Ѓоре Печијарески (6 март 1922 во Прилеп —  ? ) — Научен советник, раководител на Одделението за технологија, ферментација и фабрикација при Институтот за тутун - Прилеп, македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, 1950 година. Од дипломирањето па сè до 1954 година работел во Институтот за тутун - Прилеп. Потоа по барање на Општина Прилеп, минува на работа во Земјоделското стопанство, специјализирана за производство на тутун, н.х. „Орде Чопела“ на должност директор. По неколку години повторно се враќа во Институтот, како шеф на Работната единица за технологија, хемија, ферментација и фабрикација на тутунот.[1]

Во 1977 година е избран за директор на Институтот, а потоа и шеф на одделението за технологија, ферментација, фабрикација на тутунот. Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, во 1978 година. Во звање научен советник е избран во 1972 година.[1]

Учесник во НОВ и негови признанија

уреди

Учесник е во НОВ од 1941 година. Одликуван е со:[1]

Носител на Третоноемвриска награда на Собранието на Општина Прилеп, има добиено златна плакета од сложената организација „Југотутун" - Скопје и златна плакета од Тутунскиот комбинат - Прилеп како и многу други писмени признанија и пофалници.

Функции кои ги извршувал

уреди

Поради својата општествена активност, повеќе пати бил биран на општествено-политички функции. Бил пратеник во Соборот на производителите на Собранието на СРМ, делегат во Сојузниот собор на Собранието на СФРЈ, член на комисијата за избор и именување на Сојузното собрание, двапати биран за член на комисијата за Статутарни прашања на Сојузот на комунистите, исто така двапати биран за претседател на ОК на СКМ на општина - Прилеп. Бил делегат на трите последни Конгреси на СКМ и СКЈ.[1]

Еден е од основачите на Друштвото за наука и уметност - Прилеп и негов повеќегодишен претседател. Бил биран за претседател на Централниот работнички совет на сложената организација „Југотутун" - Скопје, како и на многу други изборни функции во Републиката и Општината.[1]

Научни трудови

уреди

Со сопствени научни трудови учествувал на следните меѓународни и југословенски симпозиуми:[1]

  1. Втор меѓународен научен симпозиум 4, 5 и 6.10.1962 год. во Скопје.
  2. Прв меѓународен научен симпозиум по тутун 5-12.09.1965 год. во Пловдив.
  3. Меѓународен научен симпозиум по тутун 26-29.10.1966 год. во Атина.
  4. Југословенски научен симпозиум по тутун 1968 год. во Скопје.
  5. Меѓународен научен симпозиум по тутун 14-19.09.1970 год. во Хамбург.
  6. Југословенски научен симпозиум по тутун 4-5.10.1971 год . во Скопје.
  7. Симпозиум „Наука и стопанство" 10.1972 год. во Скопје
  8. Југословенски научен симпозиум по тутун 21-22.09.1972 год. во Мостар.
  9. Југословенски научен симпозиум по тутун 7-8. 09.1973 год. во Скопје
  10. Меѓународен научен симпозиум по тутун 1974 год. Montreux.
  11. Меѓународен научен симпозиум по тутун 1974 год. во Ница

Библиографија[1]

