Љубомир Чивлачки
Љубомир Тодоров Чивлачки (? во Побожје, Скопско — 12 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Љубомир Чивлачки | ||
Роден | Побожје, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Банова Јаруга, Хрватска |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште во селото, а подоцна обработувал земја и чувал добиток. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил меѓу првите. Бил учесник во сите битки против балистичките банди во Скопска Црна Гора, како и против германските моторизирани единици во Качаничката Клисура, а потоа пак против балистите на Косово. Заедно со Бригадата заминал на Срем, каде учествувал во завршните операции против непријателот, за ослободување на неослободените делови на Југославија. На 12 април 1945 година во битката против Германците, храбро загинал за ослободување на Банова Јаруга. Бил закопан на борбената позиција.