Џеферсон Сити
Џеферсон Сити е главниот град на американската сојузна држава Мисури. По пописот од 2010 година, има население од 43,079 жители. Седиште е на областа Коул. Дел од градот е сместен во областа Калавеј.
Воздушна снимка на Џеферсон Сити | |||
|
|||
Местоположба | |||
---|---|---|---|
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Џеферсон Сити Jefferson City | ||
Поштенски број | 65101-65111 | ||
Повикувачки број | 573 | ||
Официјална страница | http://www.jeffcitymo.org | ||
Управа | |||
Сојузна држава | Мисуфи | ||
Окрузи | Калавеј, Кол | ||
Географија | |||
Површина - копно - вода |
73.2 км² 70.6 km 2.6 km | ||
Надморска височина | 192 м | ||
Население | |||
Население | 43,079 (2010) | ||
Густина | 561.6 ж/км² |
Во преткокумбовските времиња, овој регион бил домот на античките староседелци, познати како градители на насипи. Кога европските колонизатори почнале да ја населуваат оваа земја, староседелците веќе биле исчезнати во историјата, а тогашните сретнати сиромашни народи биле наречени Осаж Индијанци.
Џеферсон Сити е именуван по третиот претседател на САД, Томас Џеферсон. Кога територијата на Мисури беше организирана во 1812, Сент Луис беше седиште на владата. Сент Чарлс служеше како главен град сè додека Џеферсон Сити не беше избран за ново седиште во 1821. Во 1839, ова населено место е инкорпорирано како град.
Џеферсон Сити е сместен на реката Мисури, блиску до географскиот центар на сојузната држава.