Ѓорѓи Томовски
Ѓорѓи Томовски (роден во 1977 година во Скопје) — македонски сликар и мозаичар.
Ѓорѓи Томовски | ||
Роден | 1977 Скопје , Македонија | |
---|---|---|
Занимање | сликар и мозаичар |
Животопис
уредиТомовски е роден во Скопје во 1977 година. Средно уметничко училиште завршил во Скопје во 1996, а дипломирал во 2001 година на сликарскиот отсек при факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Родољуб Анастасов.
Активно работи мозаик од 1996 и учесвувал како соработник во изведбата на мозаиците на проф. Газанфер Бајрам во парламентот на Македонија, во „ВИП" салонот на аеродромот во Скопје како и мозаикот поставен во холот на Македонскиот народен театар.
Член е на ДЛУМ од 2002 година. Учествувал на повеќе групни изложби и уметнички колонии, а првата самостојна изложба му била под наслов „Од утро до утро, со градот и без него“ одржана во КИЦ 2005 година.[1] Живее и работи во Скопје.
Наводи
уреди- ↑ „Културни манифестации ДЕНЕСКА ...“. Вечер. 2005. Посетено на 2012-02-16.[мртва врска]