Ѓерасим Кирјази (Битола, 18 октомври 18582 јануари 1894)[2]албански протестантски проповедник и просветител. Тој е основач на Евангелистичката црква на Албанија (Vëllazëria Ungjillore e Shqipërisë) и на Косовската протестантска евангелистичка црква. Тој исто така го основал првото албанско училиште во модерно време во 1887 година во Корча, Албанија, тогаш дел од Отоманското Царство.[2]

Ѓерасим Кирјази
Gjerasim Qiriazi
Ѓерасим Кирјази
Роден(а)18 октомври 1858(1858-10-18)[1]
Манастир, Османлиско Царство
(денес Македонија)
Починал(а)2 јануари 1894(1894-01-02) (возр. 35)
ДвижењеПротестантство
Албанско национално будење
СопружникАтина Микелиди[1]
ДецаСтефан Кирјази[1]
РодниниГерг Кирјази (брат)
Севасти Кирјази (сестра)
Параскеви Кирјази (сестра)[2]

Животопис

уреди

Кирјази учел во грчко училиште во неговиот роден Манастир (денешна Битола), Македонија. Потоа заминал во Самоков, Бугарија, каде учел на Американскиот колеџ. По завршувањето на школувањето, во 1883 година, започнал да работи за Британското и странско библиско друштво во Корча.

На 15 ноември 1884 година, додека патувал кон Охридското Езеро, бил киднапиран од бандити, кои го држеле за откуп повеќе од една година. Оваа епизода била раскажана од Ѓерасим во Заробени од разбојници и објавена по неговата смрт на англиски јазик во 1901 година.[2] [3]

Во 1889 година, тој го нарачал печатењето на книгата Битие и Евангелието по Матеј на тоскиски албански јазик и Евангелието по Матеј на влашки, кои биле отпечатени од „Дитурија“ во Букурешт во име на Британското странско библиско друштво.

Се оженил со Атина Микелидин, ќерка на пасторот на евангелската црква во Солун, Ставри Микеледин, со која го имале синот Стефан. Жена му умрела кратко по раѓањето на синот, на 24 декември 1891 година.

Во 1891 година, првото албанско училиште за девојки во Корча го основале Кирјази[4] и неговата сестра Севасти Киријази. Имал и помлада сестра, Параскеви Кирјази, која почнала да работи во женското училиште (албански: Shkolla e vashave кога имала само 11 години.[2][5]

Починал на рана возраст од плеврит, кој го добил за време на неговото заробеништво.

Дела

уреди

Покрај „Заробени од разбојници“, Кирјази напишал граматика на албанскиот јазик, поезија, песни и училишни книги. Избор од неговите дела е објавен од неговиот брат, Герг, во збирката Hristomathi a udhëheqës për ç'do shtëpi shqiptari (Манастир, 1902). Двајцата браќа заедно ја напишале збирката песни Kënkë të shenjtëruara (Манастир, 1906).

Награди

уреди

Литература

уреди
  • Quanrud, John, Gerasim Kyrias: and the Albanian National Awakening 1858-1894, Institute for Albanian and Protestant Studies, 2016. ISBN 9780993424823

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Femi Cakolli, Magda Maylam (2008-12-18), Biografia e Gjerasim Qiriazit (1858-1894) (албански), Living Word Bible Church, Посетено на 24 January 2014
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Elsie, Robert (2001). A dictionary of Albanian religion, mythology, and folk culture. Library of Congress: New York University Press. стр. 210–212. ISBN 0-8147-2214-8. Посетено на May 10, 2010.
  3. Kyrias, Gerasimas (1901). Captured by brigands. Religious Tract Society.
  4. Skendi, Stavro (1967). The Albanian national awakening. Princeton: Princeton University Press. стр. 136. ISBN 9781400847761.
  5. de Haan, Francisca; Daskalova Krasimira; Loutfi Anna (June 30, 2006). A Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe, 19th and 20th Centuries. Central European University Press. стр. 454–457. ISBN 978-9637326394. Посетено на May 10, 2010.

Надворешни врски

уреди