Џонатан Дејвид

канадски фудбалер

Џонатан Кристијан Дејвид (роден на 14 јануари 2000 г.) — канадски профсионален фудбалер кој игра во нападот на Лил. Роден во Соединетите Американски Држави од хаитски родители, Дејвид израснал во Отава, Онтарио и игра за репрезентцијата на Канада.

Џонатан Дејвид
Дејвид во дресот на Лил во 2021 г.
Лични податоци
Полно име Џонатан Кристијан Дејвид[1]
Роден на 14 јануари 2000(2000-01-14)(24 г.)
Роден во Бруклин, Њујорк, САД
Висина 1.75 м[2]
Позиција Напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Лил Лил
Број 9
Младинска кариера
2010 Глоучестер Драгонс
2011–2015 Отава Глоучестер Хорнетс
2016–2018 Отава Интернешнелс
2018 Гент Гент
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018–2020 Гент Гент 60 (30)
2020– Лил Лил 107 (49)
Репрезентација
2017 Канада Канада под 17 г. 3 (2)
2018 Канада Канада под 21 г. 2 (0)
2018– Канада Канада 40 (24)

Дејвид е роден во Њујорк, но заедно со неговите родители се преселил на Хаити додека сè уште бил бебе, и имигрирал во Отава, Канада на шест години. Растејќи во Отава, тој играл во неколку локални младински клубови пред да се пресели во Белгија во 2018 година, каде го забележал своето профсионално деби за Гент. Две години подоцна тој се приклучил на францускиот клуб Лил, во чиј дрес освоил титули во Лига 1 и во Суперкупот на Франција. Во 2019 година, Дејвид бил прогласен за канадски фудбалер на годината.

Детство и почетоци

уреди

Џонатан Дејвид е роден во Њујорк од хаитски родители, кои се преселиле во Порт о Пренс кога тој бил на возраст од три месеци.[3][4] Кога имал шест години, тој и неговите родители емигирирале од Хаити во Канада и се населиле во Отава.[3][5] Растејќи во Отава, Дејвид го посетувал француското државно училиште Луи Риел. Тој го навел училиштето како причина за неговиот понатамошен успех.[6]

Детство и почетоци

уреди

Џонатан Дејвид е роден во Њујорк од хаитски родители, кои се преселиле во Порт о Пренс кога тој бил на возраст од три месеци.[3][4] Кога имал шест години, тој и неговите родители емигирирале од Хаити во Канада и се населиле во Отава.[3][5] Растејќи во Отава, Дејвид го посетувал француското државно училиште Луи Риел. Тој го навел училиштето како причина за неговиот понатамошен успех.[6]

Дејвид започнал да тренира фудбал на 10-годишна возраст во Глоучестер Драгонс во Отава.[3] Една година подоцна тој се приклучил на Отава Глоучестер Хорнетс, каде што се задржал до 2015 година.[3][4] Во 2016 година, тој се приклучил на Отава Интернешнлс.[3] Растејќи, Дејвид го следел фудбалот во европските лиги но не и во МЛС лигата бидејќи немал желба да игра професионално фудбал во Северна Америка. Наместо тоа, тој бил исклучително фокусиран да игра професионален фудбал во Европа.[7] Пред да потпише за белгискиот клуб Гент, Дејвид бил на проба во Салцбург и Штутгарт, но бил одбиен од двата клуба.[8][9][10]

Клупска кариера

уреди

Гент

уреди

Во јануари 2018 година, Дејвид се приклучил на белгискиот прволигаш Гент.[11] Тој го забележал своето профсионално деби за клубот на 4 август 2018 година против Зулте Варегем и успеал на Гент да му донесе реми од 1–1 со гол во судиското надополнување.[12] Само пет дена по неговиот прв лигашки настап, Дејвид влегол од клупата за резервни играчи во натпревар од третото квалификациско коло од УЕФА Лига Европа против Јагелонија Бјалисток, постгнувајќи гол во 85. минута од натпреварот за победа од 1–0 за Гент.[13] Дејвид ја продолжил својата гол серија, постигнувајќи два гола во победата од 4–1 над Васланд-Беверен.[14] Откако постигнал пет гола на првите пет натпревари, Гент потпишал со Дејвид продолжување на договорот до 2022 година.[15] Тој дополнително го продолжил договорот за една година до 2023 година во септември 2019 година.[16] Во зимскииот преоден рок во јануари 2020 година, претседателот на Гент, Иван де Вите, посочил дека има значителен интерес за Дејвид од поголеми клубови, при што неговата вредност била проценета на 20 милиони евра.[17][18]

