The Yardbirds

(Пренасочено од Yardbirds)

The Yardbirds е Англиски рок бенд кој издал голем број хитови во средината на 1960-тите меѓу кои и „For Your Love“, „Over Under Sideways Down“ и „Heart Full of Soul“. Групата е позната по тоа што таму ги започнале кариерите тројца познати гитаристи: Ерик Клептон, Џеф Бек и Џими Пејџ, сите тие се наоѓаат во првите педесет на листата „100 Top Guitarists“ на магазинот „Rolling Stone“ (Клептон на 4 место, Пејџ на 9 место и Бек на 14 место).[1] Пет Пембертон, за списанието „Spinner“, утврдил дека „The Yardbirds“ биле „најимпресивниот бенд во рок-музиката“.[2] Откако тие се разделиле во 1968, нивниот водечки гитарист Џими Пејџ го основал бендот „Led Zeppelin“.

The Yardbirds
The Yardbirds, 2006 лево кон десно - Кинг, Мискимин, Идан, Дрежа со Мек Картни сокриени позади тапаните
Животописни податоци
ПотеклоЛондон, Англија
ЖанровиБлуз рок, ритам и блуз, психоделичен рок
Период на активност1963–1968
1992–денес
Издавачи„Columbia“, „Capitol Records“, „Epic Records“
СоработнициThe Jeff Beck Group, Cream, Led Zeppelin, Renaissance, Box of Frogs, Band of Joy
Мреж. местоwww.theyardbirds.com
Членови
Енди Мичел
Крис Дрежа
Бен Кинг
Дејвид Смејли
Џим Мек Картни

Најголемиот дел од најуспешните напишани песни на бендот се заслуга на басистот/продуцент Пол Семвел-Смит кој со пејачот/свирач на хармоника Кеит Рилф, тапанарот Џим Мек Картни и ритмичкиот гитарист/басист Крис Дрежа го конструираа јадрото на групата. Бендот се реобединил во 1990-тите вклучувајќи го Мек Картни, Дрежа и некои нови членови. „The Yardbirds“ беа примени во Куќата на Славните на Рокенролот во 1992.

Историја

уреди

Почетоци

уреди

Бендот бил формиран во југозападното предградие на Лондон. Рилф и Семвел-Смит биле во бендот наречен „Metropolitan Blues Quartet“. Откако им се придружиле Дрежа, Мек Картни и Топам при крајот на мај 1963, одлучиле да го сменат името и по неколку настапи во септември 1963, како „Blue-Sounds“ тие го именувале бендот како „The Yardbirds“.

Прво настапиле како бенд во позадина за Кирил Дејвис во Уметничкото школо во Кингстон, а биле забележани во растечката британска ритам и блуз сцена во септември 1963, кога организирале свирка во клубот „Crawdaddy Club“ во Ричмонд, наследувајќи ги „The Rolling Stones“. Нивниот репертоар го исцрпеа од чикаго блузот на Ховлин Вулф, Мади Воретс, Бо Дидли, Сони Бои Вилјамсон II и Елмор Џејмс вклучувајќи ги „Smokestack Lightning“, „Good Morning Little School Girl“, „Boom Boom“, „I Wish You Would“, „Rollin’ and Tumblin’“ и „I’m a Man“.

Главниот и водечки гитарист (Ентони) Топ Топам заминал и бил заменет од Ерик Клептон во октомври 1963. Сопственикот на „Crawdaddy Club“, Џорџо Гомелски, станал менаџер на „The Yardbirds“ и продуцент на нивното прво снимање. Под водство на Гомелски, бендот потпишал договор со издавачката куќа „Columbia“ во февруари 1964. Нивниот прв албум е во живо, „Five Live Yardbirds“, снимен во легендарниот клуб „Marquee Club“ во Лондон. Блуз легендата Сони Бои Вилјамсон го поканил бендот да дојде на турнеја во Англија и Германија со него, сојуз од кој подоцна произлезе уште еден албум во живо.

Успешното пробивање на пазарот и заминувањето на Клептон

уреди
 
Џим Мек Картни. Тапанарот на „The Yardbirds“ од 1963-денес

Квинтетот направи два сингла, „I Wish You Would“ и „Good Morning, School Girl“, пред нивниот трет, „For Your Love“, композиција на Грахам Голдмен, кој им беше првиот голем хит. Се продадоа околу еден милион копии.[3] Клептон во тоа време, во потрага по блузот, го напушти бендот[4] за да им се придружи на „John Mayall & the Bluesbreakers“. Клептон му препорачал на Џими Пејџ истакнат млад студио гитарист како негова замена. Пејџ, не сакајќи да се откаже од својата профитабилна студио работа и загрижен за своето здравје, за возврат го препорачал неговиот пријател Џеф Бек.[5] Тој свирел на својот прв настап во „The Yardbirds“ на само два дена откако Клептон заминал во мај 1965.

