Transavia.com
Transavia.com (македонски: Трансавија) е нискобуџетна авиокомпанија од Холандија, и оперира како независна авиокомпанија од групацијата Air France-KLM. Главна база на авиокомпанијата е аеродромот Схипхол во Амстердам, додека аеродромите во Ротердам и Ајндховен се бази од второ ниво. Transavia најчесто оперира на одредишта за одмор како и чартер летови.
| |||||||
Основан | 1966 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Амстердам Схипхол | ||||||
Поважни градови | Ротердам Ајндховен Париз Орли | ||||||
Летала | 33 | ||||||
Одредишта | 63 | ||||||
Матично претпријатие | Ер Франс-КЛМ | ||||||
Седиште | Амстердам, Холандија | ||||||
Мрежо место | [1] |
Историја
уредиАвиокомпанијата беше формирана на крајот на 1965 година како Тransavia Limburg. Името беше сменето во 1966 година и операциите започнаа на 17 ноември 1966 година. Во 1986 година, името беше променето во Transavia Airlines. Авиокомпанијата беше прва која го искористи договорот за отворено небо помеѓу владите на Холандија и Обединетото Кралство. Transavia започна со редовни летови од Амстердам до Лондон Гетвик на 26 октомври 1986 година. Во текот на 1991 година, сопственикот на мнозинскиот дел акции во авиокомпанијата, Nedlloyd, го продаде својот дел (80%) на КЛМ. Во 1988 година, Transavia беше првата странска авиокомпанија да оперира на одредишта во границите на Грција. Во Јуни 2003, КЛМ ги откупи преостанатите 20% од Transavia, со што стана 100% сопственик на авиокомпанијата. Во почетокот на 2000 година, Transavia беше главно нискобуџетна авиокомпанија, со една своја подружница наречена Basiq Air. За да ја засилат својата позиција на маркетот, двете авиокомпании се споија во едно име transavia.com од 1 Јануари 2005 година.
Одредишта
уредиПогледни опширно, transavia.com одредишта.
Флота
уредифлотата на transavia.com се состои од следниве авиони:
Тип на авион | Вкупно Авиони |
---|---|
Боинг 737-700 | 10 |
Boeing 737-800 | 23 |
Просечната старост на авионите на transavia.com изнесува 6.1 година заклучно со март 2008.
Инциденти и несреќи
уредиЗасега не се случила некоја поголема авионска несреќа во која имало некоја жртва. Во 1997 година се случија два инциденти од кој само авионите имаа позначителна штета.
- На 8 Февруари дел од стабилизаторот на авионот се скрши па авионот беше принуден да прави итно слетување на аеродромот во Нирнберг.
- На 24 Декември, авион од типот Боинг 757 враќајки се од Лас Палмас кон Амстердам претрпе значителна штета за време на слетувањето на аеродромот во Амстердам. Авионот слета за време на силни ветрови и се спушти најпрвин со десното тркало, па потоа од силниот удар предното тркало беше скршено и по лизгање на пистата од околу 3 километри, авионот безбедно застана на тревникот околу пистата.