XIII близначна легија

XIII близначна легија (латински: Legio tertia decimal Gemina) — една од најпознатите римски легии. Таа е една од најзначајните легии на Гај Јулиј Цезар во Галија и во граѓанската војна. Исто така, таа е легијата со која Цезар ја преминал реката Рубикон на 10 јануари, 49 г. п.н.е. Има докази кои покажуваат дека оваа легија постоела сè до петтиот век. Нејзиниот симбол бил лавот.

XIII близначна легија

Историја

уреди

Во доцните години на Републиката

уреди

„Legio XIII“ му била доделена на Јулиј Цезар во 57 г. п.н.е, пред да тргне против Белгите во една од раните интервенции при Галскиот конфликт. За време на Галските војни (58-51 г. п.н.е), оваа легија била присутна во битката против Нервите, опсадата на Герговија, а исто така, не е особено напоменато во изворите, разумно е да се претпостави дека „Legio XIII“ била присутна и во Битката кај Алезија.

По крајот на Галските војни, Римскиот сенат му го одбил вториот конзулат на Цезар наредувајќи му да ја предаде неговата команда и да се врати во Рим за да се соочи со обвинението. Принуден да избере помеѓу крај на неговата политичка кариера или граѓанска војна, Цезар заедно со единствената легија, „Legio XIII“, ја преминал реката Рубикон и влегол во Италија. Легијата му останала верна на Цезар за време на граѓанската војна помеѓу него и конзервативните оптимати кој го сочинувале сенатот, а чии легии биле под водство на Помпеј. „Legio XIII“ била активна за време на целата војна борејќи се во Диракијум (48 г. п.н.е) и Фарсал (48 г. п.н.е). По убедливата победа против Помпеј во Битката кај Фарсал легијата била распуштена, а легионерите се „пензионирале“ со традиционалните земјишни придобивки. Сепак, легијата била повторно повикана за Битката кај Тапса (46 г. п.н.е) и финалната битка кај Мунда (45 г. п.н.е). По Битката кај Мунда Цезар ја распуштил легијата, ги пензионирал неговите ветерани и им доделил фарми во Италија.

Во времето на империјата

уреди

Октавијан Август ја реконструирал легијата повторно во 41 г. п.н.е за да му се спротивстави на Секст Помпеј (син на Помпеј) во Сицилија.

„Legio XIII“ го добила когноменот „Gemina“ („близнаци“, вообичаена ознака на легии кои се составени од повеќе делови на други легии) по нејзиното засилување со легионери ветерани од други легии во текот на војанта против Марк Антониј и Битката кај Актиум.[1] Потоа, Август ја пратил легијата во Бурнум (денешен Книн), во Илирик кој бил римска провинција.

Во 16 г. п.н.е легијата била префрлена во Емона (денешна Љубљана), во Панонија, каде што се справила со локалните бунтовници. По катастрофата во Битката кај Тевтобуршката шума во 9 г. н.е, легијата била испратена по засилување во Августа Винделикорум (денешен Аугсбург) и потоа во Ретија за да се справи со германските племиња.

Импрераторот Клаудиј ја пратил назад во Панонија околу 45 г. п.н.е каде што легијата кампувала во Питовио (денешен Птуј, Словенија).

 
Плоча најдена во Алба Јулија, Романија

Во годината на четирите императори (69), „XIII Gemina“ најпрво го поддржала Отон, а потоа и на Веспазијан против Вителиј во двете борби кај Бедриакум. Под раководство на Трајан, легијата била дел од двете Дакијански борби (101-102, 105-106) и од страна на Трајан била пренесана, во 106, во новоосвоените провинции на Дакија за да ги обезбедуваат.

Во 271 година легијата била преместана кога провинцијата Дакија била евакуирана и легијата престојувала во Дакија Аврелиана. Во петтиот век, според „Notitia Dignitatum“, легијата „legio tertiadecime gemina“ се наоѓала во Вавилон, Егитеп, статешка тврдина на Нил кај традиционалната граница помеѓу долен и среден Египет.[2]

Наследство

уреди

На 15 јуни, 2008, четвртиот романски територијален корпус станал четвртата пешадиска дивизија (Романија) „Gemina“.

Наводи

уреди
  1. Бирли, И. Б. „Забелешка на насловот Gemina“. Весник на Римските студии (18): стр. 56–60.
  2. Notitia Dignitatum, In partibus Orientis, XXVIII

Примарни извори

уреди

Секундарни извори

уреди
  • Лендеринг, Џона. „„Legio XIII Gemina". Архивирано од изворникот на 2014-07-10. Посетено на 2006-11-18.
  • Ковен, Рос; илустрирана од Енгус МекБриџ (2003). Империјалното Римско легионерство н.е 161-284. издавател „Osprey Publishing“. ISBN 1-84176-601-1.

Надворешни врски

уреди