Сезона 2020–21

уреди
 
Џонатан Дејвид и Ејнџел Гомес против Салцбург во 2021 година

На 11 август 2020 година, францускиот прволигаш Лил го потврдил потписот на Давид на петгодишен договор.[19] Износот на трансферот на Дејвид изнесувал 30 милиони евра, што го правел најскап канадски трансфер во историјата.[20] Своето деби за Лил тој го забележал на 22 август 2020 година против Рен во натпревар од првото коло од француското првенство.[21] По тешкиот старт на сезоната, Дејвид го постигнал својот прв гол за Лил на 22 ноември против Лориан, постигнувајќи го послдниот гол на натпреварот во победата од 4–0.[22]

Откако не постигнал гол на седум натпревари едноподруго,[23] тој постигнл победнички гол во судиското надополнување на првенствениот натпревар против Ремс, со што Лил се израмнил со Париз Сен Жермен на врвот на табелата.[24] На 3 февруари 2021 година, Дејвид постигнал гол во победата од 3–0 над Бордо.[25] Продолжувајќи ја добрата форма, тој за прв пат постигнал два гола на еден натпревар во Лига 1, и тоа против Нант. На 3 април, тој го постигнал победничкиот гол во гостинската победа од 1–0 над ПСЖ,[26] што била прва гостинска победа на Лил над ПСЖ по април 1996 година.[27]

На 23 мај, тој постигнал гол во гостинската победа од 2–1 над Анже со што Лил ја освоил титулата во француската Лига 1, прва по десет години.[28] Дејвид ја завршил својата прва сезона во Лил со 13 постигнати голови, од кои 11 биле во вториот дел од сезоната.[29]

Репрезентативна кариера

уреди

Младинска

уреди

Дејвид првпат бил идентификуван од страна на програмата на канадската младинска репрезентација во 2015 година, откако присуствувал на неколку кампови за играчи под 15 години и редовно бил повикуван на тренинг кампови за репрезентацијата под 17 години пред почетокот на КОНКАКАФ првенството за играчи под 17 години во 2017 година.[3] Дејвид бил дел од канадскиот состав на првенството[30] и постигнал два гола против Суринам во последниот натпревар од групната фаза.[31] Дејвид добил повик за репрезентацијата на САД под 20 години од страна на Таб Рамос во 2018 година. Тој ја одбил поканата за да се посвети на својата клупска кариера, и бидејќи негова желба била да го носи дресот на Канада.[32]

Сениорска

уреди
 
Дејвид во дресот на Канада на Светското првенство 2022

Дејвид го добил првиот повик за сениорската репрезентација на Канада на 30 август 2018 година, за квалификацискиот натпревар од КОНКАКАФ лигата на нации против Американските Девствени Острови.[33] Тој го забележал своето сениорско деби на натпреварот на 9 септември, во кој постигнал два гол во победата на Канада од 8–0.[34] Дејвид бил именуван во конечниот состав на Канада за КОНКАКАФ Златниот куп 2019 на 30 мај 2019 година.[35] Во последниот натпревар од групната фаза на првенството, Дејвид постигнал хет-трик во победата од 7–0 над Куба.[36] И покрај тоа што Канада загубила од Хаити во четвртфиналето,[37] Дејвид ја добил наградата златна копачка за најдобар стрелец, со постигнати шест гола на првенството.[38]

По победата на Канада од 6–0 над Куба на 7 септември 2019 година, Дејвид поставил рекорд за најмногу постигнати сениорски голови за репрезентацијата на Канада во една година, вкупно осум.[39] За неговите залагања, тој бил проглаен за канадски фудбалер на годината за 2019 година.[40]

На 8 јуни 2021 година, Дејвид го постигнал својот втор хет-трик за Канада во победата од 4–0 над Суринам во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.[41] Дејвид ги завршил квалификациите со постигнати девет голови, од кои пет биле постигнати во последната, трета квалификациска фаза.[42] Во ноември 2022 година, тој бил потврден во составот од 26 играчи кои ќе настапат за Канада на Светското првенство 2022 во Катар.[43]

