Јусуф Акчура (татарски: Йосыф Акчура; роден на 2 декември 1876 година во Уљјановск - починал на 11 март 1935 година во Истанбул) — истакнат турски политичар, писател и идеолог со етничко татарско потекло. Тој се развил во истакнат идеолог и поборник за панТурцизмот за време на раниот републикански период, чии дела станале многу читани. Тој станал едни од водечките универзитетски професори во Истанбул.

Јусуф Акчура
Претседател на Турското историско друштво
На должноста
8 април 1932 – 11 март 1935
Претходник Тевфик Бијиклиоглу
Наследник Хасан Џемил Чамбел
Лични податоци
Роден(а) декември 2, 1876(1876-12-02)
Симбирск, Руско Царство
Починал(а) март 11, 1935(1935-03-11) (возр. 58)
Истанбул, Турција

Биографија

уреди
 
Јусуф Акчура во раните денови

Роден е во Симбирск, Руско Царствово во татарско семејство и живеел таму сè додека тој и неговата мајка не емигрирале во Отоманското Царство кога тој ималседум години. Тој се школувал во Цариград и влегол во Харбије Мектеби (Воен колеџ) во 1895 година, пред да заземе функција во Еркан-и Харбије (курс за Генералштаб), престижна програма за обука на османлиската војска.[1] Но, во 1896 година тој бил обвинет за припадност на движењето Младотурци и бил прогонет во Фезан, Отоманска Либија.

Тој побегнал во егзил во 1899 година и се пробил кон Париз каде што започнал да се појавува како строг поборник за турскиот национализам и панТурцизам. Тој се вратил во Русија во 1903 година, се населил покрај Симбирск [2] и започнал да пишува нашироко на оваа тема.[3] Најголемо внимание привлекол за неговото дело „ Tarç Tarz-ı Siyaset“ (Три политики) од 1904 година, кое првично било отпечатено во списанието „ Турк“ со седиште во Каиро.[4] Делото ги повува Турците да се откажат од мултиетничкото Отоманско Царство и наместо тоа да се свртат целосно кон нивниот турски идентитет. Тој бил еден од ко-основачите на Итифак ал-Муслимин, муслиманска партија во Русија.[5] Во 1908 година се вратил во Истанбул и станал водечка сила во Турските огништа.[6] Неговите идеи почнале да добиваат поголем интерес со Младотурската револуција и прогласувањето на Втората уставна ера. Во 1911 година тој го основал здружението Турк Јурду заедно со Ахмет Агаоглу, Али Хусеинзаде и други.[7] Во ноември 1911 година, Турк Јурду започнал да објавува списание со своето име, кое се обидувало да стане интелектуална сила зад турскиот национализам.[8]

Во 1915 година тој повторно основал со Ахмет Агаоглу и Али Хусеинзаде Турко-татарскиот комитет (ТТЦ) во Истанбул, чија цел била да ги бранат правата на турко-татарските муслимани во Русија.[9] Во јуни 1916 година, ТТЦ испратил делегација на Конференцијата за националности, но не можел да претстави единствена резолуција. Секој делегат требало да ја претставува својата нација. Затоа Акчура зборувал за Татарите и ги барал истите граѓански, политички и верски права како руските православни граѓани и правото да предаваат на нивниот мајчин јазик. Во јули 1916 година го посетил Цирих и остварил контакт со Владимир Ленин. Тој сакал да знае каква судбина ги чекаат турските народи од водачот на револуционерите.[10] Во летото 1917 година му била дадена задача да преговара за ослободување на османлиските затвореници во Русија од страна на Отоманската Црвена полумесечина. Затоа, најпрво отпатувал во Данска, Шведска и останал околу една година во Русија.[11]

