Џеладин Мурати

Политичар од Македонија

Џеладин Мурати (албански: Xhelladin Murati) (Џепчиште, тетовско, 15 февруари 1942 е македонски педагог, универзитетски професор и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. По потекло е албанец.

Животопис

уреди

Мурати е роден во тетовското село Џепчиште на 15 февруари 1942 година. Завршил учителска школа во Скопје, педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1969 година, а магистерски студии на Филозофскиот факултет во Белград во 1978. Со докторат на педагошки науки се стекнал на Универзитетот во Приштина во 1984 година. Работел како учител и бил директор на Заводот за унапредување на предучилишното и основното воспитание и образование во Тетово. Бил и професор на Педагошката академија во Скопје. За редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје е избран во 1999 по предметите Општа педагогија и Методологија на педагошките истражувања[1]. Бил пратеник во Собранието на Република Македонија[2], а ја вршел и функцијата потпретседател и член на Советот за безбедност.

Библиографија

уреди

Автор е на околу 150 стручни и научни трудови со разновидна педагошка тематика, меѓу кои и на учебниците:

  • „Општа педагогија“ и „Методологија на педагошките истражувања“ (1998), на албански јазик.
  • Проблеми на педагогијата, 1992;
  • Прилози за образованието, наставата и училиштето, 1996;
  • Аспекти на системот на образованието во Македонија, 1997 (на албански јазик) и др.

Наводи

уреди
  1. „Д-р Џеладин Мурати“. Архивирано од изворникот на 2012-11-28. Посетено на 2009-10-24.
  2. „Собрание на Македонија - ЏЕЛАДИН МУРАТИ“. Посетено на 2009-10-24.

Надворешни врски

уреди