Queens of the Stone Age

американска рок-група

Queens of the Stone Age (транскрипција: Квинс оф д стоун ејџ; најчесто името го пишуваат скратено како QOTSA или QotSA) ― американска рок-група основана во 1996 година во Сиетл. Основач на групата бил Џош Хоми (Josh Homme), кој е единствен постојан член на групата. Queens of the Stone Age се познати по нивниот уникатен звук кој е комбинација на елементи од: блуз, краутрок, алтернативен рок, хард-рок и психоделија.

Queens of the Stone Age
Queens of the Stone Age во 2017. Од лево кон десно: Дин Фертита, Џош Хоми, Џон Теодор и Мајкл Шуман. Не е прикажан: Трој ван Левен.
Животописни податоци
Познат(а) и какоGamma Ray (1996)
ПотеклоСиетл, Вашингтон, САД[1]
Жанрови
Период на активност1996 (1996)–денес
Издавачи
Мреж. местоqotsa.com
Членови
  • Џош Хом
  • Трој Ван Левен
  • Мајкл Шуман
  • Дин Фертита
  • Џон Теодор
Поранешни членови
  • Алфредо Ернандез
  • Ник Оливери
  • Марк Ланеган
  • Џин Траутман
  • Дејв Грол
  • Џои Кастиљо
  • Ален Јоханис
  • Наташа Шнајдер

Групата деветпати била номинирана за Греми награди: четирипати за најдобра хард-рок изведба, трипати за најдобар рок-албум и еднаш за најдобра рок-изведба и најдобра рок-песна.[2]

Историја

уреди

Почетоци (1996–1999)

уреди

Групата Queens of the Stone Age била основана по распадот на групата Kyuss, во која Џош Хоми свирел на гитара. По распаѓањето на Kyuss, Хоми кратко време бил турнејски гитарист за Screaming Trees,[3] но набрзо одлучил да основа своја група, Gamma Ray. Во 1996 година, тие издале истоимен мини-албум, Gamma Ray, на кој гостувале: Мет Камерон од Soundgarden и Pearl Jam, Ван Конер од Screaming Trees и перкусионистот Виктор Индрицо.[4]

Gamma Ray го променила името во 1997 година, откако германската метал-група Gamma Ray им се заканила со тужба. Името „Кралици од каменото доба“ потекнува од прекарот што му бил даден на Хоми во Kyuss од нивниот продуцент Крис Гос. Хоми за името рекол: „Кралеви би било премногу мачо. Кралевите од каменото доба носат оклоп и имаат секири и се борат. Кралиците од каменото доба се дружат со девојките на Кралевите од каменото доба кога тие се борат“.[5]

Првиот албум на Queens of the Stone Age, насловен по името на групата, бил издаден во 1998 година. Албумот бил прифатен како свежа мешавина на тешки рифови и мелодии, но се задржал само во андерграунд круговите.

Подем во популарноста и меѓународен успех (2000–2004)

уреди

На вториот албум од групата, Rated R, гостувале многу музичари запознаени со делата на Хоми, а гостувал и фронтменот од Judas Priest, Роб Халфорд, кој придонел во песната „Feel Good Hit of the Summer“.[6]

 
Џош Хоми во август 2003 година

Албумот добил позитивни критики и многу поголемо внимание од нивниот прв албум благодарение на хитовите како „The Lost Art of Keeping a Secret“ и „Feel Good Hit of the Summer“. По успехот на албумот, исто така, групата била предгрупа на концерти од: The Smashing Pumpkins, Foo Fighters, Hole и добила место на Ozzfest во 2000 година.[6]


Дејв Грол, фронтменот од Foo Fighters и поранешен тапанар на Нирвана, се приклучил на групата кон крајот на 2001 година за да тропа на тапани за третиот албум од групата, Songs for the Deaf. Албумот бил објавен во август 2002 година и ги содржел хитовите: „No One Knows“ и „Go with the Flow“.

Турнејата Songs for the Deaf кулминирала со низа концерти во Австралија во јануари 2004 година. По турнејата, Хоми го отпуштил неговиот долгогодишен соработник, Оливери, бидејќи бил убеден дека Оливери физички ја малтретирал неговата девојка.[7] Хоми размислувал да ја распушти групата откако го отпуштил Оливери, но се одлучил да продолжи.[8]

Албумите Lullabies to Paralyze и Era Vulgaris (2005–2007)

уреди

Во 2005 година, групата го издала четвртиот албум, Lullabies to Paralyze.[9] На албумот меѓу другите гостувал и Били Гибонс од ZZ Top. Иако не бил комерцијално успешен како претходниот, албумот бил пофален за неговиот мрачен звук.

 
Џои Кастиљо и Џош Хоми кога групата настапила на Саутсајд фестивалот во Германија, јуни 2007 г.

На Денот на вљубените во 2007 година, на официјалната веб-страница од групата било наведено дека новиот албум ќе биде насловен Era Vulgaris и ќе биде објавен во јуни.[10] Неколку портали објавиле дека на албумот ќе има многу гости-пејачи, вклучувајќи ги: Трент Резнор од Nine Inch Nails, Џулијан Казабланкас од The Strokes, Марк Ланеган, Били Гибонс од ZZ Top, [11] и други.