Стил на игра

уреди

Како разновиден напаѓач, Дејвид главно игра како втор напаѓач во формација 4–4–2 или како офанзивен играч за врска;[44] и е познат по неговата способност за постигнување голови.[45] Како втор напаѓач, тој игра веднаш зад примарниот напаѓач.[44][46] Дејвид е способен да пронајде празнини во противничката одбрана и да ги нападне овие области на теренот со неговата исклучителна брзина.[44] Тој исто така е способен да создава кратки додавања и да комбинира со своите соиграчи во нападот со неговата цврста контрола и остра интеракција.[46] Поради неговиот чекор и брзина, Дејвид исто така е ефективен во контра нападите.[44] Дополнително, тој исто така е познат по неговата тактичка интелигенција, одбранбени задачи, способноста да ја чита играта, како и неговата подготвеност да ги притисне противничките играчи на топка.[47]

Успеси

уреди

  Лил

Индивидуални

Наводи

уреди
  1. „40-Player National Team Roster: 2019 Concacaf Gold Cup: Canada“ (PDF). CONCACAF. стр. 2. Посетено на 20 мај 2019 – преку Bernews.
  2. „FIFA World Cup Qatar 2022: List of players: Canada“ (PDF). ФИФА. 15 ноември 2022. стр. 6. Посетено на 22 ноември 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Профил на Фудбалската федерација на Канада
  4. 4,0 4,1 4,2 Kilkenny, Carmel (11 септември 2018). „Jonathan David impresses on the national team“. Radio Canada International. Посетено на 11 мај 2019.
  5. 5,0 5,1 „The Lille striker tracked by Europe's elite“ – преку www.bbc.co.uk.
  6. 6,0 6,1 „Jonathan David, la nouvelle coqueluche du soccer Canadien“. CBC/Radio-Canada. Архивирано од изворникот на 2021-05-23. Посетено на 18 јуни 2019.
  7. Eliasy, Alain (29 октомври 2019). „Jonathan David, goudhaantje van KAA Gent: 'Tijdens mijn puberteit had ik even andere prioriteiten'. Sport Voetbal Magazine.
  8. 1 vs 1 : Jonathan David « Je ne réalise pas encore ce que je suis devenu » (English Subtitles) (англиски), Посетено на 2022-11-29 (timestamp — talks about coach Hanny El-Magraby)
  9. „Opinion | Why Canadian Jonathan David has a real shot at joining the soccer world's one-percenters“. thestar.com (англиски). 2020-05-29. Посетено на 2022-11-29.
  10. 1 vs 1 : Jonathan David « Je ne réalise pas encore ce que je suis devenu » (English Subtitles) (англиски), Посетено на 2022-11-29
  11. „OISC Youth Player Signs First Pro Contact“. 23 јануари 2018.
  12. Nuyens, Rudy (4 август 2018). „Gent voorkomt nul op zes in slotseconden: nieuwkomer David scoort late gelijkmaker tegen Zulte Waregem“.
  13. „UEFA Europa League - Jagiellonia Białystok-Gent“. 8 август 2018.
  14. „JUPILER PRO LEAGUE – MATCHDAY 3“. 12 август 2018. Архивирано од изворникот на 13 август 2018. Посетено на 12 август 2018.
  15. „La Gantoise sécurise son talent Jonathan David en le prolongeant jusqu'en 2022“. Lavenir. 20 август 2018.
  16. „AA Gent legt goudhaantje Jonathan David langer vast“. 24 септември 2019.
  17. „Jonathan David Niet te Koop Voor 20 Miljoen Euro“. Voetbal Belgie. 8 јануари 2020.
  18. „Jonathan David: "Ik zal altijd voor mijn moeder spelen". Sporza (холандски). 7 јануари 2020.
  19. „Jonathan David au LOSC, c'est fait !“ (француски). Lille OSC. 11 август 2020. Посетено на 11 август 2020.
  20. Rouse, Daniel (11 август 2020). „Lille make Jonathan David most expensive Canadian player ever“. theScore. Посетено на 11 август 2020.
  21. Quillan, Ian (22 август 2020). „Canada's Jonathan David starts in Ligue 1 debut as Lille hold on for draw against Stade Rennes“.
  22. „Canada's David scores first goal in Lille win“. 22 ноември 2020.
  23. „Canadian Jonathan David nets winner, Lille beats Reims“. tsn.ca. 17 јануари 2021. Посетено на February 3, 2021.
  24. Pugmire, Jerome (January 24, 2021). „David scores as Lille wins 1-0 to stay level with leader PSG“. AP News. Посетено на February 3, 2021.
  25. Pugmire, Jerome (3 февруари 2021). „Weah, David score for leader Lille in 3-0 win at Bordeaux“. AP News. Посетено на 3 февруари 2021.