уреди
  1. Сорбитолот како средство за кондиционирање на тутунот. Тутун 5-6 /1955.
  2. Односот на главното ребро и лиската спрема вкупната тежина на листот кај македонските типови: „Прилеп“, „Јака“ и „Отља“. Тутун 2/ 1959.
  3. Тутунопроизводството во земјоделските стопанства и задругите за тутун во НРМ, стручен реферат поднесен на стручно советување во Деловното здружение „Македонија-тутун“ - 1959.
  4. Осовременување на тутунопроизводството, реферат поднесен на научно советување во Стопанската комора на НРМ . 10.01.1963.
  5. Тежина на единица површина на листот ка ј македонските типови „Прилеп“, „Јака“ и „Отља“. Тутун 3/ 1961.
  6. Механизирање на нижењето, акутен проблем на нашето тутунопроизводство - Тутун 8-9/1961.
  7. Производство на расад во Земјоделското стопанство за производство и обработка на тутун „Борка Левата“ - Тутун 2/ 1962.
  8. Потреба од комбинирано сушење од типот „Прилеп“ - Тутун 8-9/ 1962.
  9. Плантажно производство на тутун, научен реферат поднесен на Меѓуна родниот симпозиум по тутун одржан во Скопје 4-5.10.1962.
  10. Вододржна способност на македонските типови тутун „Прилеп“, „Јака“ и „Отља“. - Тутун 1-2/1963.
  11. Тутунопроизводството на социјалистичкиот сектор и неговото унапредување, Народна задруга од 19.05 .1963 год .
  12. Механизирање на индустриската манипулација (заеднички со Т. Атанасоски) - Тутун 3-4/ 1963 .
  13. Услови за развој на социјали стичкото производство. Стопански преглед,1959.
  14. Производство на тутун во прилепскиот реон и можности за негово подобрување од аспектот напобербената обработка (заеднички со инж. Ј. Ѓурчулоски) - Тутун 6-7/ 1963 год .
  15. Местото и улогата на задругите во тутунопроизводството во СРМ - Тутун 1-2/ 1964.
  16. Прибирање на тутунот од реколтата 1964 год. - Тутун 5-6/ 1964.
  17. Влијание на наводнувањето врз воднофизичките својства кај типот „Прилеп“ - Тутун7-8/ 1 965.
  18. Вештачко досушување на тутунот од типот „Прилеп“ - Тутун 7-8/ 1965.
  19. Сушење и досушување на тутунот. Народен глас 19 - 09.1065.
  20. Влијание на еколошките услови врз хемискиот состав на тутунот научен реферат поднесен на Меѓународниот симпозиум во Пловдив. Септември 1965.
  21. Објективна процена на тутунот од типот „Прилеп“, класиран по мерилата за откуп - Тутун 9-10/ 1966.
  22. Contribution а l'etude du probleme de la qualite du tabac oriental en rapport avec quelques - uns des signes exteriers du tabac en feuille - научен симпозиум во Атина 1966.
  23. Сушење на ориенталоките тутуни во лист - Тутун 3-4/1967.
  24. Формирање на лионата маса по инсерции кај типот „Прилеп“ во зависност од климатските услови - Тутун.
  25. Осовременување на тутунопроизводството (реферат поднесен на советување на Стопанската комора на НРМ. Скопје 10.01.1061.
  26. Природно и вештачко сушење на тутунот (предаден на Институтот за тутун и НО на Општина Прилеп).
  27. Кадрови во производството и индустријата на тутунот, труд работен за потребите на Институтот.
  28. Проблеми на тутунопроизводството од општествено-економско значење (Тема изнесена преку радио-телевизија Скопје). 16.04.1965.
  29. Прилог кон проучувањето на поважните технолошки својства на тутунската суровина од типот „Прилеп“ во зависност од еколошките услови (Докторска дисертација)
  30. Влијанието на басарата, зелената мрежа и прегореноста , врз некои технолошки својства на тутунот од типот „Прилеп“. Научен реферат поднесен на симпозиумот во Скопје - Тутун 9-10/ 1968.
  31. Влијание на басарата , зелената мрежа и прегореноста врз хемискиот состав на тутунот од типот „Прилеп“, Тутун 3-4/ 1969.
  32. Формирање на лисна маса по инсерции кај типот „Прилеп“ во зависност од климатските услови. Тутун 11-12/1969.
  33. Резултати од сушењето на нижан тутун во Кавадарско. Тутун 1-2/1970.
  34. Објективизирање на квалитетот на тутунот класиран по мерила за откуп преку хемискиот состав. Тутун 3-4/ 1970.
  35. Вештачко сушење, битен услов за квалитетно производство на крупно лисните тутуни. Трибина од 15.03.1970.
  36. Можности за подобрување положбата во тутунопроизводството. Трибина бр. 1173 од 19.02.11980.
  37. Услови за производство на типот „Вирџинија“ во Кавадарско. Тутун 5-6/ 1970.
  38. Поволни услови за производство на крупнолисни тутуни „Вирџинија“ и „Берлеј“ во СРМ. Трибина бр. 1184од 05. 1970.
  39. Организација на производство на крупнолисните тутуни. Тутун - 7-8/ 1970.
  40. Влијание на степенот на зрелоста врз составот на тутунот. Тутун 11-12/. 1970
  41. Влијание на степенот на зрелоста врз појавата на басарата кај типот „Прилеп“. Реферат за симпозиумот по тутун во Скопје.
  42. Modifications biochemiques des feuilles de tabac- durant leur maturation. Научен симпозиум по тутун во Хамбруг 1970.
  43. Влијание на штавата врз појавата на басара.
  44. Влијание на степенот на зрелоста врз појавата на басара ка ј типот „Прилеп“. Тутун 9 - 10/1971.
  45. Технолошки својства на фолиото во зависност од количеството на врзаната материја (целулозата) и големината на честичките. Тутун 3 - 4/ 1972.
  46. Влијание на штавењето врз појавата на басара кај типот „Прилеп“. Тутун 5 - 6/ 1972.
  47. Содржината на пепел и согорливоста на македонските типови тутун. Тутун 1- 12/1973.
  48. La valeur insecticide de pesticides experimentes, pour la lutte contre Myzis persicae (Sulz) Yet leur influence sur quelques proprietes technologique du tabac. Научен симпозиум по тутун во Montreux 1974.
  49. Combustibilite du tabac Omission de l'air du papier des cigarette, Pouvoir de retenir des filtres, Pouvoir de remplissage du tabac. Научен симпозиум по технологија на тутунот во Ница 1973.
  50. Технолошко-хемиске одлике сировине типа „Вирџиније“ из СРМ поднесен на научен симпозиум по тутун Мостар , март 1973 год .
  51. Производни и физичко -хемиски одлики на некои вирџиниски сорти тутун во струмичкиот реон. Тутун, 1975
  52. Придонес кон проучувањето на штавењето врз формирањето квалитетот на тутунската суровина од типот „Прилеп“. Тутун 3 - 4/ 1977.
  53. Едногодишни резултати од пратење то функцијата на сушилниците на топол воздух за сушење флју-кјурд тутуни по системот Балк-кјуринг. Тутун 1-12/ 1979.
  54. Зависност на материјалноста на лисното ткиво од времетраењето на штавата кај тутунот од типот „Прилеп“. Зборник ДНУ , 1976.
  55. Зависност на квалитетот на суровината од типот „Вирџинија“ од големината на листовите. ,,Тутун " 1-12/ 1978.
  56. Инсектицидна вредност на испитуваните пестициди во сузбивањето на мизус персика (сулц) и нивното влијание врз некои технолошки својства на тутунот. Тутун - 1-2/ 1975.
  57. Хемиски одлики на тутунската суровина од типот „Прилеп“ произведен на интервенција со вода. Тутун - 7-8/ 1980.
  58. Технолошко-хемиски одлики на тутунската суровина од типот „Вирџинија“ во зависност од должината на листовите. Тутун - 3-4/ 1981.
  59. Наследување на главното ребро и лис ката кај тутунот - Тутун - 9-10/ 1982.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 57–59.