Јордан Јаневски
Јордан Јаневски (роден на 29 јануари 1933 година во Скопје - починал на 15 ноември 1999 година во Скопје) — македонски тонснимател и тонски монтажер.[1]
Јордан Јаневски | ||
Роден | 29 јануари 1933 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 15 ноември 1999 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | тонснимател |
Животопис
уредиЈордан Јаневски основно и средно техничко образование завршил во Скопје. Во 1950 година започнал да работи во „Вардар филм“, каде што останал да работи сè до своето пензионирање во 1991 година. За професијата тон-снимател стручно се оспособил низ работата на филмовите што ги реализирала младата македонска кинематографија, а потврда за својот квалитет добил на Фестивалот на југословенскиот документарен и кусометражен филм, Белград '92, каде за тонска обработка на филмот „Огнена бригада“ е добитник на наградата Златен медал - Белград. Неговата филмографија (127 единици) би била побогата доколку се земе предид неговиот ангажман како асистент тон-снимател во почетокот на македонското филмско производство и работата надвор од матичната институција „Вардар филм“.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јаневски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 633. Text "series " ignored (help)