Тутунски комбинат Прилеп

Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) е компанија која има 135-годишна традиција во тутунскиот бизнис.

Тутунски комбинат Прилеп
Дејносттутун
Основано1873
СедиштеМакедонија Прилеп, Македонија
Клучни личности
Кире Станкоски (генерален директор)
Производитутун, цигари
Вработени
1350 (2007)
Мреж. местоwww.tkprilep.com.mk

Основана е во Прилеп во далечната 1873 година и главно се занимава со откуп и обработка на висококвалитетен ориенталски тутун од типовите „прилеп“ и „јака“ и негова продажба на познати светски компании. Генерален директор е Кире Станкоски[1] (2011-).

Од 1955 ТКП навлегува во бизнисот со цигари преку основање на потпретпријатие за производство на цигари од типот американ бленд. ТКП има традиционална и успешна соработка со светски познатите компании PMI, KT&G, BAT, JTI, R.J.R, Imperial Tobacco.

Марки на цигари:

  • BRAND Regular Box
  • BRAND Regular soft
  • BRAND Lights Box
  • BRAND Super light
  • BRAND 100s
  • RONDO Regular Box
  • RONDO Lights Box
  • RONDO Lights 100s
  • RONDO Lights Soft
  • FILTER ORIENTAL
  • PRILEP
  • EUROPA Box
  • EUROPA Soft
  • SAN slims
  • VIP Regular Box
  • VIP Lights Box

Наводи

уреди
  1. „Прилепскиот тутунски комбинат доби нов директор“. Телма. 26 февруари 2011. Посетено на 27 февруари 2011. (македонски)

Надворешни врски

уреди