд, каде што веќе купил замок во 1920 година. На 12 јануари 2010 година, Владата на Канада, претставена од министерот одговорен за Одборот за историски локалитети и споменици на Канада, му оддала чест на Букан за неговата промоција на канадската култура и го прогласила за „Личност од национално историско значење“.
Дела (избор)
уредиКриминалистички романи
уредиШестте романи со Ричард Ханеј:
- Триесет и девет скалила, 1915 година
- Гринмантел, 1916
- Господин Стендфаст, 1918 година
- Тројцата заложници, 1924 година
- Дворовите на утрото , 1929 година
- Островот на овците, 1936 година
Авантуристички романи
уреди- Презвитер Јован, 1910 година
Четирите романи со Едвард Лајтен:
- Моќна куќа, 1916 година
- Џон Мекнеб, 1925 година
- Место за танцување, 1926 година
- Sick Heart River, 1941 година
Збирка раскази
уреди- Ноќта на Белтан, 1902 година
- Клубот Ранагејтс , 1928 година
Биографии
уредиНаводи
уреди- ↑ Perth City Heritage Fund – Perth and Kinross Heritage Trust
- ↑ „Queen's University Archives > Exhibits > John Buchan > Oxford, 1895–1899: Scholar Gypsy“. Queen's University. Архивирано од изворникот на 29 September 2011. Посетено на 30 March 2009.
- ↑ Hillmer, Norman. „Biography > Governors General of Canada > Buchan, John, 1st Baron Tweedsmuir“. Во Marsh, James H. (уред.). The Canadian Encyclopedia. Toronto: Historica Foundation of Canada. Архивирано од изворникот на 3 July 2007. Посетено на 31 March 2009.
- ↑ „Queen's University Archives > Exhibits > John Buchan > Home and Family“. Queen's University. Архивирано од изворникот на 28 October 2012. Посетено на 30 March 2009.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Office of the Governor General of Canada. „Governor General > Former Governors General > Lord Tweedsmuir of Elsfield“. Queen's Printer for Canada. Посетено на 14 April 2010.
- ↑ Charteris, John (1931) At G.H.Q., Cassell.
- ↑ „Queen's University Archives > Exhibits > John Buchan > World War 1: The Department of Information“. Queen's University. Архивирано од изворникот на 5 December 2008. Посетено на 30 March 2009.
- ↑ Собраниски расправи, House of Commons, 24 ноември 1932 г., столб 267
- ↑ „No. 34164“. The London Gazette. 28 May 1935. стр. 3443.
- ↑ „No. 34167“. The London Gazette. 4 June 1935. стр. 3620.
- ↑ House of Commons (Canada) Debates, 27 March 1935, page 2144.
- ↑ The first governor-general to travel to the Canadian Arctic was Lord Byng (GG 1921-1926) in 1925. Cited in Galbraith, William, "The Literary Governor-General" in "The Literary Review of Canada", October 1996, page 19.
- ↑ Office of the Governor General of Canada. „Governor General > Former Governors General > Lord Tweedsmuir of Elsfield“. Queen's Printer for Canada. Посетено на 14 April 2010.