Љубомир Котевски
Љубомир Котевски (3 август 1923, Скопје - 10 август 2014, Скопје) — интернист, пулмоалеролог, професор, основач и директор на Клиниката за пулмологија во Скопје.[1]
Љубомир Котевски | ||
![]() | ||
Роден | 3 август 1923 Скопје, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 10 август 2014 Скопје, Македонија | (возр. 91)|
Занимање | универзитетски професор, интернист |
Животопис
уредиЉубомир Котевски е роден во Скопје, на 3 август 1923 година, каде завршил основно и средно образование. Есента 1945 година се запишал во Белград на медицински факултет. Студиите ги завршил во мај 1951 година, и веднаш стапил на служба во Специјалната болница за ТБЦ во селото Лешок, Тетовско. Специјалистички испит по интерна медицина положил во 1956 година, а во јануари 1957 година бил избран за асистент на Интерните клиники во Скопје. За редовен професор бил избран во 1977 година[1]
Кариера
уредиЉубомир Котевски бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје од 1978 до 1982 година, а од 1982 до 1985 година бил директор на УЦМН. Тој бил основач и шеф на Одделението за пулмологија, и директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.[1] Се усовршувал на клиниките во Париз, Рим, Минхен, Лондон, Милано и Прага. Особени заслуги има за формирањето и развојот на одделите за интензивна респираторна нега, за бронхоскопија за газометрија, каде вовел современи методи за дијагностика и терапија.
Бил претседател на Здружението на алерголози и клинички имунолози на Југославија, член на Меѓународното здружение на алергологија и клиничка имунологија. Автор е на бројни стручни и научни трудови. Одликуван бил со награди и признанија, меѓу кои: Орден на трудот со златен венец, наградата „13 Ноември“ и Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.