Џамијата Nusretiye (турски: Nusretiye Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. При изградбата на џамијата била употребена стандардната исламска архитектура со елементи на барокот. Се наоѓа во подрачјето Топхане.

Џамија Нусретије
Nusretiye Camii
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°01′38.38″N 28°58′59.38″E / 41.0273278° СГШ; 28.9831611° ИГД / 41.0273278; 28.9831611
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитект(и)Крикор Балјан
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилОтоманска архитектура
Поставен темел1823
Завршен1826
Особености
Минариња2
Саат кулата

Џамијата била изградена во периодот од 1823 до 1826 година, во времето на османлискиот султан Махмуд II (1784-1839). Џамијата се наоѓа во близина на западниот брег на Босфорот. Нејзин архитект е Крикор Балјан (1764-1831), припадник на семејството Балјан кој во текот на 19 век изградиле голем број на објекти во Отоманското Царство. Џамијата била наречена Нусретије по повод победата на султанот над јаничарите, односно укинување на овој ред[1].

Во времето на Абдул Меџид I била додадена саат кула.

Џамијата има две минариња кои се наоѓаат на источната и западната страна.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-20. Посетено на 2011-12-04.