Јанез Милчински (роден на 3 мај 1913 година во Љубљана - починал на 28 јули 1993 година во Љубљана) — словенечки лекар, специјалист за судска медицина, деонтолог и правник, редовен професор на Медицинскиот факултет во Љубљана, Словенија (од 1957).[1]

Јанез Милчински
Роден 3 мај 1913
Љубљана, Австроунгарија
Починал 28 јули 1993
Љубљана, Словенија
Занимање лекар

Животопис

уреди

Дипломирал на Правниот факултет во Љубљана (1936). Студирал медицина најпрвин во Љубљана, а потоа во Загреб, каде што и дипломирал (1940). Бил активен учесник во НОБ. Се усовршувал во Белгија, Франција, Швајцарија, Австрија и Германија. Од 1945 до 1983 г. бил директор на Институтот за судска медицина на Медицинскиот факултет во Љубљана, а истовремено и раководител на Катедрата за судска медицина на Медицинскиот факултет од 1954 до 1955 и од 1962 до 1964 г. бил декан на Медицинскиот факултет, проректор на Универзитетот (1970–1973), а потоа ректор (1973– 1976). Од 1970 до 1973 бил претседател на Меѓународната академија за судска и социјална медицина. Почесен докторат му е доделен во Љубљана (1979) и во Лајпциг (1987).

Во 1961 г. бил избран за дописен, а во 1970 за редовен член на САЗУ, од 1976 до 1992 г. бил претседател на САЗУ. За член надвор од работниот состав на МАНУ бил избран на 14. Ⅴ 1979 г. Стручниот и научниот придонес на Милчински е првенствено од областа на судската медицина (во идентификацијата на труповите при масовна катастрофа). Своите сознанија и искуствата на неговата екипа ги применил при масовни страдања на луѓето поради земјотреси (Скопје 1963, Сицилија 1968, Ел Аснам во Алжир 1980), при авионски несреќи (Брник 1966, Крк 1971, Маганик во Црна Гора 1974, Ајачо 1981), при железнички несреќи (Загреб 1974, Боровница 1976). За својата работа добил светски признанија. Во несреќите ги изучувал форензидните аспекти на сообраќајниците, дејството на алкохолот во сообраќајните несреќи, нивната превенција, оценката на телесните повреди и работоспособноста на повредените. Се занимавал со проблемите на медицинската етика и кривичната одговорност на здравствените работници во професионалната дејност, прашања од општата и специјалната деонтологија. Ги изучувал проблемите на судско-медицинските аспекти на итната помош и оживување на онесреќените. Од својата об-ласт публикувал 200 трудови и 4 книги. Бил матичар на новоформираниот Медицински факултет во Скопје (1947) и помогнал во развојот и работата на Катедрата по судска медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1977 г. бил избран за надворешен дописен член на ЈАЗУ, во 1978 на АНУ-БиХ и САНУ, а во 1985 на ЦАНУ.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Милчински“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 954. Text "series " ignored (help)