Јован Андрејевиќ
Јован Андрејевиќ (Нови Сад, 6 октомври 1833 — Нови Сад, 21 јули 1864) бил лекар, новинар и еден од оснувачите на Српскиот народен театар во Нови Сад.
Јован Андрејевиќ | ||
Роден | 6 октомври 1833 Нови Сад, Австриско Царство | |
---|---|---|
Починал | 21 јули 1864 Нови Сад, Австриско Царство | (возр. 30)
Таткото на Јован Андрејевиќ, Григорије-Глиша, бил свештеник и парох на Саборната црква, додека неговата мајка Персида умрела многу рано, така да нејзиниот син не ја запамтил. Јован Андрејевиќ од малите нозе растел во добростоешка средина, која му овозможила да добие соодветно образование. Основното училиште и првите шест одделенија на гимназија ги завршил во Нови Сад. Меѓутоа, пожар кој избувнал во 1848 година го уништил Нови Сад, а и многу од неговите жители материјално, па и таткото на Јован Андрејевиќ. Јован, подучувајќи ги своите материјално побогати другари, ги изучил седмото и осмото одделение на гимназија во Темишвар во 1853 година.
После завршената гимназија отишол во Пешта, каде ги започнал студиите на медицина, потоа во Прага и на крај во Виена, каде докторирал. За време на студиите се занимавал со научното дело и дошол до нови резултати, кои ги соопштил на стручни лица преку Извештајот на Виенската академије на наука под името "-{Ueber den feineren Bau der Leber}-". Покрај научната работа, во текот на студирањата активно учествувал во делото Соединета српска младина, збаради што имал и неприлика со Баховата полиција. За време на престојот во Виена двапати бил во затвор.
Андрејевиќ бил член на уредништвото Даница, соработник на Српскиот дневник и, заедно со Јован Ѓорѓевиќ, еден е од оснувачите на Српски народен театар.[1] Покрај големиот интерес за науката, Андрејевиќ стигнал да напише и низ на книжевни дела. Уште во 1858 година ја објавил во Седмица расправата околу фотографијата, а нешто подоцна, во Даница, и членци во областа на уметноста. Андрејевиќ бил и одличен преведувач. Преведувал од енглески и германски јазик. Бил прв во Србите кој се обидел да преведува од Шекспир од оригинал, пак е дел од „Ричард Трети", во неговиот превод, бил прикажан во Нови Сад во 1864 година за тристогодишницата на раѓање на Вилијам Шекспир.
Андрејевиќ како студент оболел од туберкулоза, што го приморало да ги прекине своите научни истражувања и да се врати во Нови Сад. По враќањето од Виена, 16 мај 1861 година, му поднел барање на Магистрат во Нови Сад во кој го моли за дозвола да отвори приватна пракса. Како лекар практичар, Андрејевиќ многу брзо стекнал добра репутација.
По доаѓањето во Нови Сад, се оженил со Јелка Бајиќ, но бракот останал без деца. Забрзо Јован Андрејевиќ повторно почнал да заболува од туберкулоза, пак во текот на 1864 година бил врзан за постела сè до својата смрт на 21 јули. Сахранет е со молитвено присусвтво на владика Платон на Алмашки гробишта во Нови Сад, непосредно низ јужната страна на капелата, каде му се наоѓа гробот, додека скроманиот споменик е наслонет на ѕидот од капелата. Неговата заоставнина изнесувала сè на сè 306 форинти. Спрема изјавите на неговата сопруга Јелка, застапена е на фондот на Новосадската гимназија, чиј дародавец Андрејевиќ и за живот бил.
Наводи
уреди- ↑ Сакач, Дејан (2011). „Др Јован Андрејевић Јолес, први српски анатом живот и дело“. Српски архив за целокупно лекарство: 838–842.