Палата на Собранието на Македонија
Палата на Собранието на Република Македонија — една од најмонументалните градби во Република Македонија, за која во април 1930 година бил распишан и конкурс за проектирање[1], на кој потоа победил архитектот Виктор Лукомски). Зградата била изградена во 1938 година, по проект на чехословачкиот архитект Виктор Ј. Худак. Градбата била концепирана во модерен архитектонски јазик за тоа време, со посебен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, во облик на надворешен петаголник со внатрешен двор со сала. Применетата фасаден украс е со геометриски содржини, присутни во одделни партии. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и внатрешноста, проектирани-дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937) во резба - Сала Длаборез, со целосно обложување на ѕидовите со дрво, поделени на геометриски полиња, каде биле применети во резба различни геометриски, вегетативни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција. Изведбата на овој украс му била доверена на Глиша Костовски, столар и резбар од Тетово, со неговата тајфа.
Палата на Собранието | |
---|---|
Палата на Собранието на Република Македонија | |
![]() | |
Поранешни називи | Банска палата |
Општи податоци | |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Сегашни станари | Собрание на Македонија (1944-) |
Почната | 1930 |
Завршена | 1938 |
Отворена | 1939 |
Нарачател | Вардарска Бановина |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Виктор Лукомски |
Зградата е во употреба од 1939 година како Управна палата на тогашната банска управа.
По ослободувањето на Скопје 1944 година во зградата е сместена целокупната администрација на македонската народна власт: претседателот на Демократска Федерална Македонија, Народното Собрание, Владата и Уставниот суд.
Во периодот од 1954-1963 година изградени се свечената сала и сала 2, а внатрешно биле уредени помалите сали во свечениот дел, охридска и струшка соба со дрворез на таваните, ѕидовите и вратите изработени од мајсторите на традиционалната резбарска школа од Охрид, како и гипсан украс изработен од дримколските мајстори. Малиот свечен салон, салата на Уставната комисија, ресторанот, како и кабинетите, внатрешно биле уредени со ламперија во интарзија.
Со земјотресот што го зафатило Скопје во 1963 година, зградата на Собранието видно била оштетена, после што биле преземени големи зафати за нејзино санирање и реконструкција.
Во 1966/67 година е реконструирана и ентериерно уредена парламентарната сала, а изградени се и две нови сали, сала 3 и сала 4.
Со осамостојување на Република Македонија во 1991 година, во зградата покрај Собранието на Република Македонија, сѐ до 12 мај 2009 година бил сместен и Кабинетот на претседателот на Републиката. Во 2009 година, во скопската резиденцијална населба Водно била пуштена во употреба Претседателската палата (Вилата „Водно“).[2]
Палатата на Собранието располага со повеќе сали за седници, кабинети на претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, на потпретседателите, на претседателите на комисиите, на координаторите на пратеничките групи, на генералниот секретар на Собранието и неговите заменици, како и на раководителите на стручните служби и на секторите.
Наводи
уреди- ↑ „Конкурс за Банску палату у Скопљу“. Службени лист Вардарске бановине (Службен весник на Вардарска бановина) (1): 33–34. 6 април 1930. Посетено на 3 јануари 2025. Text "issue:UB_00216_19300406" ignored (help); Text "article:page34" ignored (help); Text "page:33 " ignored (help)
- ↑ „Претседателската вила „Анекс" стана „Водно"“. Дневник. 20 мај 2009. Посетено на 26 јануари 2021.
Надворешни врски
уреди- Палата на собранието Архивирано на 2 мај 2008 г.