Јалиџик
Јалиџик (грчки: Φίλυρο, Филиро; до 1926 г. Γιαλιτζίκ/Γιαλιτζήκ, Јалиѕик[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 5.531 жител (2021).
Јалиџик Φίλυρο | |
---|---|
Координати: 40°41.28′N 23°0.15′E / 40.68800° СГШ; 23.00250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Капуџилар-Хортач |
Општ. единица | Хортач |
Надм. вис. | 509 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 5.531 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во северниот дел на планината Хортач, на 4 км источно од солунската населба Лембед и на 5,5 км североисточно од Кара Усеин. На 2 км северно од селото, на Хортач е сместен големиот старостилен манастир „Св. Рафаил и Св. Троица“.[3]
Историја
уредиВо XIX век Јалиџик било турско село во Солунската каза. Според Боривое Милоевиќ, пред војните селото имало 100 турски куќи.[4] Во текот на војните населението го напуштило селото[5]. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1914 г. во Јалиџик се доселиле три големи рода од Понт и Кавказ, но претежно од покраината Карс. Доселувањето продолжило и понатаму. Во 1920 г. селото имало 361 жител.[5] Во 1928 г. селото е преименувано во Филирос или Филиро. Во 1928 г. тоа е заведено како дојденско село со 97 дојденски семејства сочинети од 365 лица.[6]
Во 1981–1993 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 555 | 492 | 519 | 547 | 1.019 | 2.192 | 3.620 | 5.495 | 5.531 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Ι.Μ.Αγίου Ραφαήλ και Αγίας Τριάδος“. Ι.Μ.Αγίου Ραφαήλ και Αγίας Τριάδος. 1 мај 2017.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 322. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012