Љупчо Неделков
Љупчо Неделков (Кавадарци, 10 март 1964- 17 јули 2012) ― поранешен професор по етнологија, етнолог и доцент при Институт за етнологија и антропологија на Природно-математички факултет - Скопје.
Љупчо Неделков | ||
Роден | 10 март 1964 Кавадарци, СР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Починал | 17 јули 2012 Скопје, Македонија | (возр. 48)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор, етнолошки истражувач |
Животопис и образование
уредиЉупчо Неделков е роден 1964 година во Кавадарци.
Во учебната 1983/84 се запишал на студиите по етнологија на Природно-математичкиот факултет. Дипломирал во 1989 година. Во 1990 година се запишал на постдипломски студии по етнологија на Филозофскиот факултет на Одделението за етнологија во Белград. Под менторство на проф. д-р Ѓурѓица ја пријавил магистерстката теза под наслов: „Народната носија на Власите и Саракачаните во Македонија“ и успешно ја одбранил во 1996 година на Универзитетот во Белград со што се стекнал со звањето магистер по етнолошки науки. Во 1998 година пријавил тема за докторска дисертација под наслов: „Обредите на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш“, под менторство на проф. д-р Анета Светиева. Во 2003 година успешно ја одбранил и се стекнал со научно звање доктор на етнолошки науки.
Починал во 2012 година во Скопје.
Кариера
уредиВо 1990 година бил избран за стручен соработник на тогашниот Завод за етнологија на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет. Во 1997 година се стекнал со звање асистент во Институтот за географија - Завод за етнологија на ПМФ, Скопје. Во 2004 година бил избран во наставно-научно звање доцент при Заводот за етнологија на Институтот за географија на Природно-математички факултет во Скопје.
Љупчо Неделков бил теренски истражувач кој многу темелно ги спроведувал теренските истражувања.[1] Како наставник по етнологија и антропологија на Институтот за етнологија и антропологија, на додипломски студии држел предавања по предметите: Етнологија на Азија, Антропологија на религија, Менаџмент во културата, Теренска етнологија III, Етнологија Власите во Македонија, Етнологија на Кина, Антропологија на туризам. На постдипломските студии бил предметен наставник по предметите: Етнологија на Македонија, Применета антропологија и антропологија на туризмот, Антропологија на алтернативен туризам, Антропологија на граѓански културен активизам и др. Бил член на комисии за оценка и јавна одбрана на дипломски, магистерски и докторски работи на Институтот за етнологија и антропологија. Во текот на својот релативно краток работен век колегата д-р Љупчо Неделков учествувал на повеќе домашни и меѓународни конференции со свои трудови.[2]
Публикации
уредиНајголем дел од објавените статии на Љупчо Неделков се однесуваат на народната религија и поконкретно на обредите на премин од животниот циклус со посебни осврти на раѓањето, свадбата и смртта во македонската народна религија, поспецифично во Тиквеш. Други области на кои се посветил во своите статии се: етничкиот идентитет на Власите и народната носија како и на Сракачаните во Македонија со нивната нивната народна носија и исхрана.
- Список на објавени статии на Љупчо Неделков
Неделков, Љупчо. Култот кон виновата лоза и виното во Македонија, Етнолог бр. 14. МЕД Скопје 2012. 110–122.
Неделков, Љупчо. Прашање за идентитетот на македонскиот народ - симболичниот код за личен и колективен идентитет. ЕтноАнтропоЗум бр. 9. ИЕА Скопје 2011. 36-54.
Неделков, Љупчо. Симболичкиот статус на природата во обредите од животниот циклус кај Македонците во Тиквеш. Социјалните и духовните аспекти на материјалната култура. Институт за етнологија и антропологија Скопје 2009. 336–350.
Неделков, Љупчо. Етничкиот код на Власите на Балканот. ЕтноАнтропоЗум бр. 6. Институт за етнологија и антропологија Скопје 2009. 220–255.
Nedelkov, Ljupcho. Ethnic, Religious and Linguistic Diversity in Afghanistan. Skopje 2009. 45 стр.
Неделков, Љупчо. Етноисториски одлики на Тиквеш. Историја, XLI, 1–2, Скопје, 2005. 53–63.
Неделков, Љупчо. Обредна структура на раѓање кај Македонците во Тиквеш. ЕтноАнтропоЗум бр. 5. Институт за етнологија и антропологија Скопје 2005. 214–238.
Неделков, Љупчо. Народно-религиски концепт на смртта и декодирање на пораките со смртен предзнак во народната традиција на Македонците. Етнолог бр. 10, МЕД Скопје, 2004. 42–50.
Неделков, Љупчо. Носиите на Саракачаните во Република Македонија. ЕтноАнтропоЗум бр. 1. Институт за етнологија и антропологија Скопје 2001. 192–208.
Неделков, Љупчо. Свадбени обичаи – мултикултурни и етнички одлики на четири велешки села. Скопје 1999, достапно на: www.ethnology-dep.org
Неделков, Љупчо. Основни одлики на влашките народни носии во Македонија. Balkanoslavica, 25. Институ за старословенска култура Прилеп, 1998. 113–136.
Неделков, Љупчо. Традиционалната исхрана на Саракачаните во Македонија, Етнолог бр. 7–8, МЕД Скопје, 1997. 108–114.
Неделков, Љупчо. Саракачаните во Република Македонија – доселување, распространетост, современа состојба, Зборник на трудови од Првиот конгрес на географите на Република Македонија. Скопје 1997. 103–113.
Неделков, Љупчо. Сточарството во Долна Преспа, Етнолог бр. 4–5, МЕД Скопје, 1994. 188–197.
Неделков, Љупчо. Култ на мртвите – обичаи и верувања во Неготино. Етнолог бр. 2. Македонско етнолошко друштво Скопје, 1992. 52–61.
Неделков, Љупчо. Народната носија во Долна Преспа, Македонски фолклор, XXV, 50, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје, 1992. 173–190.

- Список на објавени книги на Љупчо Неделков
Неделков, Љупчо. Етноисториски одлики на Тиквеш. Историја, XLI, 1–2, Скопје, 2005. 53–63.
Неделков, Љупчо. Обредна структура на раѓање кај Македонците во Тиквеш. ЕтноАнтропоЗум бр. 5. Институт за етнологија и антропологија Скопје 2005. 214–238.
Неделков, Љупчо. Етничкиот код на Власите на Балканот. ЕтноАнтропоЗум бр. 6. Институт за етнологија и антропологија Скопје 2009. 220–255.
Nedelkov, Ljupcho. Ethnic, Religious and Linguistic Diversity in Afghanistan. Skopje 2009. 45 стр.
Неделков, Љупчо. Симболичкиот статус на природата во обредите од животниот циклус кај Македонците во Тиквеш. Социјалните и духовните аспекти на материјалната култура. Институт за етнологија и антропологија Скопје 2009. 336–350.
Неделков, Љупчо. Народната носија на Власите и Саракачаните во Македонија. Скопје 2009. 220 стр.
Неделков, Љупчо. Прашање за идентитетот на македонскиот народ - симболичниот код за личен и колективен идентитет. ЕтноАнтропоЗУм бр. 9. ИЕА Скопје 2011. 36-54.
Неделков, Љупчо. Обреди на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш. Институт за етнологија и антропологија, Скопје, 2014, 252 стр.
Неделков, Љупчо. Култот кон виновата лоза и виното во Македонија, Етнолог бр. 14. МЕД Скопје 2012. 110–122.