Мандатот на Џеф Бек

уреди

Експериментите на Бек со неговиот специфичен тон и дисторзијата добро се вклопиле со стилот на британската музика и „The Yardbirds“ почнале да екпериментираат произведувајќи аранжмани кои потсетуваат на Грегоријанската миса и различни Европски и Азиски стилови („Still I'm Sad“, „Turn Into Earth“, „Hot House of Omagarashid“, „Farewell“, „Ever Since The World Began“), иако нивната комерцијална желба почнала да слабее. Бек бил изгласан за #1 водечки гитарист во 1966 во Британскиот музички магазин „Beat Instrumental“.

Додека Бек престојуваше во бендот тие произведуваа голем број незаборавни снимки, сингл хитови како „Heart Full of Soul“, „I’m a Man“ на Бо Дидли и „Shapes of Things“ и нивниот албум (популарен како „Roger the Engineer“ и првпат издаден во САД во скратена верзија нарекуван „Over Under Sideways Down“).

„The Yardbirds“ се посвети на својата прва турнеја во САД некаде при крајот на август 1965. Пар албуми беа ставени заедно за Американскиот пазар: „For Your Love“ (кој вклучувал рани верзии на „My Girl Sloopy“) и „Havin’ A Rave Up With The Yardbirds“ од кој половината доаѓаат од „Five Live Yardbirds“. Имаше уште три турнеи низ САД во времето додека Бек беше во групата. Кратка Европска турнеја се одржа во април 1966.[6]

Последните денови на The Yardbirds. Ерата на Пејџ

уреди
 
Џими Пејџ

Бек бил отпуштен од групата после прекинот на турнејата во Тексас при крајот на октомври 1966. Како такви, „The Yardbirds“, продолжиле како квартет во преостатокот на нивната кариера. Пејџ стана новиот водечки гитарист на бендот.[7]

Комерцијалната среќа на бендот беше во опаѓање. „Happenings Ten Years Time Ago“ го достигна само местото 30 на Американската „Hot 100“ и се покажа уште полошо во Британија. Продуцентот на „Colubmia Records“ не успеа да го обнови нивниот комерцијален успех. Синглот „Little Games“, издаден пролетта, се покажал толку лошо во ОК што „EMI“ не издаде друга снимка на „The Yardbirds“ до крајот на нивното распаѓање (издавањето на синглот „Goodnight Sweet Josephine“ бил планиран за следната година, но бил откажан). Верзијата на „Ha Ha Said the Clown“ на која свиреше само еден член од бендот, Рилф, беше последниот сингл кој влегол во Топ 50 во САД, заземајќи ја 44 позиција во летото, 1967. Нивниот финален албум „Little Games“ беше издаден во Америка во јули, комерцијален албум кој не доби критики.

„The Yardbirds“ го потрошија остатокот од годината на турнеи низ државите со нивниот нов менаџер Питер Грант, нивните настапи во живо станувале се потешки и експериментални. Бендот ретко ги свирел неговите хитови во 1967, претпочитајќи да направат микс на хитовите од ерата на Џеф Бек со блуз стандарди и нивни преработки како „The Velvet Underground“ и Американскиот фолк пејач Џејк Холмс, чија „Dazed and Confused“, со текст напишан од Рилф, беше во живо сечена од „The Yardbirds“ на Американските турнеи каде песната поминала добро прифатена, па Пејџ ја селектирал оваа песна како прва снимка на „Led Zeppelin“ каде што тој е кредитиран како текстописец.

Од 1968 Кеит Рилф и Џим Мек Картни сакаа да продолжат стил под влијание на фолкот и класичната музика додека, пак, Џими Пејџ, во тоа време кога психоделичниот блуз-рок на „Cream“ и „The Jimi Hendrix Experience“ бил енормно популарен, сакал да продолжи со видот на „тешка“ музика поради која подоцна „Led Zeppelin“ ќе станат познати. Крис Дрежа почнал да развива интерес за фотографија. До март Рилф и Мек Картни одлучиле да заминат, иако менаџерите успеале другите двајца да ги убедат да останат барем до крајот на Американската турнеја.

