Ѓорѓи Зафироски (роден на 28 ноември 1945 година во Долна Бањица, Гостиварско) — македонски ортопед, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 1996 година.[1]

Ѓорѓи Зафироски
Роден 28 ноември 1945
Долна Бањица, Гостиварско, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање ортопед

Зафироски дипломирал медицина во Скопје (1969), каде што и магистрирал (1981), а докторирал во Белград за процената на вредноста на моделот на злоќудните коскени тумори (1984). Се усовршувал во Данска, Шведска, Финска, САД и во Јапонија. Бил директор на Клиниката за ортопедија (1997-2002). Вовел примена на компјутерска евалуација, дијагностика и терапија на коскените тумори со реконструктивни хируршки методи во лекувањето на туморите и ја вовел криохирургијата во спасувачките оперативни зафати. Работел експериментално пресадување на автогена коскена срцевина. Објавил над 160 трудови. Член е на бројни национални и меѓународни стручни асоцијации. Од 2010 година работи во Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Зафироски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 559. Text "series " ignored (help)