  26. „Neymar sees red as Lille move top with win over Paris Saint-Germain“. ESPN. 3 април 2021.
  27. @OptaJean (3 април 2021). „Paris n'a perdu aucune de ses 21 dernières réceptions de Lille en Ligue 1 (13 victoires, 8 nuls), son dernier revers à domicile face au LOSC en championnat remontant au 27 avril 1996 (0-1)“ (Tweet) (француски) – преку Twitter.
  28. „Angers 1–2 Lille“. BBC Sport. May 23, 2021.
  29. „Lille hold their nerve to clinch their first Ligue 1 title for a decade“. The Guardian. May 23, 2021. Посетено на May 24, 2021.
  30. „Canada announces squad for CONCACAF Men's Under-17 Championship“. canadasoccer.com. April 11, 2017. Архивирано од изворникот 20 април 2017.
  31. Rosano, Nick (28 април 2017). „Canada bow out of CONCACAF U-17 Championship with 2–0 win vs. Suriname“.
  32. Cardenas, Felipe. 'What has happened to me is really unbelievable':...“. The Athletic. Посетено на 26 ноември 2019.
  33. „Canada Soccer announces squad for Concacaf Nations League Qualifying“. canadasoccer.com. August 30, 2018. Архивирано од изворникот 30 август 2018.
  34. „Canada cruises to record win in Concacaf Nations League opener“. 9 септември 2018.
  35. „Together We Rise: Canada Soccer announces squad for the 2019 Concacaf Gold Cup“. canadasoccer.com. 30 мај 2019. Архивирано од изворникот 3 јули 2020.
  36. „Cavallini, David hat tricks lead Canada past Cuba in Gold Cup“. The Sports Network. 23 јуни 2019.
  37. Heroux, Devin (29 јуни 2019). „Canada crashes out of Gold Cup quarters after coughing up lead to Haiti“.
  38. „2019 Concacaf Gold Cup – Golden Boot Award“. 8 јули 2019. Архивирано од изворникот на 8 јули 2019. Посетено на 8 јули 2019.
  39. „Canada lights up Cuba, earns clean sheet to kick off Nations League campaign“. The Canadian Press. Посетено на September 8, 2019.
  40. „Canada Soccer announces Jonathan David as 2019 Canadian Player of the Year“. canadasoccer.com. December 11, 2019. Архивирано од изворникот December 13, 2019.
  41. „Canada v Suriname“. FIFA. June 8, 2021. Архивирано од изворникот на 3 јуни 2021.
  42. „David, Jonathan“. National Football Teams. Посетено на 13 септември 2018.
  43. O'Connor-Clarke, Charlie (13 ноември 2022). „Canada announces 26-man squad for 2022 FIFA World Cup in Qatar“. Canadian Premier League.
  44. 44,0 44,1 44,2 44,3 „Jonathan David: What makes the Canadian one the top young strikers in Europe?“. Total Football Analysis. September 2021.
  45. Thomas, Josh (6 јули 2019). „Who is Jonathan David? Canada's goalscoring wonderkid set to win Gold Cup Golden Boot“. www.goal.com. Посетено на 30 март 2022.
  46. 46,0 46,1 Adam White (22 ноември 2021). „Jonathan David is emerging as an elite striker at Lille. Where will he go next?“. The Guardian.
  47. Benge, James (7 јануари 2022). „Jonathan David: The Lille modern super forward who went from amateur to top transfer target in four years“. CBS Soccer. Посетено на 28 март 2022.
  48. „Lille Crowned Ligue 1 Champs With Win In Angers“. BeIN Sports. 23 мај 2021. Посетено на 24 мај 2021.
  49. „Lille beat PSG to clinch first French Super Cup“. Sky Sports. August 1, 2021. Посетено на 1 август 2021.
  50. „2019 Concacaf Gold Cup - Best XI“. goldcup.org. Архивирано од изворникот на 30 јули 2019. Посетено на 8 јули 2019.
  51. „2019 Concacaf Gold Cup – Golden Boot Award“. goldcup.org. Архивирано од изворникот на 8 јули 2019. Посетено на 8 јули 2019.
  52. „Jupiler Pro League“. jupilerproleague.be. Архивирано од изворникот на 12 септември 2020. Посетено на 16 мај 2020.
  53. „Canada Soccer announces Jonathan David as 2019 Canadian Player of the Year“. Canadian Soccer Association. 11 декември 2019. Архивирано од изворникот на 13 декември 2019. Посетено на 13 декември 2019.
  54. „Jonathan David: Player of the Year“. kaagent.be. KAA Gent. Посетено на 11 јули 2020.

Надоврешни врски

уреди