Креативна пауза (2007-2012)

уреди

На 2 јули 2008 година, Наташа Шнајдер, поранешна клавијатуристка од Queens of the Stone Age, починала од рак на белите дробови на 52-годишна возраст. Групата одржала концерт во чест на Наташа Шнајдер во Лос Анџелес на 16 август 2008 година.[12]

Следните години, Queens of the Stone Age биле на подолга креативна пауза, за време на која Џош Хоми се фокусирал на други проекти, вклучително и Them Crooked Vultures.

Трилогија на Matador Records (2013–денес)

уреди
 
Џош Хоми и Мајкл Шуман настапуваат во 2011 година

По неколкугодишната пауза, групата во јуни 2013 година, го објавила албумот ...Like Clockwork, под Matador Records.[13] На албумот гостувале: Алекс Тарнер од Arctic Monkeys и Џејмс Лавел од UNKLE.

Бендот настапила со Nine Inch Nails, Линдзи Бакингем и Дејв Грол на 56-тото доделување на Греми наградите.[14] Групата била на заедничка турнеја низ Австралија со Nine Inch Nails во 2014 година.[14]

На 25 август 2017 година групата го издала албумот Villains, продуциран од Марк Ронсон. Првиот сингл „The Way You Used to Do" бил објавен следниот ден заедно со најавата за светска турнеја.[15][16] Вториот сингл од овој албум, "The Evil Has Landed" бил објавен на 10 август 2017.[17]

 
Queens of the Stone Age свират на фестивалот Афтершок во 2023 година .

На 16 јуни 2023 година бил објавен албумот In Times New Roman... На 11 мај бил објавен првиот сингл од албумот „Emotion Sickness“,[18] а на 31 мај следел вториот сингл „Carnavoyeur“.[19] На 14 јуни бил издаден третиот и последен сингл „Paper Machete“.[20]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Queens of the Stone Age (1998)
  • Rated R (2000)
  • Songs for the Deaf (2002)
  • Lullabies to Paralyze (2005)
  • Era Vulgaris (2007)
  • ...Like Clockwork (2013)
  • Villains (2017)
  • In Times New Roman... (2023)

Наводи

уреди
  1. Rietmulder, Michael (January 26, 2018). „Queens of the Stone Age returns to its birth city for a ferocious concert at Seattle's KeyArena“. The Seattle Times. Посетено на May 9, 2023.
  2. „Queens of the Stone Age“. Grammy Awards (англиски). November 23, 2020. Посетено на February 3, 2021.
  3. Christopher J. Kelter (1998). „Queens of the Stone Age Review“. Rough Edge.com. Посетено на May 9, 2007.
  4. „Discography entry for Gamma Ray. thefade.net. Посетено на May 9, 2007.
  5. „Music To Strip To: Queens of the Stone Age Are the Only Rock Band That Understands Sex“. Complex (англиски). Посетено на July 22, 2017.
  6. 6,0 6,1 Празен навод (help)
  7. Празен навод (help)
  8. „Josh Homme: 'I considered breaking up Queens after Nick Oliveri left' | News“. Nme.Com. September 2, 2010. Посетено на May 28, 2014.
  9. „Queens of the Stone Age Interview“. Vertigo. Архивирано од изворникот на July 21, 2011. Посетено на May 9, 2007.
  10. „I was at the Sizzler today“. Queens of the Stone Age official website. February 14, 2007. Посетено на May 9, 2007.
  11. Празен навод (help)
  12. Appleford, Steve (2010-10-08). „Alain Johannes adjusts to the dawn“. Los Angeles Times (англиски). Посетено на 2024-10-14.
  13. Firecloud, Johnny (March 22, 2013). „Queens of the Stone Age Tease New Album '...Like Clockwork'. Antiquiet.
  14. 14,0 14,1 „Trent Reznor says Grammys were "an utter waste of time". 2014-03-05. Архивирано од изворникот на March 5, 2014. Посетено на 2021-09-02.
  15. Blais-Billie, Braudie (June 14, 2017). „Queens of the Stone Age Announce New Album Villains, Preview New Song: Watch“. Pitchfork. Посетено на June 14, 2017.
  16. Празен навод (help)
  17. „Listen To New QUEENS OF THE STONE AGE Song 'The Evil Has Landed'. Blabbermouth. Посетено на August 10, 2017.
  18. Anderson, Carys (May 11, 2023). „Queens of the Stone Age Announce New Album In Times New Roman…, Share "Emotion Sickness": Stream“. Consequence. Посетено на May 11, 2023.
  19. Cohen, Jonathan (May 31, 2023). „Queens of the Stone Age Release Shimmering New Single, "Carnavoyeur". Spin. Посетено на May 31, 2023.
  20. Bloom, Madison (June 14, 2023). „Queens of the Stone Age Share New Song "Paper Machete": Listen“. Pitchfork (англиски). Посетено на June 23, 2023.

Надворешни врски

уреди