„Ќе има крв“ (англиски: There Will Be Blood) — американски филм (во жанрот вестерн) од 2007 година, во режија на Пол Томас Андерсон. Главните улоги ги играат: Даниел Деј Луис, Пол Дејно и Сиран Хајндс. Филмот, кој е делумно заснован врз романот „Нафта“ на Аптон Синклер, бил номиниран во осум категории за наградата „Оскар“, меѓу кои и за најдобар филм при што освоил две награди: за најдобар глумец (Деј-Луис) и за фотографија (Роберт Елсвит). Исто така, Деј Луси освоил уште неколку награди за својата улога, како: БАФТА, „Златен глобус“, наградата на Здружението на фимлските критичари на Њујорк, наградата на Ирската филмска академија итн.[1]

„Ќе има крв
(There Will Be Blood)“
РежисерПаул Томас Андерсен
ПродуцентСкот Рудин
СценаристАптон Синклер
Главни улогиДаниел Деј-Луис
Паул Дано
Киран Хиндс
Кевин Ј. О’Конор
Дејвид Вилис
Жанрвестерн, драма
МузикаЏони Гринвуд
ДистрибутерParamount Vantage
Премиера26 декември 2007
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$25.000.000

Синопсис уреди

Овој еп за едно семејство, за вербата, за моќта и за нафтата се одвива за време на нафтениот бум во Калифорнија, во почетокот на XX век. Тоа е приказна за Даниел Плејнвју (го игра Даниел Деј-Луис), кој од рудар во рудник за сребро и самохран татко, станува нафтен тајкун. Кога Плеинвуд ќе дознае дека постои мало гратче на запад, во кое од земјата излегува цело море нафта, тој го зема синот, Х.Д (го игра Дилон Фрејзер) и си ја бараат среќата во правливиот Литл Бостон. Главната забава во градот ја обезбедува харизматичниот свештеник Ели Сандеј (го игра Пол Дано), но ништо нема да остане исто кога се појавуваат конфилкти, а секоја човечка вредност – љубов, надеж, заедништво, верба, амбиција, па дури и врската помеѓу таткото и синот – ќе бидат размрдани од корупција, измама и трката за што повеќе нафта.

Приказната почнува кога Даниел Плејнвју, случајно пронаоѓа нафтен извор и набргу се збогатува и основа мала рафинерија. По несреќата во која еден негов работник погинува, Плејнвју ја презема грижата за детето на покојниот и почнува да го одгледува како свое, давајќи му име Х.В. Тогаш, Даниел започнува да склучува деловни зделки користејќи го детето како свој рамноправен соработник, а со намера да се прикаже како човек кој е верен на семејните вредности. До 1911 година, тој стануав еден од најуспешните пронаоѓачи на нафта во Калифорнија, а тоа целосно го менува неговиот живот.[2]


Наводи уреди

  1. [www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/5005619/bice-krvi.html РТС, Биће крви (пристапено на 10.11.2022)]
  2. [www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/5005619/bice-krvi.html РТС, Биће крви (пристапено на 10.11.2022)]