Ќор Јусуф Зијаудин-паша
Ќор Јусуф Зијаудин-паша, познат и како Јусуф Зија-паша и Јусуф Зијадин-паша Слепиот (п. 1819) — отомански државник од грузиско потекло,[1] кој во два наврати бил голем везир на Отоманското Царство: првиот пат од 1798 до 1805 година и вториот пат од 1809 до 1811 година.[2] Пред, помеѓу и по неговата служба како голем везир, тој заземал бројни други државни служби како управител на провинции и окрузи низ царството. Како голем везир, тој ги предводел отоманските копнени сили против француската војска во отоманското освојување на Египет, а подоцна бил војсководец и во отоманските војни против Русија.
Ќор Јусуф Зијаудин Паша | |
---|---|
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 25 октомври 1798 – 21 април 1805 | |
Монарх | Селим III |
Претходник | Изет Мехмед-паша |
Наследник | Хафиз Исмаил-паша |
На должноста 1 јануари 1809 – 11 мај 1811 | |
Монарх | Махмуд II |
Претходник | Чавушбаши Мемиш-паша |
Наследник | Лаз Ахмед-паша |
Лични податоци | |
Починал(а) | 1819 |
Наводи
уреди- ↑ „Sicill-i-Osmani“.
- ↑ Somel, Selcuk Aksin (2010). The A to Z of the Ottoman Empire. Scarecrow Press, Inc. стр. xxxi–xxxii.