Последниот сингл на „The Yardbirds“, снимен во јануари и издаден два месеци подоцна дал отсјај на разликите во бендот. Концерт и неколку песни беа снимени во Њујорк Сити во март (вклучувајќи ја сè уште неиздадената песна „Knowing That I’m Losing You“, дамнешна верзија на песна која ќе биде преснимена од „Led Zeppelin“ како „Tangerine“).[8] Сето тоа беше остварено по барање на бендот.

На 7 јули 1968, „The Yardbirds“ свиреа на нивниот последен настап во „Luton College of Technology“ во Бедфордшир, Англија.[9] Дванаесет години подоцна на тој ден „Led Zeppelin“ ќе го отсвират нивниот последен концерт со оригиналната постава во Берлин.

Дискографија

уреди

По распадот на групата во 1968, голем број на албуми се појавија. И покрај бројните компилации, албуми кои вклучуваат додатни снимки во живо и различни демоа од исфрлени делови од 1963-1968 беа издадени. Од 1999 неколку снимки од реконструираните „Yardbirds“ беа издадени. Since their breakup in 1968, a number of new albums have appeared. Besides numerous compilations, albums featuring additional live recordings and various demos and outtakes from 1963–1968 have been released. Since 1999, several recordings by the reconstituted Yardbirds have been released.

  • 5 студио албуми
  • 9 албуми во живо
  • 6+ компилациони албуми
  • 2 плочи
  • 15 синглови
  • 1 песна за филм
Датум Наслов Потекло Про.куќа & Бр. на каталот Позиција на листите
7/1965 For Your Love САД Epic LN 24167/BN-26167 96
11/1965 Having a Rave Up САД Epic LN 24177/BN 26177 53
7/1966 Yardbirds aka Roger the Engineer OK Columbia SX 6063/SCX 6063 20
8/1966 Over Under Sideways Down САД Epic LN 24210/BN 26210 52
8/1967 Little Games САД Epic LN 24313/BN 26313 80

Албуми во живо

уреди
Датум Наслов Потекло Про.куќа & Бр. на каталог Chart no.
12/1964 Five Live Yardbirds ОК Columbia 33SX 1662 [10]
1/1966 Sonny Boy Williamson and The Yardbirds OK Fontana TL 5277
2/1966 САД Mercury MG 21071/SR 61071

Компилациони албуми

уреди
Датум Наслов Потекло Про.куќа & Бр. на каталог Поизија на листите
4/1967 The Yardbirds Greatest Hits САД Epic LN 24246/BN 26246 28

Музика за во филм

уреди
Датум Наслов Потекло Про.куќа & Бр.на каталог Позиција на листите
2/1967 Blow-Up САД MGM E/SE-4447 ST 192
5/1967 OK MGM C/CS 8039

Албуми по 1969

уреди

Албуми

уреди
Датум Наслов Про.куќа & Бр.на каталог Кометари
2003 Birdland Favored Nations FN2280-2 снимен во Лос Анџелес и Лондон, 2003

Албуми во живо

уреди
Датум Наслов Про.куќа & Бр. на каталог Коментари
9/1971 Live Yardbirds! Featuring Jimmy Page Epic E 30615 снимен во 1968 во Њујорк: накратко по издавањето била сопрена продажбата
1984 London 1963 – The First Recordings! L & R 44.001 неиздадени снимки во живо и демоа од 1963
5/1991 Yardbirds ... On Air (реиздаден како BBC Sessions (1999 Warner Archives 2-46694)) Band of Joy BOJCD 200 снимен од „BBC“ 1965–1968
1999 Reunion Jam Mooreland St. снимен во Лондон, 1992
2003 Blueswailing July '64 (Live) Castle Music 06076-81331-2 неиздадени снимки во живо од 1964
2006 Reunion Jam Vol. II Mooreland St. снимен во Лондон, 1992
2007 Live at B.B. King Blues Club Favored Nations FN2580-2 снимен во Њујорк, 2006

Селектирани компилациони албуми

уреди

Бројни компилациони албуми на „The Yardbirds“ се издадени низ годините од страна на бројни продуцентски куќи (allmusic покажува на 100 компилации) [11] Следнава листа вбројува некои од позабележителните издавања:

Датум Наслов Про. куќа & Бр. на каталог Коментари
10/1970 The Yardbirds Featuring Performances by Jeff Beck, Eric Clapton, Jimmy Page Epic EG-30135 рани американски компилации кои ги вклучуваат сите три состави
8/1992 Little Games Sessions and More EMI USA 0777-7-98213-2 7 вклучува синглови кои не се издадени во албум и алтернативни миксови
5/1993 Train Kept A-Rollin' - The Complete Giorgio Gomelsky Productions (реиздаден како The Yardbirds Story) Charly CD LIK BOX 3 повеќето достапни снимки на „The Yardbirds“ од 1963 до 1966, а вклучени се и претходно неиздаени демоаи снимки во живо
8/2000 Cumular Limit Burning Airlines Pilot 24 вклучува демоа снимени во Њујорк во 1968 и ДВД од четири песни во живо од 1967 на телевизиско шоу во Германија
7/2001 Ultimate! Rhino R2 79825 вклучува селектирани делови од кариерата од 1963 и последниот сингл од 1968.

