John Mayall & the Bluesbreakers

англиски блуз бенд

John Mayall & the Bluesbreakers биле пионерски англиски блуз бенд предводен од пејачот, текстописец и мултиинструменталист Џон Меиал. Меиал го користел името на бендот од 1963 до 1967, а потоа го запоставил околу претнаесет години. Како и да е, во 1982 беше најавено „враќање на the Bluesbreakers“ и од тогаш името беше зачувано. Името постана општ поим без да се прави разлика кои снимања беа кредитирани само на водачот, а кои на водачот и групата. Во „the Bluesbreakers“ беа вклулени:

  • Ерик Клептон (април – август 1965, ноември 1965 – јули 1966) и Џек Брус кои го напуштија бендот за да го оформат „Cream“.
  • Питер Грин, кој го замени Клептон, свиреше до август 1967, кога се одвоил со Мик Флетвуд, а по неколку недели го повлекол со него и Џон Мек Ви, член на „the Bluesbreakers“, за да го оформат бендот „Fleetwood Mac“.
  • Мик Теилор (август 1967 – јули 1969) кој подоцна им се придружил на The Rolling Stones, а се вклучил и во реобединувањето на турнеите во 1982-83 и 2004.
  • Харви Мендел, Волтер Трут, Лери Теилор (овие тројца го напуштиле бендот „Conned Heat“ за да му се придружат на Џон Меиал).
  • Дон Харис, Ренди Ресник, Еинсли Дунбар, Дик Хекстал-Смит, Енди Фресер, Крис Мерсер, Хенри Лутер, Џони Алмонд и Џон Марк.

Историја

уреди

Бендот кој подоцна ќе прерасне во „the Bluesbreakers“ во 1965,[1] бил формиран во јануари 1963 и станал ред на повеќе од 100 различни комбинации на музичари кои свиреле под тоа име.[2] Ерик Клептон се вклучил во бендот во 1965, неколку месеци по издавањето на нивниот прв албум. Со себе Клептон, во бендот, го внесе и блуз влијанието откако ги напушти „the Yardbirds“ со намера да свири блуз.

Првиот сингл издаден од Џон Меиал и бендот е песната „Crawling Up a Hill“ со „Mr.James“ како Б-страна. Бендот кој свиреше на оваа песна беше: Питер Вард и Џон Мек Ви на бас, Берни Ватсон на гитара и Мартин Харт на тапани.[3] По издавањето на синглот Берни Ватсон беше заменет од Роџер Дин, а Мартин Харт од Хјуџи Флинт. Со оваа група на музичари бендот го издаде синглот „Crocodile Walk“ со „Blues City Shakedown“ како Б-страна. Продуцент на синглот беше Тони Кларк од „Decca“.[4] По ова Роџер Дин заминал и бил заменет од Клептон.[5] Истата година бендот го загуби својот договор за снимање со „Decca“ што беше проследено со издавањето на синглот „I’m Your Witchdoctor“ (Џими Пејџ - продуцент) во октомври 1965.[1] Потоа во август 1966, „the Bluesbreakers“ го издадоа синглот „Lonely Years“ со Б-страната „Bernard Jenkins“[1] кој е издаден од продуцентската куќа „Purdah Records“.[6] Албумот „Bluesbreakers with Eric Clapton“ беше издаден во јули[1] и зафати едно од местата на листата „Top Ten“ во Обединетото Кралство.

Кратко по издавањето на „Bluesbreakers with Eric Clapton“ Ерик Клептон го посетил Бади Гај на концерт и бил воодушевен од неговото трио од што произлегла и била оформена идејата за „Cream“ и тој го напушта бендот со Џинџер Бејкер и Џек Брус.[7] Клептон бил заменет од страна на Питер Грин за албумот „A Hard Road“ за потоа и тој да го напушти бендот за да го оформи „Fleetwood Mac“. Тогаш Мик Теилор се придружил во бендот и тие го снимија „Crusade“ на 12 јули 1967. Накратко по аминувањето на Мек Ви за да биде вклучен во „Fleetwood Mac“, тој беше заменет до Тони Ривс за да се сними албумот „Bare Wires“ кој им беше највисоко рангиран албум на музичките листи во ОК. Кратко откога Теилор им се придружи на „The Rolling Stones“ името „Bluesbreakers“ беше исфрлено од албумите на Џон Меиал. При крајот на 1960те, „Bluesbreakers“ конечно достигнале некој успех во САД. Со неколку прекини, „the Bluesbreakers“ продолжиле да одат на турнеи и да издаваат албуми (над 50) иако тие никогаш не добија критични или популарни заслуги за поранешната работа. Во 2003, Ерик Клептон, Мик Теилор и Крис Барбер се реобединиле со бендот за да свират на „70th Birthday Concert“ на Џон Меиал во Ливерпул (концертот подоцна бил издаден на ЦД и на ДВД). Во 2004 нивниот тим ги вклучуваше Бади Вајтингтон, Џо Или, Хенк Ван Сики и Том Кенинг со кои бендот одржа турнеја во ОК со Мик Теилор како гостин музичар. Во 2008 Меиал на своето мрежно место објавил дека ги напушта „the Bluesbreakers“ за да се посвети на неговата напорна работа и да си даде слобода за соработка со други музичари. Во 2009 одржа соло турнеја со Роки Атас која беше прва по неговото напуштање на бендот.[8]