Откако ја завршил својата мисија за Отоманската Црвена полумесечина, тој се вратил во Турција и се приклучил на новооснованата партија Мили Турк Феркаси во октомври 1919 година.[12] Нешто разликувајќи се од режимот, тој го дефинирал турскиот идентитет во чисто етничка смисла и започнал да бара надвор од границите на земјата за сродство со другите турски народи. Тој исто така повикал на создавање на национална економија и оддалечување од исламските вредности (област во која се судри со Зија Гакалп, бидејќи Акчура сакал секуларна Турција, плашејќи се дека панисламизмот ќе го попречи националистичкиот развој), што значи дека тој бил во голема мерка симпатичен кон Кемал Ататурк. Во 1923 година бил избран за пратеник во Истанбул, кој го задржал до 1934 година, кога бил избран за пратеник во Карс.[13] Во 1932 година станал претседател на Турското историско друштво.[14]

Починал во Истанбул во 1935 година.[15]

Наводи

уреди
  1. Thomas, David. „Uc Tarz-i Siyaset (Three policies), Yusuf Akcura (1876-1935)“. Архивирано од изворникот на 2005-02-22. Посетено на 28 September 2019.
  2. Georgeon, François (1980). Aux origines du nationalisme turc. Paris: Éditions ADPF. стр. 23. ISBN 2865380084.
  3. Akçura, Yusuf (2013-01-21), „Three types of policy“, Modernism: The Creation of Nation-States : Discourses of Collective Identity in Central and Southeast Europe 1770–1945: Texts and Commentaries, volume III/1, Discourses of Collective Identity in Central and Southeast Europe 1770–1945, Central European University Press: 218–226, ISBN 9786155211935, Посетено на 2019-09-29Akçura, Yusuf (2013-01-21), "Three types of policy", Modernism: The Creation of Nation-States : Discourses of Collective Identity in Central and Southeast Europe 1770–1945: Texts and Commentaries, volume III/1, Discourses of Collective Identity in Central and Southeast Europe 1770–1945, Central European University Press, pp. 218–226, ISBN 9786155211935, retrieved 2019-09-29
  4. „Uc Tarz-i Siyaset (Three Policies), Yusuf Akcura (1876-1935)“. 2006-06-22. Архивирано од изворникот на 2006-06-22. Посетено на 2019-09-28.
  5. Shissler, Ada Holland (2003). Between Two Empires: Ahmet Agaoglu and the New Turkey (англиски). I.B.Tauris. стр. 124–126. ISBN 978-1-86064-855-7.
  6. Landau, Jacob M. (1981). Pan-Turkism in Turkey. London: C. Hurst & Company. стр. 40–42. ISBN 0905838572.
  7. Karpat, Kemal H. (2001-05-03). The Politicization of Islam: Reconstructing Identity, State, Faith, and Community in the Late Ottoman State (англиски). Oxford University Press. стр. 377. ISBN 9780195350494.
  8. Ada Holly Shissler. Between Two Empires: Ahmet Agaoglu and the New Turkey, I.B.Tauris, 2003, p. 158
  9. Georgeon, François (1980). Aux Origines du nationalisme turc : Yusuf Akçura (1876-1935). Paris: Éditions A.D.P.F. стр. 78. ISBN 2865380084.
  10. Georgeon, François (1980). Aux Origines du nationalisme turc : Yusuf Akçura (1876-1935). Paris: Éditions A.D.P.F. стр. 79. ISBN 2865380084.
  11. Georgeon, François (1980). Aux Origines du nationalisme turc : Yusuf Akçura (1876-1935). Paris: Éditions A.D.P.F. стр. 79–80. ISBN 2865380084.
  12. Georgeon, François (1980). Aux Origines du nationalisme turc : Yusuf Akçura (1876-1935). Paris: Éditions A.D.P.F. стр. 81. ISBN 2865380084.
  13. Georgeon, François (1980). Aux origines du nationalisme turc. Paris: Éditions ADPF. стр. 82. ISBN 2865380084.
  14. Sever, Ayşegül; Almog, Orna (2019). Contemporary Israeli-Turkish Relations in Comparative Perspective (англиски). Springer. стр. 17. ISBN 9783030057862.
  15. Kocatas, Onur. „The Cemeteries of Istanbul: Escape from the Hustle and Bustle of the City « I was in Turkey“. iwasinturkey.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-14. Посетено на 2019-09-29.

Надворешни врски

уреди