Љубомир Шукаров
Љубомир Шукаров (2 октомври 1919 во Велес — 6 април 2018 во Скопје) — македонски гинеколог-акушер и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]
Љубомир Шукаров | ||
Роден | 2 октомври 1919 Велес, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 6 април 2018 Скопје, Македонија | (возр. 98)|
Националност | Македонец | |
Занимање | гинеколог-акушер, универзитетски професор |
Животопис
уредиШукаров завршил Медицински факултет во Софија во 1944 година, а специјализирал гинекологија и акушерство во 1951 година во Загреб и во Скопје. Хабилитирал на темата „Проблем на цервицитисот и некои заразувања во врска со интрацервикалната инфилтрација со антиобитици“ во 1957 година.
Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника во периодот 1968-1973 и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Се усовршувал во познати центри во Европа. Промотор е на супспецијалистичката ориентација на Клиниката и вовел нови дијагностички и терапевтски методи што довело до подигнување на стручното ниво, научноистражувачката и публицистичката дејност.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шулајковски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1664. Text "series " ignored (help)