Бившиот член на бендот Џони Алмонд умре од рак на 18 ноември 2009, на свои 63 години.[9]

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  • 1965: John Mayall Plays John Mayall (Decca) (ги вклучува идните членови на „the Bluesbreakers“)
  • 1966: Blues Breakers with Eric Clapton (Decca)
  • 1967: A Hard Road (Decca)
  • 1967: John Mayall’s Bluesbreakers with Paul Butterfield (Decca EP 45)
  • 1967: Crusade (Decca)
  • 1968: Diary of a Band Volume 1 (Decca)
  • 1968: Diary of a Band Volume 2 (Decca)
  • 1968: Bare Wires (Decca)
  • 1969: Looking Back (Decca)
  • 1969: Thru the Years (London)
  • 1969: Primal Solos (Decca)
  • 1982: Return of the Bluesbreakers (Aim Australia)
  • 1985: Behind the Iron Curtain (GNP Grescendo)
  • 1987: Chicago Line (Entente - Island)
  • 1988: The Power of the Blues (Entente)
  • 1988: Archives to Eighties (Polydor)
  • 1990: A Sense of Place (Island)
  • 1992: Cross Country Blues (One Way)
  • 1993: Wake Up Call (Silvertone)
  • 1994: The 1982 Reunion Concert (One Way)
  • 1995: Spinning Coin (Silvertone)
  • 1997: Blues for the Lost Days (Silvertone)
  • 1999: Padlock on the Blues (Eagle)
  • 1999: Rock the Blues Tonight (Indigo)
  • 1999: Live at the Marquee 1969 (Eagle)
  • 2000: Time Capsule (Private Stash) – Лимитирана количина на издавање, само на мрежно место, не е повеќе во печатење.
  • 2001: UK Tour 2K (Private Stash) - Лимитирана количина на издавање, само на мрежно место, не е повеќе во печатење.
  • 2001: Boogie Woogie Man (Private Stash) - Лимитирана количина на издавање, само на мрежно место.
  • 2001: Along for the Ride (Eagle/Red Ink)
  • 2002: Stories (Eagle/Red Ink)
  • 2003: No Days Off (Private Stash) - Лимитирана количина на издавање, само на мрежно место.
  • 2003: Rolling With the Blues (Shakedown UK)
  • 2003: 70th Birthday Concert CD&DVD (Eagle)
  • 2004: Cookin’ Down Under DVD (Private Stash) - Лимитирана количина на издавање, само на мрежно место.
  • 2004: The Godfather of British Blues/Turning Point DVD (Eagle)
  • 2004: The Turning Point Soundtrack (Eagle)
  • 2005: Road Dogs (Eagle)
  • 2007: Live at the BBC (Decca)
  • 2007: In the Palace of the King (Eagle)

ДВДа

уреди
  • 1982: Blues Alive VHS (реиздадено на ДВД во 2004 како „Jammin’ With the Blues Greats“), снимен концерт во јуни 1982 во Њуџерси во „Capitol Theatre“ со Меиал, Мик Теилор, Џон Мек Ви и Колин Ален со гостите Ета Џејмс, Џуниор Велс, Бади Гај и Аберт Кинг.
  • 2003: 70th Birthday Concert CD & DVD (со Ерик Клептон).
  • 2004: The Godfather of British Blues/Turning Point DVD.

Само од мрежното место на Џон Мејал:

  • 2004: Cookin’ Down Under DVD.

Синглови

уреди
  • 1964: „Ceawling Up The Hill / Mr.James“ (Decca F11900)[6]
  • 1965: „Crocodile Walk / Blues City Shakedown“ (Decca F12120)[6]
  • Октомври 1965[1]: „I’m Your Witchdoctor / Telephone Blues“ (Immediate IM012)[6] првиот сингл како „John Mayall & The Bluesbreakers“[1]
  • Август 1966[1]: „Lonely Years / Bernard Jenkins“ (Purdah 453502)[6]
  • Септември 1966[1]: „Parchman Farm / Key To Love“ (Decca F12490)[6]
  • 1966: „Looking Back / So Many Roads“ (Decca F12506)[6]
  • 1967: „Sitting in the Rain / Out of Reach“ (Decca F12545)[6]
  • 1967: „Curly / Rubber Duck“ (Decca F12588)[6]
  • 1967: „I’m Your Withchdoctor / Telephone Blues“ (Immediate IM051)[6]
  • 1967: „Double Trouble / It Hurts Me Too“ (Decca F12621)[6]
  • 1967: „Suspicions Pt.1 / Suspicions Pt.2“ (Decca F12732)[6]
  • 1968: „Picture On The Wall / Jenny“ (Decca F12732)[6]
  • 1968: „No Reply / She’s Too Young“ (Decca F12792)[6]
  • 1968: „The Bear / 2401“ (Decca F12846)[6]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 http://www.eric-clapton.co.uk/ecla/discography.html
  2. The Complete Rock Family Trees, Omnibus Press (Dec 1983, ISBN 978-0711904651) lists 109 different lineups
  3. Tobler, John (1992). NME Rock 'N' Roll Years (1. изд.). London: Reed International Books Ltd. стр. 134. CN 5585.
  4. http://www.youtube.com/watch?v=wErMvG4cxao
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2011-02-06.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 http://www.45-rpm.org.uk/artists-j.htm
  7. Clapton, Eric (2007). Clapton: The Autobiography. Broadway.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2011-02-06.
  9. Thedeadrockstarsclub.com - accessed November 2009