Џанет Јелен
Џанет Луиз Јелен (англиски: Janet Louise Yellen, р. 13. август 1946 година во Њујорк, Њујорк, САД[1]) е американски економист на институтот „Брукингс“. Јелен беше претседавач со Системот на федералните резерви на САД од 2014 до 2018 година. Таа дојде на таа позиција од местото на потпретседател на Системот (2010-2014 година). Претходно таа беше претседател и главен извршен директор на Федералната резервна банка во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Ги има извршувано и задачите на претседавач на советот за економија при Белата Куќа за време на претседателот Бил Клинтон, а беше и професор по бизнис на Школата за бизнис „Валтер А. Хаас“ при Калифорнискиот универзитет, Беркли.
Џенет Јелен | |
---|---|
15-ти Претседател на Федералните резерви | |
На должноста Февруари 3, 2014 – Февруари 3, 2018 | |
Претседател | Барак Обама Доналд Трамп |
Заменик | Стенли Фишер |
Претходник | Бен Бернанке |
Наследник | Џиром Павел |
Вице Претседател на Федерални резерви | |
На должноста Октомври 4, 2010 – Февруари 3, 2014 | |
Претседател | Барак Обама |
Претходник | Доналд Кон |
Наследник | Стенли Фишер |
Член на Одбор на гувернери на федералните резерви | |
На должноста Октомври 4, 2010 – Февруари 3, 2018 | |
Претседател | Барак Обама Доналд Трамп |
Претходник | Марк В. Ослон |
Наследник | Испразнет |
На должноста август 12, 1994 – Февруари 17, 1997 | |
Претседател | Бил Клинтон |
Претходник | Вејн Анџел |
Наследник | Едвард Грамлич |
Претседател на Федерална Резервна Банка на Сан Франциско | |
На должноста Јуни 14, 2004 – Октомври 4, 2010 | |
Претходник | Роберт Пари |
Наследник | Џон Вилиамс |
18-ти Претседател на Совет на Економски Советници | |
На должноста Февруари 18, 1997 – Август 3, 1999 | |
Претседател | Бил Клинтон |
Претходник | Жозеф Стиглиц |
Наследник | Мартин Били |
Лични податоци | |
Роден(а) | Џанет Луис Јелен 13 август 1946 Њујорк Сити, Њујорк, САД |
Националност | Американско |
Партија | Демократска |
Сопружник | Џорџ Акерфол |
Деца | 1 син |
Образование | Универзитет Браун (Диплома за уметности) Универзитет Јеил (Магистрат за уметност, Докторат за филозофија) |
Потпис | Податотека:Потпис на Џенет Јелен.png |
Јелен беше номинирана од претседателот Барак Обама да го наследи Бен Бернанки како претседавач со Системот на федералните резерви на САД.[2] На 6. јануари 2014 година, американскиот сенат ја потврди оваа номинација.[3] Оваа значајна одлука одекна во јавноста и Јелен положи заклетва на 3. февруари 2014 година со што постана првата жена која ја имала оваа позиција.[4] Таа ја вршеше улогата на претседавач до 3. февруари 2018 година. Освен бројните успеси и придонеси во областа на економијата, Јелен е запаметена и по отстранувањето на многу родови пречки како жена во нејзината професија.[2]
Наводи
уреди- ↑ Congress, World Jewish. „World Jewish Congress“. www.worldjewishcongress.org (англиски). Посетено на 2020-04-13.
- ↑ 2,0 2,1 Mui, Ylan Q. „New Fed chief Janet Yellen lets a long career of breaking barriers speak for itself“. Washington Post. Посетено на 13. април 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Lowrey, Annie (2014-01-06). „Yellen Wins Backing of Senators to Lead Fed“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2020-04-13.
- ↑ „Yellen takes over Fed as Bernanke departs - Yahoo Finance“. web.archive.org. 2014-03-03. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 2020-04-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)