Јонас Кинде
Јонас Кинде (роден на 7 мај 1980 година) е спортист атлетичар, по потекло од Етиопија, но сега живее и тренира во Луксембург. Тој бил избран од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреварува за Олимпискиот тим за бегалци на Летните олимписки игри 2016 година во Рио де Жанеиро, Бразил. Негов тренер е Ив Голди. Јонас го истрчал својот најбрз маратон со време од 2 часа и 17 минути.
Личен живот
уредиЈонас потекнува од Етиопија. Тој живее во Луксембург од 2012 година, а под меѓународна заштита во Луксембург е од 2013 година.[1] Јонас зборува француски, англиски, луксембуршки и амхарски. Работи како терапевт за масажа.[2][3][4]
Атлетска кариера
уредиЈонас почнал да трча во Етиопија како тинејџер, главно во крос-кантри, 10.000 метри и полумаратони, на крајот напредувајќи до целосниот маратон. За време на неговата релативно кратка тркачка кариера во Европа, додека тренер му бил Ив Голди, има освоено неколку титули во Луксембург, Франција и Германија.[5] Во Франкфурт, Германија, тој го постигнал својот личен максимум во 2015 година за 2 часа и 17 минути.
Поради неговиот статус на бегалец, на Јонас не му е дозволено да се натпреварува на меѓународни натпревари, и покрај тоа што бил доволно брз за да се квалификува.[се бара извор] На 3 јули 2016 година, МОК објави дека Јонас ќе биде дел од тимот од десет спортисти избрани да се натпреваруваат како тим за олимписки спортисти бегалци на Летните олимписки игри 2016 година во Рио де Жанеиро, Бразил.[6] Јонас трчал на маратон за мажи.[7]
Натпревари
уредиГодина | Натпреварување | Град | Место | Настан | |
---|---|---|---|---|---|
Representing Refugee Athletes | |||||
2016 | Summer Olympics | Rio de Janeiro, Brazil | 90th | Marathon | 2:24:08 |
Лични рекорди
уреди- 1500 м – 3:56,56 во Кирхберг (ЛУКС) на 18.02.2014 г.
- 3000 m – 8:38.10 во Кирхберг (ЛУКС) на 30.01.2016 г.
- 5000 m – 14:32.69 во Шифланж (ЛУКС) на 04.08.2013 г.
- 8 км пат – 23:05 часот во Трир (ГЕР) на 31.12.2013 г.
- 10 км Пат – 30:01 во Лангсур (ГЕР) на 09.11.2013 г.
- Полумаратон – 1:03:22 во Ремих (ЛУКС) на 28.09.2014 г.
- Маратон – 2:17:31 во Франкфурт (ГЕР) на 25.10.2015 г.
Наводи
уреди- ↑ tetrik.ch. „Ethiopian,Yonas Kinde, selected for Refugee Olympic Team for Olympic Games Rio 2016 - IOC News Room“. Архивирано од изворникот на 2022-05-17. Посетено на 2022-06-24.
- ↑ Davis, Rebecca (2016-08-01). „From Peace Run to Rio: The Story of Refugee Olympic Team“. NBC News (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-02-07. Посетено на 2017-02-07.
- ↑ Armstrong, Jeremy (2016-08-02). „10 inspirational stories of the first Refugee Olympic team at Rio 2016“. Mirror. Архивирано од изворникот на 2017-02-07. Посетено на 2017-02-07.
- ↑ Blair, Olivia (2016-08-09). „The inspirational stories behind the Olympic refugee team“. The Independent (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-02-07. Посетено на 2017-02-07.
- ↑ „ARRS - Runner: Yonas Kinde“.
- ↑ „Refugee Olympic Team to Shine Spotlight On Worldwide Refugee Crisis“. International Olympic Committee. 3 June 2016. Посетено на 3 June 2016.
- ↑ „Refugee Olympic Team“ (PDF). International Olympic Committee. Посетено на 5 June 2016.
Надворешни врски
уреди- Профил Архивирано на {{{2}}}. на сите.athletics.com
- Yonas Kinde
- Статија за Јонас