Оригинални синглови 1964–1968

уреди
Датум Наслов А=страна / Б-страна Потекло Про. куќа & Бр. на каталог Позиција на листите
5/1964 I Wish You Would' / A Certain Girl OK Columbia DB 7283 [10]
8/1964 САД Epic 5-9709
10/1964 Good Morning Little Schoolgirl / I Ain't Got You ОК Columbia DB 7391 44
3/1965[12] For Your Love / Got To Hurry ОК Columbia DB 7499 3
4/1965[12] САД Epic 5-9790 6
6/1965 Heart Full of Soul / Steeled Blues ОК Columbia DB 7594 2
7/1965 САД Epic 5-9823 9
8/1965 My Girl Sloopy, I'm Not Talking, I Ain't Done Wrong ОК Columbia SEG 8421 5
10/1965 Evil Hearted You / Still I'm Sad ОК Columbia DB 7706 3
10/1965 I'm a Man / Still I'm Sad САД Epic 5-9857 17
2/1966 Questa Volta / Pafff...Bum (Џеф Бек не е на А-страната, Крис Дрежа ги свири деловите со гитара) Italy Ricordi International
SIR 20-010
11
2/1966 Shapes of Things / You're a Better Man Than I ОК Columbia DB 7848 3
3/1966[13] Boom Boom / Honey In Your Hips NL, Ger CBS 1433
3/1966 Shapes of Things / New York City Blues (на почетокот б-страна беше I'm Not Talking) САД Epic 5-10006 11
5/1966 Over Under Sideways Down / Jeff's Boogie ОК Columbia DB 7928 10
6/1966 САД Epic 5-10035 13
10/1966 Happenings Ten Years Time Ago / Psycho Daisies ОК Columbia DB 8024 43
Happenings Ten Years Time Ago / The Nazz Are Blue САД Epic 5-10094 30
1/1967 „Over Under Sideways Down“: Over Under Sideways Down, I Can't Make Yor Way, He's Always There, What Do You Want ОК Columbia SEG 8521
4/1967 Little Games / Puzzles (Крис Дрежа и Џим Мек Картни не се на А-страната) САД Epic 5-10156 51
UK Columbia DB 8165
7/1967 Ha Ha Said The Clown / Tinker Tailor Soldier Sailor САД Epic 5-10204 45
10/1967 Ten Little Indians / Drinking Muddy Water (Дрежа и Мек Картни не се на А-страната) САД Epic 5-10248 96
4/1968 Goodnight Sweet Josephine / Think About It САД Epic 5-10303 127

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-11-25. Посетено на 2011-02-15.
  2. Pat Pemberton. Yardbirds Bassist Recalls Photographing Early Days of Led Zeppelin. Spinner. Retrieved 21 June 2010.
  3. Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 199. ISBN 0-214-20512-6.
  4. Schumacher, Michael (2003). Crossroads: The Life and Music of Eric Clapton, pp. 44-45. Citadel Press. ISBN 0806524669.
  5. http://www.ainian.com/HitParader_April66.pdf Архивирано на 17 септември 2010 г. Hit Parader April 1966: Jeff Beck Interview
  6. Bockris, Victor; Malanga, Gerard. Up-Tight: The Velvet Underground Story (2002): 107
  7. Fricke, David. "Secrets of the Guitar Heroes: Jimmy Page" Архивирано на 5 мај 2009 г. Rolling Stone 12 June 2008
  8. Dave Lewis (1994), The Complete Guide to the Music of Led Zeppelin, Omnibus Press, ISBN 0-7119-3528-9.
  9. Buckley, Peter (ed.) (2003). The Rough Guide to Rock, p. 1198. ISBN 1843531054.
  10. 10,0 10,1 "—" used in "Chart no." column denotes release did not reach a chart position.
  11. „The Yardbirds Discography – compilations“. allmusic. Посетено на November 19, 2009.
  12. 12,0 12,1 Clayson 2002, p. 196.
  13. Russo 1998, p. 92.

Надворешни врски

уреди